[Aggregator] Downloaded image for imported item #46156

Учество на акцијата “Поздрав на Пролетта – Светот на извидниците во еден ден“

На 21.03.2026 год. членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес учествуваа на традиционалната акција организирана од страна ИПО Јадран “Поздрав на Пролетта – Светот на извидниците во еден ден“ која се одржа во извидничкиот дом на ИПО “Јадран“ – Скопје, во Катлановска Брезица.

На оваа акција учество земаа повеќе од 100 извидници од Скопје , Свети Николе и Велес. Акцијата беше од забавен карактер, каде што нашите членови стекаа нови знаења, искуства и создадоа нови другарства. Преку учество на овој настан, извидниците имаа можност:
• да се запознаат со култури од различни земји
• да научат повеќе за историјата и традицијата на извидничкото движење
• да развијат тимска работа и соработка
• да стекнат нови пријателства со извидници од други одреди

Од извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес земаа учество Катерина Гушева, Љупче Неделковски, Вања Андова и Стефан Несторовски , а одговорен за нив беше нашиот началник Иван Гушев.

Концепт на овој настано беше така осмислен така што учесниците беа поделени во мешани патроли и ротираат низ неколку тематски контролни точки кои се наменети да ги збижат со
културите на извидниците надвор од Македонија.
Активностите вклучуваат:
• запознавање со различни држави и култури
• игри и предизвици инспирирани од извидниците низ светот
• интерактивно запознавање со историјата на извидништвото
• практични извиднички вештини и живот во камп
• презентација на меѓународното извидничко движење и идни можности за
учество на смотри

The post Учество на акцијата “Поздрав на Пролетта – Светот на извидниците во еден ден“ appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

  • АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители

    Оваа публикација/водич е изработена во рамките на проектот „Асистивна технологија – алатказа социјална инклузија“, кој го реализира Здружението за асистивна технологија „Отворетеги прозорците“ со поддршка на Европската Унија преку проектот CORDIAL – Создавањерегионални можности за активности и законодавство за инклузија на лицата со попреченост. Содржината на оваа публикација/водич е единствена одговорност на Здружението за асистивнатехнологија …
    АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители Read More »
    The post АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители appeared first on Open The Windows.

  • Регионален форум: Зелената агенда како можност за локален економски развој

    Како националните зелени политики да се преточат во конкретни локални мерки, инвестиции и подобри услуги за граѓаните? Ова прашање ќе биде во фокусот на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, што Центарот за климатски промени го организира на 30 октомври 2026 година, во хотелот „Холидеј

  • Регионален извештај 2026: застој на реформите и намалени средства за граѓанските организации

    Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) успешно ја одржа онлајн промоцијата на Регионалниот извештај за 2026 година за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество во Западниот Балкан и Турција. Настанот обедини истражувачи, експерти за политики, претставници на граѓанскиот сектор и партнери од Европската Унија.

  • Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси

    Како една мала држава да остане стабилна во свет полн со војни, хибридни закани и нестабилни синџири на снабдување? Одговорот што се наметна на панел-дискусијата „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“ е поврзаноста со Европската Унија. Тоа не значи само патишта и пруги, туку и енергија, дигитална безбедност, силни […]
    The post Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси appeared first on IDSCS.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор