Author: Здружение Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

  • Извидниците од Велес работеа на молеро-фарбарски зафати за санирање на сместувачките капацитети во ИЦО – Охрид

    Во периодот од 4 до 9 ноември 2026 год. (среда-понеделник) велешките извидници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Благој Јорданов и Валентин Јанкуловски работеа на молерофарбарски зафати во извидничкиот центар Охрид. Избелени и офарбани се конференциската сала, сите бунгалови и направени се внатрешни корекции во сите апартмани. Демонтирани се…

  • Извидниците во чест на ослободувањето на Велес!

    Денес на  9 Ноември, денот кога го одбележуваме Денот на Општина Велес – ден посветен на богатата историја, традицијата, културата и гордоста на нашиот град делегација на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес во состав Симона Љуткова, Марија Стефановска и Љупче Неделковски положија свежо цвеќе на спомен костурницата во Велес….

  • Трето продолжение на обуката на тренери за управување со животната средина

    На 29.10.2026 год. (четврток) во Велес извидниците од велешкиот одред кои што учествуваа на тренингот за тренери организираа трет настан на кој што присуствуваше Анастасија Давчева ИО“Димитар Влахов”- Велес. Исто така овој настан беше организиран заедно во соработка на ОБСЕ и учениците од СОУ “Јовче Тесличков“ во Велес  оддржаа презентација…

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Продолжение на обуката на тренерите за управување со животната средина

    На 17.10.2026 год. (сабота) на Шар планина беше организиран вториот дел од тренингот за тренери. На овој настан присуствуваше Анастасија Давчева ИО“Димитар Влахов”-Велес. Исто така овој настан беше организиран заедно во соработка на ОБСЕ.Во текот на работилниците беа спроведени забавни но и корисни активности. Учесниците беа поделени во неколку тимови…

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • 11 ОКТОМВРИ – 85 години од народното востание

    На 11.10.2026 год. (недела) делегација на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес во состав Симона Љуткова, Анастасија Давчева и Љупче Неделковски положија свежо цвеќе на Спомен костурницата во Велес, по повод одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание и големиот јубилеј – 85 години од почетокот на вооружениот…

  • Tренинг за тренери за управување со животната средина

    Во периодот од 2.10 до 4.10.2026 година во Маврово,беше организиран тренинг за тренери на тема управување со животната средина. Во оваа организација беа вклучени членови од повеќе извиднички одреди: ИО “Феникс”-Прилеп,ИО “Мирко Милески”-Кичево,ИО “Пелистер”-Битола,ИО “Еквинос”-Штип,ИО “Методи Митевски”-Брицо”,ИПО “Крсте Јон“-Струга,исто така учествуваа и двајца наши членови: Анастасија Давчева и Стефан Несторовски…

  • Отворен ден со извидниците во Велес

    Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес остварувајќи ја својата програма за работа за  2026/2027 год., на  3.10.2026 год. (сабота) во Младинскиот парк, организираше “Отворен ден со извидниците“. На овој отворен ден учество земаа две патроли од нашиот одред и на велешката јавност дополнително им преставија дел од активностите кои ги…

  • Извештајот за XXVI Вардарската регата “Гемиџии 2026“ едногласно усвоен од Советот на Општина Велес

    На 16-та седница на Советот на Општина Велес која се одржа на 2.10.2026 год. (петок) во просториите на Општина Велес во рамките на дневниот ред на седницата беше разгледан и наративниот и финасискиот извештај за реализација на XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“ реализирана од извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес. Извештајот…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор