[Aggregator] Downloaded image for imported item #46140

Јавен надзор над јавните набавки: неправилности и отстапувања во три големи јавни набавки

Денес, 19 март 2026 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.1). Издвојуваме дел од клучните наоди:

1. Тендер за корисниците на народни кујни во Скопје: За 1,5 милиони евра, храната се дели на улица и не секогаш според договореното

  • Договорот за јавна набавка на готови оброци за корисниците на народни кујни во вредност од 1,5 милион евра не се спроведува во согласност со условите утврдени во тендерската документација и понудата, што е спротивно на Законот за јавни набавки.
  • Тендерската документација на Министерство за социјална политика, демографија и млади упатува на постоење простории кои служат како народни кујни, но во пракса, на 7 од 9-те наведени локации, храната се дели директно на улица.
  • Податоците во тендерската документација претставувале основа за формирање на цената по оброк, при што наведените услови имаат директно влијание врз реалноста и оправданоста на договорената цена.
  • Оброците кои државата ги плаќа по 239 денари се значително повисоки од малопродажните цени на производите од кои се составени тие.
  • Реализацијата на договорот за јавна набавка отстапува од условите утврдени во склучениот договор и во однос на менијата. Во одредени денови недостигаа супа, овошје и сирење, а во поединечни случаи, испорачаните количини не беа според договорот.
  • Наместо нaведените 2 часа, за дистрибуција и сервисирање на храната на секоја поединечна локација, комбињата се задржуваат од 15 до 30 минути.

2. Тендер без крај: Реконструкцијата на поранешниот објект на Комерцијална банка со 51 анекс-договор и со вредност зголемена за 32 %

  • Реконструкцијата, првично планирана да трае 18 месеци и да чини 6,6 милиони евра, сè уште не е завршена по речиси три години од склучувањето на договорот.
  • Во текот на реконструкцијата, Службата за општи и заеднички работи и градежната компанија склучиле вкупно 51 анекс на основниот договор, од кои 10 во еден ден.
  • Вредноста на основниот договор со анексите е зголемена за 2,1 милион евра, односно за 32 % во однос на првично договорената сума, што е спротивно на Законот за јавните набавки, којшто овозможува зголемување од максимум 20 %.
  • Во склучените анекси се евидентирани непредвидените работи во текот на градбата и појавените вишоци. Вредноста на основниот договор не е намалувана за кусоците, кои биле евидентирани, но не и пребивани со вишоците.
  • Во меѓувреме, од СОЗР се бара да пронајде правна основа за пренамена на евидентираните кусоци од 1,1 милион евра и да ѝ се овозможи на градежната компанија да ги користи за реализација на новопредвидените позиции од новите технички решенија и новиот проект за ПП заштита во зградата. Законот за јавните набавки не овозможува пренамена на кусоците и нивно користење во новопредвидени позиции.

3. Тендер за експерти за коридорите 8 и 10-д: ЈП за државни патишта ќе плаќа за 13 експерти исто колку за 92 вработени

  • Трошоците за изградба на автопатските делници на коридорите VIII и X-d продолжуваат да растат – покрај договорите за изградба и за надзор, во ноември 2025 година е склучен и договор за техничка експертска помош за вработените во ЈП за државни патишта во вредност од 3,8 милиони евра.
  • Тендерот за експертска помош е спроведен врз основа на стара проектна програма, изготвена пред почетокот на градежните активности на коридорите и откако веќе биле потрошени 381 милион евра.
  • Договорот следува две години по формирањето на посебната проектна единици за изградба на автопатските делници и откако бројот на вработени во претпријатието се зголемил за 42 % (од 352 на 501).
  • Хонорарите на ангажираниот македонско-српски експертски тим се движат меѓу 13.000 и 23.000 евра месечно, по експерт. Сепак, најголем дел од експертите ќе бидат ангажирани по 50 % од нивното време, а дел и помалку.
  • За 4 години ангажман, тим-лидерот ќе наплати 550.000 евра. Осуммина експерти ќе чинат меѓу 272.000 и 500.000 евра, секој од нив поединечно, додека четворица се со договори со пониска вредност – меѓу 38.000 и 156.000 евра.
  • Во тимот на експерти е и лице од проектната единица за имплементација на проекти на Светска банка формирана во Министерство за транспорт. Нејзиниот месечен надоместок во Министерството, според податоците на Отворени финансии, изнесува 1.600 евра бруто (99.000 денари) месечно, а како експерт, „Државни патишта“ ќе ја плаќаат 10 пати повеќе, односно 15.600 евра месечно.
  • Иако проценетата вредност не била јавно објавена, понудата на единствениот понудувач е речиси идентична со интерната проценка од 236 милиони денари. Државни патишта не доставија прецизна пресметка како е утврдена вредноста на овој тендер.

Истражувањето е спроведено во рамките на проектот „Јавен надзор над јавните набавки“, со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. До целото истражување може да пристапите преку следниот линк. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за граѓански комуникации ЦГК

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор