Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Повик за надворешен експерт

    ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА НАДВОРЕШЕН ЕКСПЕРТ/КА за изработка на Policy Paper (Документ за политики) за поддршка на имплементацијата на Националната програма за превенција на употреба на дроги во средните училишта. За потребите на проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во училиштата“, поддржан од Европскиот инструмент за демократија и човекови права […]
    The post Повик за надворешен експерт appeared first on ХОПС.

  • Реакција: Бришење на член 96 од Законот за полиција е директен удар врз принципите на еднаквост и правична застапеност

    Платформата за родова еднаквост остро реагира на предлог-измените на Законот за полиција, кои се веќе доставени до Собранието на   Република Северна Македонија, а со кои се предлага бришење на членот 96 од важечкиот закон  член што јасно ја утврдува обврската за   почитување на принципот на еднаквост  при вработувањето во полицијата.
    Член 96 од постојниот Закон за полиција:(1) При вработувањето во Полицијата треба да бидат соодветно и правично застапени граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, со почитување на критериумите на стручност и компетентност.(2) При вработувањето во Полицијата да се почитува принципот на еднаквост на половите.
    Со ваквата измена се укинува единствениот член кој експлицитно упатува на еднаквост и инклузивност во полициската структура,  што не само што е спротивно на националното законодавство и на обврските преземени со Истанбулската Конвенција и други меѓународни конвенции, туку испраќа и опасна порака дека родовата еднаквост и инклузивноста се ирелевантни во изградбата на безбедносните институции.
    Овој предлог доаѓа во контекст на сериозна јавна загриженост поради бројни случаи на несоодветно постапување и неефикасна заштита од страна на полицијата, особено во случаи на родово базирано и семејно насилство. Наместо унапредување на стандардите и одговорноста, се предлага институционално назадување.
    Укинувањето на вакви клучни одредби значи легитимирање на нееднаквоста и дискриминацијата, но и сериозно го загрозува кредибилитетот на полицијата како сервис за сите граѓани. Жените кои и онака се недоволно застапени во безбедносниот систем,  ќе станат уште поневидливи во институција што има клучна улога во заштитата од насилство и гарантирањето на јавната безбедност.
    Бараме итно повлекување на измената со која се укинува членот 96 и јасна заложба од институциите дека правото на еднаквост и родова застапеност останува неповредливо загарантирано и задолжително во секој дел од системот, особено во полицијата.

  • Безбедноста е обврска на сите, не само на институциите

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против терориза (НКСНЕБТ) на 16 јули 2025 година ја организираа работилницата „Радикализација – препознавање и методологија на работа“. На настанот учествуваа дел од членовите на Националниот комитет како и претставници на клучните безбедносни институции: Министерството за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност, Агенцијата за национална безбедност, Агенција за разузнавање и Министерството за одбрана.

    Во своите воведни обраќања, националниот координатор  Павле Трајанов и директорот на МЦМС, Александар Кржаловски се осврнаа на соработката меѓу граѓанскиот сектор и институциите во областа на спречување на насилен екстремизам и радикализација, посочувајќи дека со текот на времето е воспоставена координација и комуникација што овозможува граѓанскиот сектор да има конструктивна улога во поддршката на чувствителни безбедносни процеси. Трајанов, го нагласи значењето на координираното дејствување и меѓусекторската поврзаност, подвлекувајќи дека безбедноста не е исклучиво надлежност на државните органи, туку е и поширока општествена одговорност во која граѓанското општество и меѓународните партнери имаат суштинска улога.

    Содржината на работилницата беше структурирана низ интерактивни излагања и дискусии предводени од проф. д-р Тања Милошевска, од Филозофскиот факултет, Институт за безбедност, одбрана и мир при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, и полковникот Методи Хаџи-Јанев, вонреден професор и д-р по меѓународно право на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” која е дел од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во своето излагање, Милошевска се фокусираше на теоретската рамка на радикализмот, објаснувајќи ги разликите меѓу радикализам, насилен екстремизам и тероризам – три поими кои често се користат како замена еден на друг, но опишуваат суштински различни феномени. Беа обработени и различните форми на радикализација – од религиозен, етнички и политички радикализам, до се понагласената онлајн радикализација преку дигитални канали и социјални мрежи. Дискусиите го опфатија и процесот на радикализирање, фазите низ кои тој се развива, како и индикаторите за рано препознавање.
    Во вториот дел од работилницата, професорот Методи Хаџи-Јанев се осврна на практичните аспекти на интервенција, со акцент на улогата на полицијата и другите институции во спречување на радикализацијата. Неговото излагање ја нагласи важноста на довербата помеѓу институциите и заедницата, потребата од пристапи за де-ескалација и меѓуинституционална соработка. Преку практични примери и сценарија, се разработуваа пристапи во справување со лица кои покажуваат знаци на радикализација, како и улогата на различни институции – од образовните, социјалните и верските институции до безбедносните служби – во мултисекторска соработка.

    Учесниците истакнаа дека содржината била интересна за сите и дека со вакви работилници треба да бидат опфатени повеќе припадници на безбедносните служби, особено на Министерството за внатрешни работи. Дел од нив изразија интерес и за други аспекти во справувањето со овие предизвици поврзани со финансирањето, хибридните закани, како и за подлабински погледи на потеклото на радикализацијата. Вакви интензивни и стратешки насочени работилници придонесуваат за  зајакнување на капацитетите на безбедносните институции за рано препознавање и координиран одговор  на ризиците поврзани со радикализацијата и насилниот екстремизам, отворајќи простор за подлабоко институционално вмрежување и соработка со граѓанското општество во интерес на мирот и стабилноста во земјата.

    Следно >

    Поврзани:

  • Преглед на активностите на Мрежата за заштита од дискриминациа во 2025 година

    Во месец јануари останавме затекнати од бришење на основите за дискриминација од Законотза основното образование. Нашите информирања дека се постапува спротивно на ратификувани меѓународни акти и постоечки закони, останаа неслушнати.
    Во месец февруари, заедно со Платформата за родова еднаквост остро реагиравме на предложените измени во Законот за полиција, со кои стана речиси невозможно да се одземе службено оружје од полициски службеник кој се сомничи за сторено семејно насилство.
    Позитивно сме изненадени од брзата реакција на Министерството за внатрешни работи и итнотоповлекување на ваквиот предлог.
    Април беше особено тежок месец во кој ја штитевме недискриминацијата од Собранието:Се соочивме со сериозно непочитување и повреда на Законот за спречување и заштита од дискриминација преку назначување на лице кое не само што не ги исполнува условите, туку него разбира ниту значењето на концептот на недискриминација, за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
    Законот за средно образование наместо да добие одредби со кои се штитат учениците,родителите и вработените од дејствија на дискриминација кои може да доведат до исклучување, булинг и сериозни психички нарушувања, доби уште поголемо уназадување преку бришење на повикувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација како заштитен механизам.
    Истото се случи и со Законот за учебниците во основното и средното образование.
    Владата го именуваше Петар Богојевски прославен по своите изјави со вознемирувачки говор,навреди и говор на омраза, како директор на Националната агенција за европски образовнипрограми и мобилност (Еразмус +).
    Среќни сме што можеме да забележиме дека, по реакции од Мрежата во јавноста и до меѓународната заедница, во месец јуни 2025 година, г-н Богојески изјави дека заминува од Агенцијата.
    Во месец јули реагиравме на предлог- законот за верски училишта, кој го сметаме за противуставен, правно неусогласен и опасен обид за поткопување на секуларниот карактер надржавата и за институционализација на верското образование во системот на формално образование.
    Истиот месец, соочени со изјавата на Премиерот дека размислуваат за воведување на данок за немажени и неженети, бевме принудени да ја повикаме Владата, како орган којшто е овластен предлагач на закони и политики, да се воздржи од иницијативи кои поттикнуваат дискриминација,  а институциите да застанат во одбрана на правата на сите граѓани, без разлика на нивниот брачен статус.
    Како резултат на реакциите, Премиерот беше приморан да се извини за промовирање на идеи коишто поттикнуваат дискриминација.

  • Известување за работно време и промена на телефонски број

    Ве информираме дека работното време за комуникација и прием на странки во канцеларијата на Гласен текстилец е од 11:00 до 17:00 часот, секој работен ден од понеделник до петок.

    Покрај тоа, постојано можете да ги користите нашите онлајн услуги.

    ​Напомена: Променет е телефонскиот број на 075 316 107.

    Ве благодариме на соработката!

    Гласен текстилец

    www.glasentekstilec.mk

  • Мониторинг на заштита од дискриминација на жени од маргинализирани заедници – инфографик за период од 1 јануари до 31 март, 2025

    Хелсиншкиот комитет за човекови права спроведува мониторинг на постапувањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) при заштитата од дискриминација на жените од маргинализирани заедници.

    Овој мониторинг е во рамките на проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, финансиран од Цивика мобилитас, кој го имплементира во партнертство со ХОПС- Опции за здрав живот и Коалиција Маргини.

    Инфографикот го опфаќа периодот од од 1 јануари до 31 март, 2025 година.

  • 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение. Услугите за превенција од насилство и ментално здравје бесплатни за младите и семејствата во општина Центар – Молкот не е одговор, сподели и побарај поддршка кога ти е потребно!

      Асоцијација за здравствена едукација и истражување- ХЕРА, ги информира граѓаните од Општина Центар и основните учлиштата дека услугите поврзани со психосоцијална поддршка, превенција од […]

  • Отворен повик за учество на ЕУ Академија за човекови права

    Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје објавува повик за млади кои сакаат да се стекнат со знаења, вештини и искуство поврзано со човековите права и евроинтегративниот процес. Доколку веруваш дека младите треба да имаат глас и улога во создавањето на подобро, поправедно општество – оваа академија е наменета токму за тебе. 

    Што претставува ЕУ Академијата? 
    Академијата е неформална, тридневна обука која им овозможува на младите учесници критички да размислуваат за човековите права, антидискриминацијата, говорот на омраза, злосторствата од омраза и булингот, како и за улогата на Европската Унија во овие процеси. Преку практична симулациска вежба, учесниците ќе имаат можност да се најдат во улога на различни чинители – институции на ЕУ, државни институции, граѓански организации и медиуми – и да преговараат за пристапувањето на земјата во ЕУ низ призмата на човековите права и владеењето на правото. 

    Обуката ги комбинира предавањата од експерти, симулациските вежби и структурирани дискусии, со цел учесниците да развијат вештини за застапување, соработка, дипломатија и решавање конфликти. 

    Детали за програмата 

    Датуми: 11 – 14 август 2025 

    Локација: Хотел Метропол, Охрид 

    Сместување: двокреветни соби 

    Работен јазик: македонски 

    сите сесии се задолжителни 

     
    Кој може да аплицира? 
    Ги охрабруваме да се пријават млади лица на возраст од 18 до 26 години од цела Северна Македонија кои: 

    имаат интерес за човекови права и европска интеграција, 

    сакаат да развијат аналитички и лидерски вештини, 

    се подготвени да се вклучат во тимска работа, дебати и симулациски вежби, 

    се отворени за нови искуства и соработка со други млади активисти. 

     
    Што е покриено? 
    Хелсиншкиот комитет целосно ги покрива трошоците за пат, сместување, оброци и работни материјали. Превозот до и од Охрид е организиран од страна на организаторот. Учеството е целосно бесплатно. 
     
    Како да се пријавиш? 
    Пополнете го формуларот за апликација најдоцна до 3 август 2025 година на следниот линк.Избраните учесници ќе бидат контактирани на 4 август 2025 година. 
     
    Имаш прашања? 
    Пиши ни на helkom@mhc.org.mk 
     
    ЕУ Академијата за човекови права се организира во рамки на проектот „Фундаменталните човекови права на прво место – активен придонес за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје. 
     

  • Зајакнување на улогата на жените во контролата на мало и лесно оружје и спречувањето на родовото насилство во Западен Балкан – регионална работилница

    Препознавајќи ја клучната улога на женските организации во застапувањето за одржување на мирот, разоружувањето и борбата против родовото и семејното насилство, SEESAC* собра претставници од 18 женски организации од Западен Балкан на работилница за род и мало и лесно оружје, одржана во Тирана на 1-2 јули 2025 година. Весна Шапкоски, извршна директорка на СТАНИЦА ПЕТ…

  • Хелсиншкиот комитет бара истрага за полициските службеници што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

    Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во нелегален градежен објект. Особено загрижувачки е фактот што нападот се случил пред очите на полициски службеници, кои, според изјавата на градоначалничката, не презеле соодветни мерки за нејзина заштита, и покрај сериозните закани по нејзиниот живот и безбедноста на нејзиното семејство.
    Според сведочењето на Арсовска, напаѓачот ѝ се заканувал со силување и убиство на нејзините блиски, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со клоци. Наместо итна интервенција и заштита, полицајците кои биле присутни на лице место, наводно, не реагирале соодветно, дозволувајќи толпата да продолжи со навреди, физички напади и закани.
    Овој напад е уште еден алармантен пример за ризиците со кои се соочуваат жените во јавниот живот – насилство, навреди, закани, клевети и институционална незаинтересираност.
    Министерството за внатрешни работи соопшти дека се приведени двајца напаѓачи. Но нема информации за мерки против полициските службеници кои биле присутни на местото на настанот.
    Оттука, Хелсиншкиот комитет за човекови права бара:

    Итна и независна истрага за случајот,
    Одговорност за полициските службеници кои не постапиле соодветно на местото на настанот,
    Кривично пријави против сторителите и соодветна постапка против нив,
    Обезбедување ефективна и итна заштита за градоначалничката и другите службени лица кои биле нападнати.
    Осуда на нападот од страна на сите политички и општествени чинители.

    Одделот за внатрешна контрола,криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР итно да го разгледа (не)постапувањето на полициските службеници и да преземе соодветни дејствија и мерки против нив.
    Дополнително, ги повикуваме сите надлежни институции во овој случај да дејствуваат итно и одговорно.
    Непостапувањето на институциите во случаи на очигледно насилство не само што ја охрабрува културата на неказнивост, туку директно го загрозува владеењето на правото и демократијата.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор