Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Жените и младите прават промени со поддршка од Цивика мобилитас

    Во текот на 2025, Цивика мобилитас ја продолжува својата мисија за јакнење на граѓанското општество преку поддршка на иницијативи што носат вистински промени на локално и на национално ниво. Во фокусот на последните три приказни се жените и младите како двигатели на општествени трансформации во нивните заедници. Приказните објавени во април, мај и јуни, ги истакнуваат нивните заложби и резултатите постигнати со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

    Приказната во април ја посветивме на жените од руралните средини во Североисточниот регион. Во кривопаланечкото село Мождивњак, жените веќе не се тивки набљудувачи, туку активни учеснички во локалниот развој. Преку проектот „Активни жени“, спроведен од Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово и партнери, околу 220 жени од Куманово, Крива Паланка и Кратово се мобилизирани и обучени за застапување и учество во процесите на носење одлуки. За првпат, жителките од рурални средини дознаа за своите права, за механизмите за барање информации од јавен карактер, и поднесоа први иницијативи – како што се: барање за детско игралиште и подобрување на водоводната мрежа. Нивната сплотеност и информираност создаваат нова енергија за локални промени, покажувајќи дека и жените од најоддалечените села можат да бидат клучни актери во развојот.
    Прочитај ја целата приказна „Жените од руралните средини охрабрени и организирани за промени во локалните заедници“

    Приказната во мај ја посветивме на достапните услуги за поддршка на жените и ранливите групи во Пелагонија. Во Прилеп, Битола и Долнени, проектот „Нејзин глас – нејзина моќ“ ја отвори вратата кон правна и психосоцијална поддршка за маргинализираните жени и девојки. Во заедниците каде семејното насилство и дискриминацијата  долго време биле премолчувани, сега постојат достапни, бесплатни и доверливи услуги. Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп, заедно со Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ и Мултиетничкото здружение за сите возрасти од Црнилиште преку проектот поддржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас иницира пополнување на тие празнини. „Сега знам дека имам право на заштита и достоинствен живот“, вели жена од Долнени, чиј случај на семејно насилство доби институционална постапка благодарение на проектот. Покрај жените, проектот им даде поддршка и на самохрани татковци и ранливи категории граѓани, што го прави активностите  модел за инклузивност и еднаквост.
    Прочитај ја целата приказна „Достапните и доверливи услуги создаваат силна основа за промени во Пелагонија“

    Јунската приказна е за младинската моќ против климатските закани во југозападниот регион. Климатските промени добија младински одговор преку проектот „Да учиме за климатските промени“, спровеуван од Извидничко поречанскиот одред „Крсте Јон“ – Струга, здружението Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар и Регионалниот зелен центар – Охрид. Преку обуки, младински камп и настани како панел-дискусијата на бродот „Галеб“ на Денот на Охридското Езеро, младите станаа активни носители на климатска свест и еко-решенија. Ученици осмислија иницијативи за рециклирање, соларни иновации и заштита на природните ресурси во нивните општини. Она што започна како обука за пишување проект, прерасна во платформа или мрежа за заедничка иднина која ги руши бариерите, генерациски, национални и институционални.
    Прочитај ја целата приказна „Младинска моќ против климатските закани во Охрид, Струга и Дебар“

    < Пред   Следно >

    Поврзани:

  • Учество во снимањето на емисијата “Царот на реките – Вардар“

    На 7.7.2025 год.(понеделник), старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес во соработка со ОХО продукцијата зема учество во снимањето на емисијата наменета за реката Вардар, насловена како “Царот на реките – Вардар“. Ве емисијата учество земаа познатите водители Ана и Лазар кои се познати од предходните, возбудливи авантури низ…

  • Градење отпорни заедници – работилница во Тетово

    На 19 јуни 2025 година, МЦМС и организацијата Плиадес, во соработка со општината Тетово ја организираа работилницата на тема „Активни локални совети – отпорни заедници“ на која учествуваа членовите на Советот за малолетничка деликвенција и Советот за социјална заштита. Целта на работилницата беше да се поттикне продлабочено разбирање за улогата и значењето на локалните механизми за превенција во контекст на зајакнување на отпорноста на заедницата.

    Во своето воведно обраќање, градоначалникот Билал Касами ја нагласи стратешката важност на функционалните локални механизми за превенција, потенцирајќи ја потребата од интегриран пристап во справувањето со социјалните предизвици, кој ќе се базира на координација и активна вклученост на сите засегнати страни. Тој подвлече дека советите не треба да се третираат како формални тела, туку како реални механизми за навремена интервенција во заедницата.
    За Советот за малолетничка деликвенција зборуваше неговата претседателка, Блерта Ахмеди. Таа истакна дека во двегодишното функционирање  спровеле систематски предавања и работилници во училиштата, особено со средношколците, насочени кон подигнување на свеста за ризични фактори како што се наркоманијата, криминогеното однесување и влијанието на социјалните мрежи. Инаку, Советот е составен од професионалци, претставници од Центарот за социјални работи (ЦСР), Министерството за внатрешни работи (МВР), Основното јавно обвинителство и Судот, како и претставници на родителите и учениците.

    Халиме Рустеми, претседателката на Советот за социјална заштита, рече дека од неговото формирање во 2022 година, Советот активно работи на препознавање на клучните социјални предизвици и нивно вградување во Социјалната стратегија на општината за периодот 2024–2027. Таа истакна дека Советот вклучува 15 члена од релевантни институции како што се здравствените установи, организациите што нудат услуги за лица со попреченост, жртви на семејно насилство и стари лица, претставници на ЦСР и МВР.
    Учесниците ги идентификуваа најизразените локални ризици – од насилството и булингот во училишната средина, преку економските тешкотии и сиромаштијата и зависностите, до проблемите со паркирањето, семејното насилство, социјалната изолираност и ограничениот пристап до поддршка. Беше нагласено дека дел од овие предизвици бараат проширување на тематскиот опфат и вклучување на дополнителни институции и чинители во процесите на локална координација.

    Дискусиите за време на работилницата отворија простор за преиспитување на постоечките структури и размислување за воспоставување на интегриран локален механизам за превенција кој, без да ја наруши работата на постоечките совети, би овозможил сеопфатен, координиран и одржлив пристап кон управување со ризиците во заедницата. На овој начин, би се зајакнале механизмите за локална отпорност, засновани на принципи на рана интервенција, хоризонтална соработка и активно граѓанско учество.
    Работилницата придонесе за препознавање на потенцијалот за проширување на опфатот на превентивното дејствување, преку воспоставување на покоординиран и повеќечинителски пристап кој ќе ги опфати пошироките локални ризици.
    Работилницата е дел од програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ што ја поддржува Глобалниот фонд за ангажман и отпорност на заедниците (ГЦЕРФ).

    Следно >

    Поврзани:

  • Зелениот лидер – нов профил за одржлива иднина на МСП

    Date:
    07/07/2025

    Во време кога одржливоста станува клучен елемент на секоја успешна деловна стратегија, мали и средни претпријатија (МСП) низ Европа се соочуваат со потреба од нов тип на лидерство – зелено лидерство. Токму на оваа тема се фокусира документот „Профил и компетенции на зелениот лидер“, подготвен во рамки на проектот GreenLead, ко-финансиран од Европската Унија преку […]

    Во време кога одржливоста станува клучен елемент на секоја успешна деловна стратегија, мали и средни претпријатија (МСП) низ Европа се соочуваат со потреба од нов тип на лидерство – зелено лидерство. Токму на оваа тема се фокусира документот „Профил и компетенции на зелениот лидер“, подготвен во рамки на проектот GreenLead, ко-финансиран од Европската Унија преку програмата Erasmus+, и спроведен од организации од Шпанија, Словенија, Грција и Македонија.
    📗 Документот нуди систематски преглед на улогата, вештините и одговорностите на зелениот лидер – вработен кој, без оглед на својата позиција, иницира и води процеси на одржливост во рамките на компанијата. Зелените лидери не мора да бидат експерти, туку лица со мотивација, визија и вештини за воведување на промени.
    🔍 Клучни теми кои ги покрива документот:

    Што претставува зелено лидерство и зошто е важно за МСП;
    Вештини, знаења и ставови кои се клучни за еден зелен лидер;
    Улогата на „зелениот оддел“ како интерна структура за поддршка на одржливоста;
    Европски и национални практики, трендови и потреби во развојот на зелени профили;
    Предлог-рамка за обука на зелени лидери и програми за професионален развој.

    👤 Зелениот лидер делува како промотор на циркуларна економија, обновлива енергија, усогласеност со регулативите и активна комуникација со заедницата. Преку внатрешна мотивација и вклучување на колегите, тој/таа претвора одржливоста во дел од организациската култура.
    📥 Документот претставува вреден ресурс за сите компании, институции и професионалци кои сакаат да ја интегрираат одржливоста како стратешка цел во своето работење.

    OTHER Publications for adults

    Во време кога климатските промени и еколошката одржливост се поважни од кога било, малите и средни претпријатија (МСП) се наоѓаат на првата линија на трансформацијата. Новиот извештај „Анализа на зелената транзиција кај европските МСП“ дава сеопфатен преглед на предизвиците и можностите со кои се соочуваат бизнисите на нивниот пат кон одржливо и иновативно работење. Документот […]
    Read more

    Горди сме да го споделиме првиот билтен на проектот GreenLead, кој содржи информации за првите активности спроведени од шесте партнери од Шпанија, Словенија, Грција и Македонија. Меѓу активностите се вклучени: партнерскиот состанок во Теруел (Шпанија), спроведеното истражување и изготвениот извештај за состојбата на зелената транзиција на малите и средни претпријатија во четирите земји​. Проектот е […]
    Read more

    Во свет каде што одржливоста станува сè поважна, Eco Logic со гордост е дел од проектот „Тренери за одржливост“ – кофинансиран од програмата Еразмус+. Во партнерство со организации од Германија (WNB e.V.), Италија (CSCI Novara) и Кипар (Synthesis), работиме на развој на иновативни образовни материјали и алатки кои ќе ги поттикнат идните генерации да станат […]
    Read more

    Програмата за обука е прилагодена за општинските вработени ширум Европа. Тој е дизајниран да ги опреми поединците од различни сектори во општините со знаења и вештини потребни за ефективно да се поттикнат иницијативите за одржливост и зелена транзиција. Преку модулите, учесниците ќе ги истражуваат клучните концепти и практични стратегии за спроведување на одржливи практики во […]
    Read more

    The GREEEN project is more than just an initiative—it’s a movement that equips young minds with the tools to create lasting environmental change. Coordinated by Eco Logic and supported by partner organizations across Europe, this project is actively shaping the next generation of eco-entrepreneurs, educators, and sustainability advocates. Building Capacity for a Greener Future At […]
    Read more

    По повеќе од две години посветена соработка, проектот InterGreen успешно се завршува, оставајќи значајно влијание врз општините во шест европски земји: Франција, Италија, Португалија, Грција, Кипар и Македонија. Овој проект, ко-финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+, имаше за цел да ги зајакне зелените вештини и да овозможи поодржливи локални заедници. Главни резултати: Интерактивна едукативна […]
    Read more

  • Зелената транзиција на МСП низ Европа – извештај подготвен во рамки на GreenLead проектот

    Date:
    07/07/2025

    Во време кога климатските промени и еколошката одржливост се поважни од кога било, малите и средни претпријатија (МСП) се наоѓаат на првата линија на трансформацијата. Новиот извештај „Анализа на зелената транзиција кај европските МСП“ дава сеопфатен преглед на предизвиците и можностите со кои се соочуваат бизнисите на нивниот пат кон одржливо и иновативно работење. Документот […]

    Во време кога климатските промени и еколошката одржливост се поважни од кога било, малите и средни претпријатија (МСП) се наоѓаат на првата линија на трансформацијата. Новиот извештај „Анализа на зелената транзиција кај европските МСП“ дава сеопфатен преглед на предизвиците и можностите со кои се соочуваат бизнисите на нивниот пат кон одржливо и иновативно работење.
    Документот е изготвен во рамки на проектот GreenLead, кој е ко-финансиран од Европската Унија преку програмата Erasmus+. Проектот се спроведува во соработка со организации од Шпанија, Словенија, Грција и Македонија, со цел да им помогне на МСП да ја забрзаат својата зелена трансформација преку едукација, истражување и развој на практични алатки.
    Извештајот се фокусира на:

    Тековната состојба на зелената транзиција кај МСП во Европа;
    Политиките и регулативите на ЕУ, како Европскиот зелен договор и иницијативата „Fit for 55“;
    Добри практики и конкретни иницијативи;
    Предизвици при воведување одржливи технологии;
    Улогата на иновациите, дигитализацијата и циркуларната економија;
    Потребата од соработка помеѓу бизнисите, институциите и истражувачките центри.

    Преку оваа анализа, GreenLead не само што нуди насоки за подобро разбирање на европските еколошки приоритети, туку и дава конкретни препораки за унапредување на конкурентноста на МСП во рамки на зелената економија.
    🔗 Следете нè за повеќе информации од GreenLead и за нови ресурси што ќе им помогнат на компаниите да направат чекор напред кон одржлива иднина.

    OTHER Publications for adults

    Во време кога одржливоста станува клучен елемент на секоја успешна деловна стратегија, мали и средни претпријатија (МСП) низ Европа се соочуваат со потреба од нов тип на лидерство – зелено лидерство. Токму на оваа тема се фокусира документот „Профил и компетенции на зелениот лидер“, подготвен во рамки на проектот GreenLead, ко-финансиран од Европската Унија преку […]
    Read more

    Горди сме да го споделиме првиот билтен на проектот GreenLead, кој содржи информации за првите активности спроведени од шесте партнери од Шпанија, Словенија, Грција и Македонија. Меѓу активностите се вклучени: партнерскиот состанок во Теруел (Шпанија), спроведеното истражување и изготвениот извештај за состојбата на зелената транзиција на малите и средни претпријатија во четирите земји​. Проектот е […]
    Read more

    Во свет каде што одржливоста станува сè поважна, Eco Logic со гордост е дел од проектот „Тренери за одржливост“ – кофинансиран од програмата Еразмус+. Во партнерство со организации од Германија (WNB e.V.), Италија (CSCI Novara) и Кипар (Synthesis), работиме на развој на иновативни образовни материјали и алатки кои ќе ги поттикнат идните генерации да станат […]
    Read more

    Програмата за обука е прилагодена за општинските вработени ширум Европа. Тој е дизајниран да ги опреми поединците од различни сектори во општините со знаења и вештини потребни за ефективно да се поттикнат иницијативите за одржливост и зелена транзиција. Преку модулите, учесниците ќе ги истражуваат клучните концепти и практични стратегии за спроведување на одржливи практики во […]
    Read more

    The GREEEN project is more than just an initiative—it’s a movement that equips young minds with the tools to create lasting environmental change. Coordinated by Eco Logic and supported by partner organizations across Europe, this project is actively shaping the next generation of eco-entrepreneurs, educators, and sustainability advocates. Building Capacity for a Greener Future At […]
    Read more

    По повеќе од две години посветена соработка, проектот InterGreen успешно се завршува, оставајќи значајно влијание врз општините во шест европски земји: Франција, Италија, Португалија, Грција, Кипар и Македонија. Овој проект, ко-финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+, имаше за цел да ги зајакне зелените вештини и да овозможи поодржливи локални заедници. Главни резултати: Интерактивна едукативна […]
    Read more

  • ПОЧНА ПРОЕКТОТ ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ЗА ЕВРОПЕИЗАЦИЈА НА БАЛКАНОТ

    Денеска во Подгорица започна регионалниот проект „Младински ангажман за европеизација на Балканот“, организиран од младински организации од Црна Гора, Косово и Северна Македонија. Настанот се одржа во просториите на Europe House и го стави во фокус гласот на младите во процесот на европска интеграција на регионот, пренесува kdp.mk.
    Настанот беше отворен со поздравни говори од претставниците на партнерските организации: Милица Дедиќ, извршна директорка на НВО ГЛАС од Црна Гора, Лорик Идризи – програмски директор во BIRC од Северна Македонија и Дренуша Латифи – претставничка на CFID од Косово.
    Презентацијата на проектот ја водеше регионалниот координатор Лорик Идризи, кој го претстави визијата и целите на иницијативата, која има за цел да ги зајакне младите низ Западен Балкан преку прекуграничен дијалог, граѓанско учество и промовирање на европските вредности.
    Лорик Идризи – програмски директор во BIRC од Северна Македонија
    Еден од најзначајните моменти од денот беше младинскиот панел со наслов „Што значи европеизација за нас?“, каде што млади од Црна Гора, Косово и Северна Македонија ги споделија своите размислувања за вклученоста на младите во патот кон Европската Унија. Панелистите – Даница Среткоска, Мојаш Канкараш и Ррон Укимерај – понудија лични перспективи за заедничките предизвици и можности со кои се соочуваат младите во нивните општества. Модераторка на панелот беше Тијана Војиновиќ од Црна Гора. Панелот се одржа на англиски јазик и беше отворен за јавноста.
    Милица Дедиќ, извршна директорка на НВО ГЛАС
    „Овој панел е еден од најважните моменти на проектот. Станува збор не само за ставовите на институциите, туку и за тоа што веруваат, сонуваат и посакуваат самите млади за својата иднина во европското семејство,“ се наведува во заедничката изјава од организаторите.
    Дренуша Латифи – претставничка на CFID од Косово
    Настанот продолжи со тематска сесија со Марија Милошевиќ, секретарка на Комисијата за европски интеграции во Парламентот на Црна Гора, која зборуваше за улогата на законодавните институции во процесот на интеграција и за потребата тој да стане подостапен и поразбирлив за граѓаните. „Европските прашања и самиот процес на интеграција треба да се демистифицираат – граѓаните треба да ги доживуваат како дел од секојдневниот живот, а не како нешто далечно и комплицирано,“ истакна таа.
    Марија Милошевиќ, секретарка на Комисијата за европски интеграции во Парламентот на Црна Гора
    На крајот од настанот, партнерите на проектот одржаа затворена стратешка сесија на која се дискутираа следните чекори кон организацијата на следниот настан што ќе се одржи во Скопје. Разговорите беа фокусирани на зајакнување на соработката меѓу партнерите, утврдување на временската рамка и изработка на заедничка стратегија за медиумско покривање и комуникација.
    Проектот „Младински ангажман за европеизација на Балканот“ е поддржан од Western Balkans Fund (WBF) и се очекува да се прошири во повеќе земји од регионот, градејќи мостови на соработка меѓу младите и придонесувајќи кон приближување на општествата од Западен Балкан кон Европската Унија.

  • Продолжување на повик за дизајн и принт на промотивни материјали

    Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Фундаменталните човекови права на прво место-активен придонес за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија како дел од програмата, IPA III Civil Society Facility and Media Programme 2023 , согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. IPA III/2024/461-642“, спроведува постапка на прибирање на понуди, со упатување на покана – барање за доставување на понуди.
    Потребна е набавка – дизајн и принт на визуелен идентитет, лого и промотивни материјали за проектот (опишани под точка 1).
    За горенаведениот предмет понудите да бидат испратени најдоцна до 11.07.2025 година (понеделник) до 16:00 часот, по електронска пошта на jana.sotirovska@mhc.org.mk.
    Со оваа покана ви ја доставуваме потребна документација која ги содржи сите информации кои ќе ви помогнат за изработка на понудата.
    1. Опис на бараната набавка:
    Хелсиншкиот комитет за човекови права го спроведува проектот „Фундаменталните човекови права на прво место-активен придонес за владеење на правото“, финансиран од Европската унија. Во рамки на проектот потребно да се изготви визуелен идентиет на проектот, дизајн и принт на визуелен идентитет, лого и промотивни материјали.
    1.1 Опис на бараните услуги:
    · Дизајн на визуелен идентитет и лого на проектот – Фундаменталните човекови права на прво место-активен придонес за владеење на правото (Развивање на најмалку три предлози за визуелен идентитет на Проектот);
    · Дизајн на промотивни материјали и подготвка за печат (меморандум, банер, папка, тефтер, пенкало, торба);
    · Принт на промотивни материјали (50 промотивни сетови (еден сет содржи – промотивна страница, папка, пенкало, тефтер, торба), 1 банер);
    2. Општи информации
    Од понудувачот се бара да достави најекономична и најдобра понуда во согласност со горенаведените материјали. Со тоа што во понудата секоја од горенаведените ставки треба да биде посебно образложена. Критериумите за избор на понудата се наведени под точка 3 на овој документ.
    Цените при наведената понуда да бидат изразени без ДДВ.
    3. Критериум за доделување на договорот за набавка
    Критериумите за доделување на договорот за набавка се:
    · економски најповолна понуда
    · најдобар квалитет
    · најкраток рок на испорака
    За носител на набавката ќе биде избран оној понудувач чија понуда е најсоодветна според наведените критериуми.
    4. Евалуација на понудите
    При евалуацијата на понудите ќе се земат предвид понудените цени, рокот на испорака и квалитетот на материјалите. Евалуацијата на понудите ќе се врши од страна на Комисијата, формирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права за спроведување на постапкатa.
    Доколку вашата понуда биде избрана ќе бидете информирани;
    Наведете рок на испорака по прифаќање на работата;
    Во случај на потреба од дополнително појаснувања, слободно контактирајте не.
    Напомена: Проектот е ослободен од ДДВ. По направен избор за најповолен понудувач ќе биде доставено решение и потврда од УЈП и СЕП.

  • JАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО МЕНТОРСКАТА ПРОГРАМА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ GROWTH

    JАВЕН ПОВИКЗА УЧЕСТВО ВО МЕНТОРСКАТА ПРОГРАМА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТGROWTH – Генерирање вистински можности преку работа, талент и ангажман
    Центарот за одржлив развој на заедницата – Дебар објавува јавен повик за млади и невработени лица со живеалиште на територија на општина Дебар за учество во Менторската програма во рамките на проектот GROWTH, кој се спроведува во соработка со партнерите: Општина Књажевац (Србија), Општина Никшиќ (Црна Гора), TREDEA – Агенција за развој на Требиње (Босна и Херцеговина), со поддршка од Фондот за Западен Балкан (WBF).
    ЦЕЛ НА ПРОГРАМАТА:
    Развој на претприемачки и креативни вештини преку практична работа, менторство и креирање на одржливи производи во рамките на креативните индустрии. Програмата е особено насочена кон невработени млади лица, на кои ќе им се обезбеди стручна поддршка и мотивација за развој на сопствени идеи и бизнис модели.
    ПРОГРАМАТА ВКЛУЧУВА:

    Работа со ментори од областа на претприемништво, креативни индустрии и брендирање;

    Обука преку четири практични модули;

    Развој и презентација на прототип на производ;

    Можност за вмрежување со учесници од регионот;

    Изработка на бизнис планови;

    Учество на завршна конференција во Никшиќ.

    ТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА:
    Петдневната менторска програма ќе се реализира во јули и август во Дебар.
    УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

    Статус на невработено лице;

    Живеалиште на територија на општина Дебар;

    Предност имаат припадници на маргинализирани групи (млади, жени, припадници на малцинства, лица со попреченост итн.).

    ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:

    Копија од лична карта или пасош;

    Доказ за невработеност;

    Уверение за живеалиште;

    Биографија (CV);

    Мотивациско писмо (максимум 1 страница) во кое кандидатот ја објаснува својата заинтересираност за програмата, идејата или областа на интерес, и што очекува да постигне преку учество во програмата.

    НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ:
    Документацијата треба да се испрати на е-адресата: contact@cscd.org.mk со назнака “Апликација за Менторската програма – GROWTH” или да се достави во канцеларијата на здружението во плико со назнака: “за апликација за Менторската програма – GROWTH”.
    РОК ЗА ПРИЈАВА:
    Апликациите може да се поднесат најдоцна до 10.07.2025 година, до 13:00 часот.
    За сите дополнителни информации, контактирајте не преку е-пошта: contact@cscd.org.mk.

    Related

    Shuip Marku
    Share This Story, Choose Your Platform!

  • Против институционален притисок врз медиумите – за слобода на информирање

    Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост поради апелот на Министерството за здравство до медиумите да не ги фотографираат или снимаат пациентите кои се лекуваат во болницата во Кочани, откако беа повредени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.
    Иако заштитата на приватноста и достоинството на пациентите е од голема важност, состојбата и условите во кои се лекуваат жртвите од оваа трагедија е највисок јавен интерес. Апелите што имаат за цел да ограничат медиумско покривање во вакви ситуации се проблематични и претставуваат потенцијален обид за институционално ограничување на слободата на изразување и правото на јавноста да биде информирана.
    Со тоа Министерството ризикува да воспостави штетна пракса која може да води кон цензура и самоволни ограничувања на медиумската работа. Ја потсетуваме институцијата дека новинарската етика и професионалните стандарди се предмет на саморегулација и дека за овие прашања се надлежни телата како Советот за етика во медиумите и Судот на честа при Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).
    Член 16 од Уставот на Република Северна Македонија гарантира слобода на изразување, како и забрана на цензурата. Вакви инструкции што доаѓаат од државни институции, дури и кога се претставени како апели, можат да се сфатат како форма на институционален притисок.
    Хелсиншкиот комитет апелира до Министерството за здравство да се воздржи од наметнување на неформални ограничувања врз работата на медиумите и ги охрабрува новинарите да продолжат да известуваат професионално, етички и со чувствителност кон жртвите – но и со јасно чувство за одговорност кон јавниот интерес.
    Демократијата се темели врз транспарентност и слободно и критичко информирање. Затоа, секој обид за ограничување на тие принципи претставува закана за правата и слободите на сите граѓани.

     
     

  • Видео библиотека на Innokids: Ново онлајн место за учење преку искуство

    Еко Логик, како партнер во проектот Innokids – Innovative Approaches for Development of Sustainable Communities by Kids, ја претставува новата видео библиотека – онлајн платформа со повеќе од 100 едукативни видеа наменети за наставници, родители и сите кои работат во областа на едукацијата.
    Innokids е проект поддржан преку програмата Еразмус+, кој обединува организации од Словачка, Македонија, Романија, Португалија и Италија. Главната цел е да се поттикне развојот на зелени вештини, креативност, уметност и иновации во образованието, со посебен фокус на Целта за одржлив развој бр. 11: Одржливи градови и заедници.

    Што содржи видео библиотеката?
    Платформата нуди практични видео материјали поделени во пет тематски области:

    Живеалишта и заедници
    Инфраструктура и транспорт
    Рекреативни и слободни површини
    Природни подрачја
    Мерки за ублажување и адаптација

    Секој модул вклучува видеа кои ги обработуваат темите преку реални примери и активности погодни за ученици од различни возрасни групи. Овие содржини се особено корисни за наставници кои работат во областа на природни и општествени науки, уметност, јазици, математика, СТЕМ-едукација и граѓанско образование.

    [embedded content]

    Кој може да ја користи?
    Видео библиотеката е наменета за:

    Наставници во основно и средно образование
    Родители кои сакаат да поттикнат одржливи навики кај своите деца
    Едукатори во формално и неформално образование

    Поврзаност со Целите за одржлив развој
    Иако фокусот е на Цел 11 – Одржливи градови и заедници, проектот обработува и теми поврзани со:

    Квалитетно образование (Цел 4)
    Климатски акции (Цел 13)
    Здравје и благосостојба (Цел 3)и многу други глобални цели од Агендата 2030.

    Пристапете до видео библиотеката овде: Види ја платформата
    Youtube

    Овој проект е кофинансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија (Project N. KA220-SCH-2B800C18).

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор