Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Дали постојните програми навистина ги адресираат родовите разлики кај младите кои употребуваат дроги?

    Оваа публикација е изработена во рамки на проектот „Креирање родово базирани програми за млади кои употребуваат дроги“, финансиран од ЕУ – Еразмус+ програмата. Проектот има цел да ги поддржи организациите, институциите и професионалците кои работат со млади, преку развивање практики и програми што ја препознаваат родовата разновидност и потребите на различните групи млади кои употребуваат […]
    The post Дали постојните програми навистина ги адресираат родовите разлики кај младите кои употребуваат дроги? appeared first on ХОПС.

  • Еко Логик избран за контакт точка на YCDF – нов чекор кон поодржлива иднина

    Со огромно задоволство ја објавуваме веста дека Еко Логик е официјално избран како контакт точка за Скопје во рамките на Форумот за Младинска Климатска Дипломатија за Југоисточна Европа (Youth Climate Diplomacy Forum – YCDF). Овој избор не е само признание за нашата долгорочна работа во полето на животната средина, туку и значајна можност за понатамошно […]

  • Емпатија, правда и поддршка за жените!

    Во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените“, Гласен Текстилец учествуваше на панел-дискусијата организирана од ЕХО

  • ✨ ИНФОРМАТИВЕН И ЕДУКАТИВЕН НАСТАН ЗА МИКРОФИНАНСИРАЊЕ И МИКРОЗАЕМИ ВО НЕГОТИНО

    На 27.11.2025 година, организиравме информативен, едукативен настан посветен на можностите за микрофинансирање, микрозаеми и поддршка при развој на сопствен бизнис. Учесниците добија корисни информации за: ✔️ активните мерки за самовработување, ✔️ програмите за практична работа, ✔️ основање и развој на сопствен бизнис, ✔️ пристап до финансиски инструменти што го олеснуваат претприемништвото. Особено ни е драго…

  • Еко Логик на Националниот форум 2025 – зајакнување на улогата на граѓанското општество

    На 26 ноември 2025 година, Еко Логик учествуваше на Националниот форум – Саем на граѓански организации, кој оваа година се одржа под мотото „Соработка на Владата со граѓанското општество“. Настанот претставуваше важна можност за дијалог, размена на искуства и унапредување на соработката помеѓу институциите и граѓанските организации. Во рамките на саемот, тимот на Еко Логик […]

  • ЛИКОВНА РАБОТИЛНИЦА „ЕКО ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ПРИЛЕП“ ЗА ВТОРИОТ #ЗЕЛЕНПЕТОК

    Го одбележавме вториот #зеленпеток со ликовна работилница за млади на возраст од 15 до 29 години, под наслов „Еко перспективи за Прилеп“. Работилницата се одржа во нашата канцеларија и собра креативни млади учесници кои преку уметност ја изразија својата визија за почиста и позелена заедница. На настанот учествуваа околу триесет млади, секој со своја автентична…

  • НАЦИОНАЛЕН ФОРУМ – САЕМ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ „СОРАБОТКА НА ВЛАДАТА И ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО“

    Нашите претставници од РЕЦ и Еко Логик на 26.11.2025 год. беа присутни на НАЦИОНАЛНИОТ ФОРУМ – САЕМ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ „СОРАБОТКА НА ВЛАДАТА И ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО“ на којшто меѓу другото беа дискутирани теми од областа на животна средина и локална самоуправа, директно во комуникација со владините претставници и претставниците на локалната самоуправа.

    Националниот форум – Саем на граѓанските организации ја потврди својата улога како значајна платформа за дијалог, размена на идеи и заедничко креирање решенија. Преку отворени дискусии, прашања и препораки, учесниците ја демонстрираа силата на партнерството меѓу државните институции и граѓанскиот сектор. Амбасадорот на Швајцарија, НЕ Кристоф Сомер им порача на присутните дека „Во сржта на секоја функционална демократија стои силно граѓанско општество.“

  • Работилница во ООУ “Вера Циривири- Трена”

    Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици од ООУ “Вера Циривири – Трена”

    Колку пати во денот допирате пластика, прашаа експертите? Најмалку четири до пет пати избројаа учениците. Дали треба да ја замениме пластиката со нешто друго, ги прашавме и што е тоа друго?
    Продолжуваме со работилниците во училиштата „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици” на 27.11.2025 год. бевме во ООУ “Вера Циривири- Трена” во рамките на настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата.
    Од што се добива пластиката ги прашавме учениците? За што се користи глицеринот и ладно цедените масла? Заедно научивме и согледавме некои нови работи со учениците од „Вера Циривири – Трена”. Младите научници многу внимателно ги следеа и извршуваа насоките на Експертите во изработка на експериментите.

    Што добивме како краен резултат? Биодизел и органска пластика од лушпи од компири која можеме да ја користиме за пакување на различни производи и да ја замениме пластиката.
    Значи, циркуларната економија е многу важна за нашaта држава заклучивме сите заедно!

    Овие настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата се реализираат во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија.

    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

  • ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОД-ГРАНТОВИ во рамки на проектот “Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia” финансиран од UN Women

    Имплементатор: Хелсиншки комитет за човекови права Опфатени региони: Скопски, Источен, Југоисточен и Североисточен плански регион Вкупен фонд за под-грантови: 2.240.000 денари Висина на поединечен под-грант: до 560.000 денари Број на поддржани организации: 4 (по една од секој регион) Времетраење на проектите: 8-10 месеци 1. ВОВЕД Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП) го објавува овој повик […]
    Read More… from ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОД-ГРАНТОВИ во рамки на проектот “Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia” финансиран од UN Women
    The post ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОД-ГРАНТОВИ во рамки на проектот “Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia” финансиран од UN Women appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор