[Aggregator] Downloaded image for imported item #45620

Нови стории на важни теми од локално значење – Состанок на Локал Актив Вардар во Кавадарци

Зајакнување на локалното новинарство, нови важни локални приказни и уште поголем фокус на проблемите на граѓаните, беа главните теми кои се дискутираа на редакцискиот состанок на платформата „Локал Актив Вардар“, на кој учествуваа новинари и активисти од Вардарскиот Регион, претставници од Институтот РЕСИС и Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ).

„Платформите како Локал Актив се особено важни бидејќи отвараат важни локални теми кои не се премногу застапени во традиционалните медиуми. Загрижува статистиката дека дури четвртина од содржините кои се објавуваат на онлајн медиумите во земјава се целосно или претежно прекопирани од други медиуми, а дополнително четвртина од објавите се базирани на социјалните мрежи како единствен извор, без проверка на вистинитоста, или пак консултирање на повеќе страни“, истакна Билјана Георгиевска, извршната директорка на СЕММ.

Локалните новинари се пожалија на нереспонзивноста на институциите кои одговараат само на формални барања за информации, како и на забележлива атмосфера на страв кај граѓаните, кои не сакаат јавно да зборуваат за проблемите кои ги мачат.

Редакциски состанок Локал Актив Вардар 1

Од страна на проектниот координатор Игор Мицевски беше најавено дека во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество“ кој го спроведуваат Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС и Советот за етика во медиумите во Македонија – СЕММ, со поддршка од владата на Швајцарија преку програмата „Цивика мобилитас“, кој ќе се реализира во наредните месеци,  ќе има нови можности за изработка на нови содржини кои ќе се објават на трите постоечки платформи Локал Актив.

Редакциски состанок Локал Актив Вардар 3

На состанокот се дискутираше и за ефектите од досегашните приказни објавени на Локал Актив Вардар и беше истакнато дека е потребно да се направи и една проверка дали надлежните имаат направено нешто за проблемите предочени во претходните стории.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на РЕСИС институт

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор