[Aggregator] Downloaded image for imported item #45596

Млади и искусни новинари заедно ќе пишуваат за локалните проблеми – Состанок на „Локал Актив Исток“ во Штип

Активирање на младите кои заедно со искусните новинари би пишувале стории за локалните проблеми и предизвици, беше една од главните теми на редакцискиот состанок на новинарите и активистите од „Локал Актив Исток“ заедно со претставниците од Институот РЕСИС и Советот за етика на медиумите во Македонија.

Оваа нова соработка, која треба да внесе нова енергија во локалното новинарство, ќе биде дел од идните активности паралелно со тековните новинарски стории и застапувањето кое го прават новинарите и активистите од платформата.

Проектниот координатор Игор Мицевски најави дека во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество“ кој го спроведуваат Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС и Советот за етика во медиумите во Македонија – СЕММ, со поддршка од владата на Швајцарија преку програмата „Цивика мобилитас“ ќе има нови можности за изработка на нови содржини. Тој напомена дека преку овој проект ќе биде ставен фокус на вклучување повеќе млади луѓе во редакциите на Локал Актив со што, освен развивање на вештините на младите луѓе, корист ќе има локалното новинарство во целина.

„Одржливоста на медиумите на заедницата и специфично, одржливоста на иницијативата „Локал Актив“, не зависи единствено од диверзификацијата и висината на фондовите кои може да се обезбедат за производство на содржина и застапување. Од клучна важност е развојот на човечкиот капитал – овде мислиме особено на млади луѓе кои сакаат и можат да се вклучат во новинарски истражувања, а на кои при тоа им е природно да користат нови алатки за да стигнат до својата публика, но и за да култивираат нова публика“, рече Мицевски.

Foto   Redakciski sostanok LAI

20260304 142527

ac6d382e 75d8 427f 8be8 2180eb47bb27

Новинарите и активистите изразија задоволство од овој нов фокус на идните активности на Локал Актив и споделија свои видувања за тоа како овој спој на младоста и искуството може да придонесе за дополнителен развој на овие медиуми на заедницата и да открие повеќе проблеми на виделина со кои се соочуваат граѓаните.

На состанокот се дискутираше и за ефектите од досегашните приказни објавени на Локал Актив Исток, а беа предложени и идеи за нови стории на кои ќе се работи во идниот период.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на РЕСИС институт

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор