[Aggregator] Downloaded image for imported item #46764

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ОД ИЗГРАДБАТА НА КОРИДОР 10 Д (ПРИЛЕП – БИТОЛА)

Претставници на Здружението СТАНИЦА ПЕТ учествуваа на јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот „Изградба на Коридор 10 Д, делница на автопат: Прилеп – Битола“, која се одржа во Прилеп и Битола во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање.

На почетокот на настанот, накратко беше презентирана содржината на Студијата, со осврт на клучните аспекти поврзани со влијанието врз животната средина и предвидените мерки за заштита.

На расправата учествуваа тројца претставници од здружението – двајца членови на тимот и еден еко-амбасадор, кои активно се вклучија во дискусијата преку поставување на прашања од интерес на локалната заедница.

Поставените прашања и добиените одговори:

За земјиштето и земјоделството:

  • Колку хектари земјоделско земјиште ќе бидат трајно изгубени поради изградбата на автопатот?
  • Дали се анализирани алтернативни траси кои би имале помало влијание врз обработливото земјиште?

Во однос на ова прашање, беше посочено дека во самата Студија не се содржани конкретни податоци за површината на засегнатото земјоделско земјиште, бидејќи во моментот на нејзината изработка сè уште не биле подготвени решенијата за експропријација.

За бучавата:

  • Дали студијата содржи моделирање на нивото на бучава по пуштањето на автопатот и кои населени места ќе бидат најпогодени?
  • На кои локации се предвидени звучни бариери и дали тие се доволни според европските стандарди?

Како одговор беше наведено дека постои посебен документ – студија за бучава, во која се разработени овие аспекти подетално.

За одговорност и мониторинг:

  • Кој ќе биде одговорен за следење на мерките за заштита на животната средина за време на изградбата и експлоатацијата и дали тие извештаи ќе бидат јавно достапни?

Беше истакнато дека во рамки на Студијата, за секое поглавје се наведени надлежните институции одговорни за мониторинг на спроведувањето на препораките и мерките.

  • Дали постои можност постојниот пат Прилеп – Битола, по изградбата на автопатот, да биде пренаменет во велосипедска патека како придонес на изведувачот кон локалната заедница?

Во однос на овој предлог, беше оценето дека истиот е позитивен и корисен, но беше посочено дека постојното законодавство во моментов не предвидува изградба на велосипедски патеки надвор од урбани подрачја.

Покрај претставниците на СТАНИЦА ПЕТ, на настанот учествуваа и други претставници од граѓански организации, институции, како и од неформалната иницијатива „Спас за Прилеп“, кои отворија значајни прашања поврзани со заштитата на животната средина.

Во таа насока, беа поставени прашања за:

  • потенцијалната опасност од истребување на ендемичниот вид пеперутка – Прилепска сивка
  • експлоатацијата на камен од државниот каменолом во близина на с. Ореовец, кој во проектната документација е означен како Позајмиште 6
  • можните влијанија врз изворите на питка вода во овој регион
  • потенцијалната опасност по објектите во селото како резултат на минирањето во рамки на каменоломот

Ова учество е дел од активноста 1.2. Организирање на редовни месечни средби за идентификување и пријавување на еколошки проблеми, преку која еко-амбасадорите и граѓаните се охрабруваат активно да ги следат и да се вклучуваат во процесите на донесување одлуки.

Присуството на јавната расправа придонесе кон:

  • јакнење на граѓанското учество во процесите на оценка на влијанието врз животната средина
  • подигање на свеста за значењето на транспарентноста и отчетноста на институциите
  • иницирање на конкретни прашања и предлози од страна на граѓаните

СТАНИЦА ПЕТ ќе продолжи активно да ги поддржува граѓаните и еко-амбасадорите во идентификување, пријавување и застапување за решавање на локалните еколошки проблеми.

*Активноста е во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор