[aggregator] downloaded image for imported item #39879

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/КА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДВЕ ДВОДНЕВНИ ОБУКИ ВО РАМКИ НА МЕНТОРСКА МРЕЖА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ НА ЛОКАЛНИ ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА РОБ

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia, поддржан од UN Women, објавува јавен повик за ангажман на експерт/ка за спроведување на две дводневни обуки за јакнење на капацитети на локални граѓански организации во рамки на менторска програма за родово одговорно буџетирање (РОБ) и застапување на локално ниво.

Цел на проектот

Целта на проектот е да се зајакнат граѓанските организации и да се унапредат практиките за родово одговорно буџетирање во единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија, поттикнувајќи инклузивно владеење и правична распределба на ресурсите. Проектот се фокусира на зајакнување на капацитетите на локалните организации и активисти за да можат ефективно да влијаат врз буџетските процеси и да застапуваат за промени во локалните политики.

Цел на ангажманот

Овој повик има за цел да ангажира експерт/ка кој/а ќе дизајнира и спроведе сеопфатна менторска програма наменета за организациите – грантисти во четирите плански региони (Скопски, Источен, Југоисточен и Североисточен). Менторството е наменето за надградување на капациетите на организациите за разбирање на буџетските циклуси, родова анализа на буџетите и формулирање на предлог-политики.

Работни задачи и одговорности

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој повик, експертот/ката ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:

  1. Развој на менторска рамка и материјали: Подготовка на методологија и едукативни материјали за менторската програма, прилагодени на потребите на локалните граѓански организации.
  2. Спроведување на обуки: Одржување на две (2) дводневни сеопфатни обуки за РОБ, кои ќе ги опфатат темите: буџетски циклуси, алатки за родово одговорно буџетирање, застапување и влијание врз креирање политики. Датумот за првата обука е одреден за 02.04.2026 – 03.04.2026 додека втората обука е предвидена во тек на јуни.
  3. 3. Поддршка при креирање на предлог-политики: Насочување и асистирање на организациите во процесот на изготвување на родово-одговорни предлог-политики кои ќе бидат поднесени до единиците на локалната самоуправа.

Очекувани резултати:

  • Изработена програма и материјали за обука;
  • Спроведени две дводневни обуки со најмалку 10 учесници по обука;
  • Финализирани предлог-политики од страна на под-грантистите (согласно проектните индикатори)

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование во областа на општествените науки, економијата, родовите студии или сродни области;
  • Најмалку 5 години професионално искуство во областа на родовата еднаквост и/или родово одговорно буџетирање;
  • Докажано искуство во спроведување на обуки и менторство за граѓански организации;
  • Одлично познавање на системот на локална самоуправа и буџетските процеси во РСМ;
  • Искуство во креирање на јавни политики и застапување;

 

Временска рамка

Експертот/ката ќе биде ангажиран/а во период дефиниран во договор со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет, согласно динамиката на проектните активности (предвиден почеток: 23.03.2026 година).

Постапка за пријавување и критериуми за избор

Овој повик е јавен. Секој кој ги исполнува потребните квалификации може да се пријави со доставување на:

  1. Работна биографија (CV) со акцент на релевантното искуство;
  2. Кратка предлог методологија за спроведување на менторската програма (не подолга од 1 страна);
  3. Финансиска понуда: Понудена бруто цена по експертски ден (или вкупна цена за целиот ангажман, зависно од вашата преференција).

Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Релевантна биографија и искуство – 40 поени
  • Предлог методологија – 40 поени
  • Понудена бруто цена – 20 поени

 

Понудите треба да се испратат на следните е-маил адреси: jana.sotirovska@mhc.org.mk со назнака: „Понуда за експерт/ка за РОБ менторска програма“.

 

Рокот за аплицирање е до 17.03.2026 до 16.00 часот.

 

За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената е-маил адреса или пак на helkom@mhc.org.mk.

The post ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/КА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДВЕ ДВОДНЕВНИ ОБУКИ ВО РАМКИ НА МЕНТОРСКА МРЕЖА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ НА ЛОКАЛНИ ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА РОБ appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за избор на двајца/две експерт(к)и за изработка на Извештај за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа на животната средина во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната […]
    The post Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина appeared first on Myla.

  • Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ

    Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум, како и врз основа на одлука на Претседателот на Младински образовен форум донесена на 01.10.2026 година, на 01.10.2026 се распишува ПОВИК за нови членови на Управниот одбор Повикот се распишува за избор на нов состав на Управниот одбор на Младински образовен форум […]
    The post Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ appeared first on МОФ.

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор