Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Bure Cycle – Нашата визија доби поддршка преку нов грант

    Со гордост објавуваме дека Еко Логик доби грант за својот концепт Bure Cycle – креативно и одржливо решение за паркирање велосипеди, изработено од повторно искористени метални буриња и стари велосипедски гуми. Оваа поддршка ни овозможува да започнеме со имплементација на проектот, со цел да ја поттикнеме циркуларната економија и одржливата мобилност. Концептот беше развиен и […]

  • Како еден графикон го одреди тонот на јавната #дебата❓

    Нашиот графикон за куповната моќ на македонската #минимална плата од мај 2025 беше дел од дискусиите на релевантните чинители во Економско-социјалниот совет, како и од парламентарната дебата во текот на неделава. https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1088159056669954&set=a.613295284156336&type=3
    The post Како еден графикон го одреди тонот на јавната #дебата❓ first appeared on Finance Think.
    The post Како еден графикон го одреди тонот на јавната #дебата❓ appeared first on Finance Think.

  • ИНФОРМИРАЈ СЕ, ИСКОРИСТИ ГО! МОЖНОСТИ ЗА МИКРОФИНАНСИРАЊЕ ВО КИЧЕВО

    На 28.07.2025, во општина Кичево, ја реализиравме информативна и едукативна сесија на тема: „Фацилитација за олеснување на пристапот до институциите за микрофинансирање и програми за микрозаеми“. Целта на сесијата беше да се поттикне економското јакнење на жените преку споделување на информации за достапни ресурси и поддршка. Присутните добија корисни насоки за пристап до грантови, обуки…

  • Издршката на децата: Дали досудената издршка ги задоволува потребите на децата?

    Издршката за децата по разводот или разделбата е еден од клучните механизми за обезбедување континуитет и стабилност во нивниот живот. Таа треба да обезбеди не само покривање на базичните трошоци, туку и поддршка за нивниот севкупен раст и развој. Меѓутоа, реалноста покажува дека определувањето, пристапот и примената на издршката честопати…

  • Прашања и одговори поврзани со јавниот повик до граѓански организации од Источниот, Југоисточниот, Вардарскиот и Пелагонискиот регион за доделување грантови за застапување

    Институтот РЕСИС од Скопје ги објавува одговорите на поставените прашања од невладините организации пристигнати до 25.072025 а поврзани со Јавниот повик за доделување мали грантови со кои треба да се спроведат застапувачки активности од важност за локалните заедници.   
    ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

  • Прв меѓународен извиднички камп Велес – Ниш – Белград, Охрид 2025

    Во периодот од 22 до 31 јули 2025 г0д. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид се организира првиот меѓународен камп на извидничките одреди од Велес, Ниш и Белград. Учесници се од следните одреди и тоа: извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, извидничкиот одред “Мија Станимировиќ од Ниш и извидничките одреди…

  • Соработка со германските извиднички и извидници

    Германскиот сојуз на извиднички и извидници Мозаик (DPBM) од 3 до 8 август 2025 год. организира интеркултурна размена на која што учество ќе зема 350 германски извидници кој ке пристигнат во село Согле, општина Чашка. Германските извидници покрај учеството на овој камп ке посета и други места во Македонија. Извидничкиот…

  • Од откривање до акција: СЕЛДИ ги зајакнува капацитетите на граѓанските организации за следење на изборниот интегритет

    На 23 јули 2025 година, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во име на Мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа  (СЕЛДИ), во партнерство со Центрите за граѓански иницијативи (ЦГИ) и Коалицијата Под лупа од Босна и Херцеговина, организираше онлајн обука фокусирана на интегритетот на изборите.

  • БЦСДН го објави Извештајот за овозможувачката околина на граѓанското општество 2024

    Аларм за стеснување на граѓанскиот простор во Западен Балкан и Турција во услови на ескалирачки закани
    Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) го објави единаесетиот по ред, регионален годишен извештај за следење на овозможувачката околина за граѓанското општество. Извештајот ги опфаќа состојбите во шест земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија), како и Турција во 2024, и укажува на сериозни нарушувања на граѓанските слободи и демократските вредности.

  • Анкета: Кој е клучниот елемент за ефективна превенција кај младите?

    Превенцијата не се случува сама од себе. Таа бара доверба, време и вистински сојузници – и кај младите, и кај возрасните.Со години зборуваме за стратегии, модели, потреби. Сега ве прашуваме вас: Што според вас, e најважно за една иницијатива да стигне до младите и истата да успее? Ве покануваме да гласате или да го споделите […]
    The post Анкета: Кој е клучниот елемент за ефективна превенција кај младите? appeared first on ХОПС.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор