[Aggregator] Downloaded image for imported item #46375

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество со засилена работа во 2025 година

Во 2025 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество имаше интензивна и динамична работа, потврдувајќи ја својата улога како важен механизам за дијалог и партнерство меѓу институциите и граѓанското општество. Во текот на годината беа одржани 7 седници, на кои се разгледуваа актуелни прашања и јавни политики од значење за овозможувачката средина, учеството на граѓанските организации во креирањето политики и нивната финансиска одржливост.

screenshot 2026 03 24 at 10 15 11 zapisnici i dnevni redovi od sednicite na sovetot sovet oddelenie za sorabotka so nevladinite organizacii republika severna makedonija 980x552

На конститутивната седница, одржана на 7 април 2025 година, официјално започна мандатот на новиот состав на Советот, а за претседателка беше избрана Никица Кусиникова од Здружение Конект Скопје, додека за заменик-претседателка беше избрана Бојана Босилкова од Министерството за правда. Во текот на годината, Советот расправаше по 35 точки на дневен ред, разгледа 9 материјали, достави 2 писмени мислења до Владата и номинираше 13 претставници на граѓанските организации во 6 советодавни и работни тела на Владата и органите на државната управа.

Особено значајно е што Советот даде позитивно мислење за Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2025–2028, препознавајќи ја како клучен документ за унапредување на правната рамка, механизмите за структурирано учество на граѓанските организации и нивната финансиска одржливост. Советот активно се вклучи и во давање придонес кон изготвување на предлог Законот за здруженија и фондации, особено делот за транспарентно и соодветно државно финансирање за граѓанските организации. Советот исто така реагираше и на конкретни постапки за финансиска поддршка од државата за граѓанските организации, придонесувајќи кон поголема транспарентност и корекција на одредени процедури, како што беа продолжување на рок за јавен повик и објавување коригирана ранг-листа.

2acc2795 df49 4b5a aedf e36f4e488b16 MCMS

Во 2025 година, Советот донесе и нов Деловник за работа и Програма за работа 2025–2026, а формираше и четири работни групи, меѓу кои за комуникации, за соработка со локални организации и за унапредување на финансиската поддршка за граѓанските организации. Дополнително, работата на Советот беше презентирана на повеќе јавни настани, дебати и средби со организации низ земјата, а преку различни мејлинг листи и мрежи на организации редовно се споделуваа информации за неговата работа, заклучоци и можности за вклучување.

Иако Годишниот извештај за работењето на Советот во 2025 посочува и на одредени предизвици, особено во однос на редовното присуство на дел од институционалните претставници и потребата од поголема видливост и препознатливост на Советот кај граѓанските организации, сепак 2025 година го потврдува Советот како активнo и релевантно тело за соработка, консултација и учество на граѓанското општество во процесите на креирање јавни политики.

Советот ќе продолжи да ја унапредува својата улога како владино советодавно тело за конструктивен дијалог и партнерство меѓу институциите и граѓанското општество, со фокус на поголема вклученост, транспарентност и влијание во креирањето јавни политики. Воедно, се повикуваат сите граѓански организации активно да се вклучат во работата на Советот, преку споделување предлози, иницијативи и препораки до членовите на Советот од редот на граѓански организации, со цел заедничко адресирање на клучните предизвици и унапредување на овозможувачката средина за развој на граѓанското општество во државата

Прочитајте повеќе за работата на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на: https://nvosorabotka.gov.mk/mk-MK/sovet/zapisnici-i-dnevni-redovi-od-sednicite-na-sovetot

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор