Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Не молчиме! Зборуваме за предозирањето и повикуваме на промени.

    На 31-ви август, светот се обединува за да го одбележи Меѓународниот ден на свесност за предозирањето. Ова е ден кога се сеќаваме на оние што ги загубивме и ги поддржуваме оние што се борат со овој тежок предизвик. Пораката на овој ден е јасна: секој живот има вредност, секоја загуба е трагедија, и секоја личност […]
    The post Не молчиме! Зборуваме за предозирањето и повикуваме на промени. appeared first on ХОПС.

  • Јавен повик за учество во менторска програма на ГРЦ

    Дали вашата организација има потреба од поддршка во подобрување на своето работење, градење капацитети и долгорочен развој?
    Граѓанскиот ресурсен центар објавува повик за граѓански организации за учество во програма за менторска поддршка насочена кон зајакнување на организациските капацитети и унапредување на внатрешните процеси на организациите.

    Преку оваа програма, пријавените организации ќе добијат директна поддршка од ментори во една или повеќе од следните области:

    Дигитална трансформација – воведување или подобрување на дигиталните алатки, процеси и комуникации во граѓанската организација
    Волонтерство – развивање на програма за волонтирање, ангажирање и управување со волонтери
    Финансиски менаџмент – транспарентност, отчетност и ефективно управување со финансиите на граѓанската организација, буџетирање и финансиско известување
    Стратешко планирање – дефинирање на долгорочни цели и насоки на делување на граѓанската организација и подготвување на стратешки план
    Застапување – развој на стратегии за влијание врз јавни политики и промовирање на граѓански иницијативи
    Erasmus + – Карактеристики и специфики на програмите на Erasmus +
    Проектен менаџмент – ефективно планирање и спроведување на проекти
    Добро управување, транспарентност и отчетност на граѓанската организација
    Видливост и односи со медиуми на граѓанската организација
    Административно работење на граѓанската организација
    Анализа на организациски капацитети

    Кој може да аплицира?
    Повикот е отворен за граѓански организации регистрирани согласно на Законот за здруженија и фондации, кои активно работат на локално, регионално или национално ниво и имаат потреба од поддршка во една или повеќе од наведените области.
    Како да аплицирате?
    Заинтересираните организации треба да изразат интерес објаснувајќи ги главните предизвици и областите во кои бараат менторска поддршка.
    Што добивате?
    ✅ Индивидуален пристап и менторска поддршка✅ Конкретни алатки и ресурси за долгорочна примена✅ Поддршка во применување на наученото во практична употреба
    Не ја пропуштајте можноста да ја зајакнете вашата организација и да го подигнете вашето влијание во заедницата!
    За дополнителни информации, контактирајте нè на: info@rcgo.mk 
    Пријави се на следниов форумулар на ГРЦ.

  • Пет години “Генералка Викенд“ во Велес

    На 25.8.2025 год. (понеделник) во Европската куќа во Велес (Europe House Veles) се одбешежа 5 години од активноста наречена “Генералка Викенд“. Беа истакнати повеќе од 100.000 херои кои ја избраа акција наместо изговори! Нивната енергија, посветеност и борба за почиста заедница ја оживеаја преку изложба која ја раскажа приказната за…

  • Втора средба на мултисекторски тим за спречување и заштита од родово-базирано и семејно насилство

    Во рамки на проектот „Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата“, на 27 август 2025 година се одржа втората средба на мултисекторскиот тим во организација на Здружение Станица ПЕТ. Целта на оваа средба беше: На средбата се дискутираа конкретни случаи на родово базирано и семејно насилство и беа идентификувани сериозни системски предизвици:…

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на локални еко амбасадори од Општина Прилеп

    Здружение СТАНИЦА ПЕТ во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“ објавува: ОТВОРЕН ПОВИК  за избор на локални еко амбасадори Овој повик има за цел избор на 4 локални активисти – еко амбасадори од Општина Прилеп, кои ќе бидат дел од обука за мониторинг и комуникација…

  • Превенцијата на радикализацијата – предизвик за сите: работилници во Тетово и Охрид

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во соработка со Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам (НКСНЕБТ), на 15 и 16 август 2025 година организираше работилници во Тетово и во Охрид на тема „Радикализација – препознавање и методологија на работа“. Настаните ги обединија членовите на Националниот комитет и претставници од клучните безбедносни институции – Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Министерството за одбрана.

  • JАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ МАЛИ ГРАНТОВИ  ЗА РАЗВОЈ И НУДЕЊЕ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ НА ЛОКAЛНО НИВО  

            ТРАНСФОРМИРАЈ ЈА ТВОЈАТА ЗАЕДНИЦА!  Дали сте подготвени да направите позитивна промена во вашата околина? Дали вашата организација има иновативна идеја што […]

  • Превенција од дрога: Дали си ја криеме главата во песок?

    Често зборуваме за превенција, но дали навистина разбираме што тоа значи? Поголемиот дел од времето, превенцијата ја сведуваме на „Не, благодарам“ или покажување на слики од последици. Но, искрено, дали тоа функционира? Дали сме ги спречиле проблемите, или само сме ги премолчиле? Вистинската превенција не е одбрана, туку градење на отпорност. Тоа е како да го […]
    The post Превенција од дрога: Дали си ја криеме главата во песок? appeared first on ХОПС.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор