[Aggregator] Downloaded image for imported item #46461

Како младите можат да влијаат на политиките

Дваесет средношколци учеа како да застапуваат за прашањата кои им се приоритетни и како да влијаат на политиките. Покрај теориските знаења, преку вежбите тие стекнаа и практични вештини со кои ќе ја зајакнат нивната улога на активни чинители во процесите на носење одлуки во заедниците.

20260325 151625 1

Во текот на два дена, младите учесници имаа можност да слушнат повеќе за клучните поими – застапување, лобирање, активизам и подигнување на свеста. Преку примери од пракса, обучувачот илустрираше различни ситуации и ги поттикнуваше учесниците да препознаат за кој поим станува збор. Тој особено потенцираше дека застапувањето не претставува спонтана реакција, туку структуриран и стратешки процес насочен кон постигнување на мерливи и одржливи институционални промени.

Паралелно со темите на обуката се одвиваа и динамични вежби за запознавање и градење доверба помеѓу учесниците. Ова ја олесни комуникацијата, размената на искуства и создаде позитивна атмосфера во групата.

Преку вакви вежби за поврзаност и меѓузависност учесниците дознаа и за концептот на „синџир на влијание“ и анализата на засегнатите страни. Тие дискутираа за тоа кој одлучува, кој влијае, кој може да поддржи, а кој да блокира одредена иницијатива. На тој начин научија како да ги идентификуваат сојузниците, противниците и неутралните групи.

Потоа, фокусот беше ставен на процесот на донесување одлуки и разбирање на институционалниот и политичкиот контекст. Преку интерактивна дискусија, учесниците анализираа каде се носат одлуките, кој има влијание врз нив и како може да се идентификуваат влезните точки за застапување. Посебно внимание беше посветено на важноста на времето за делување.

Исто така, се осврнаа и на различните форми на учество и мобилизацијата на заедницата. Учесниците разгледуваа како се гради легитимитет на една застапувачка иницијатива и зошто е важно вклучувањето на засегнатите групи.

20260324 14485201

Во практичниот дел, учесниците работеа во групи и развиваа конкретни идеи за застапувачки акции. Тие го дефинираа прашањето и целта на застапувањето, клучните засегнати страни, главната порака и конкретните чекори за делување. Посебен акцент беше ставен на правилното дефинирање на проблемот, при што учесниците учеа како да избегнат премногу широко или премногу апстрактно формулирање, со цел проблемот да биде јасен, релевантен и применлив во реален контекст. Паралелно со ова, преку вежба разбраа дека ефективното делување не зависи само од амбициозните цели, туку и од добро осмислена и одржлива основа, што е клучен елемент и во процесите на застапување.

Целата обуки имаа можност да ја преточат во играта на улоги кога ги применија стекнатите знаења во симулиран контекст. Дел од учесниците ја презедоа улогата на носители на одлуки, додека останатите настапија како застапувачи кои презентираа конкретни иницијативи и предлози. Беа подготвени четири предлози за кои секоја група имаше свои аргументи. Вежбата им помогна да ги трансформираат општите идеи во конкретни и остварливи барања, да ги аргументираат своите ставови и да водат дијалог со носителите на одлуки.

„Обуката беше многу корисна. Преку групната работа и дискусиите научив дека вистинската промена бара стратегија, а не само реакција“, рече Лина Имери, учесничка на обуката. И за Елдина Хајдари обуката е одлично искуство. „Научив многу нови работи, особено за застапувањето и начинот на кој младите можат да влијаат врз политики. Ова искуство ми даде мотивација да бидам поактивна и поупорна“, додаде таа.
Овие впечатоци ја рефлектираат суштината на работилницата – зајакнување на знаењата, вештините и самодовербата кај младите, со цел тие да станат поактивни и поангажирани чинители во процесите на донесување одлуки во своите заедници.

Работилницата се одржа на 24 и 25 март 2026 година, во просториите на МЦМС, а ја водеа Рамадан Илази и Дренуша Марку.

Обуката е дел од програмата „Рехабилитација за отпорност: патот напред“ што ја поддржува Глобалниот фонд за ангажман и отпорност на заедниците (ГЦЕРФ).

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор