[Aggregator] Downloaded image for imported item #46459

Системски промени, транспарентност и млади со порака за посилно општество

Во првите три месеци од 2026 година, Цивика мобилитас продолжи да ги поддржува иницијативите кои го менуваат системот однатре, и тоа преку застапување, анализа и директна работа со граѓаните. Сториите објавени во јануари, февруари и март ја покажуваат широчината на граѓанскиот ангажман, опфаќајќи теми од дигитализација на државните регистри и борба против корупцијата, до младите кои бараат причина да останат дома.

Првата сторија ја отвора темата за еден долгогодишен институционален јаз: државата со децении немаше прецизен одговор на прашањето колку стипендисти има во странство, каде се тие и што работат откако ќе дипломираат. Форумот за разумни политики, Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје и Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС), преку проектот „Застапување за инклузивен развој” поддржан од Цивика мобилитас, го истражија проблемот и застапуваа за конкретна промена. Министерството за образование и наука го прифати предлогот за воспоставување на Централен дигитален регистар на стипендисти, алатка која ќе овозможи следење на академскиот и професионалниот пат на стипендистите и нивно поврзување со компании, универзитети и истражувачки центри во земјата. Сторијата испраќа порака дека инвестицијата во образование мора да биде придружена и со систем кој го задржува знаењето дома.

Прочитај ја сторијата „Дали Македонија конечно ќе знае каде ѝ се стипендистите?“

Во февруари фокусот се сврте кон вистинските сопственици на компаниите и нивната улога во борбата против корупцијата. Поттикнати од глобалните случувања со „Панамските”, „Рајските” и „Пандорините” документи, Центарот за граѓански комуникации, Активо од Велес и Здружението на даночни советници на Република Македонија, со поддршка на Цивика мобилитас, ги проверија можностите за вкрстено користење на податоците од Регистарот на вистински сопственици со други бази на податоци, како алатка за откривање и спречување на корупцијата и злоупотреба на јавни средства. Анализата покажа дека и покрај формалното воспоставување на Регистарот пред пет години, неговиот потенцијал останува во голема мера неискористен. Наодите беа претставени на Тематскиот форум за користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата, каде триесеттина претставници на клучните институции, медиумите и граѓанскиот сектор дискутираа за мерките и чекорите што можат да се преземат, меѓу кои и податокот дека 23 од 360 проверени функционери целосно или делумно сокриле податоци за сопственоста во фирми. Сепак, направен е чекор напред: само во првите три месеци на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) се објавени имињата на вистинските сопственици на повеќе од 3.000 фирми добитнички на јавен тендер.

Прочитај ја сторијата „Јавниот интерес пред скриената сопственост“

Мартовската сторија ги пренесува гласовите на младите од Полошкиот регион кои секојдневно се соочуваат со прашањето да останат или да заминат од земјата. Истражувањето спроведено во рамки на проектот „Зајакнување на младите: поттикнување на граѓанскиот ангажман и претприемништвото во Полошкиот регион”, од АДИ Гостивар, Центарот за едукација и развој Теарце, Институтот за лидерство и јавни политики Тетово и ИнСоК Тетово, со поддршка на Цивика мобилитас, направено со повеќе од 500 млади на возраст од 15 до 29 години од регионот, покажало дека половина од младите во Полог (50,4%) сметаат дека иселувањето најчесто се случува веднаш по завршувањето на средното образование, а главните мотиви се подобар животен стандард (80%) и подобри можности за вработување (78%). Сторијата потсетува дека младите не заминуваат затоа што сакаат, туку затоа што чувствуваат дека немаат избор.

Прочитај ја сторијата „Само ни треба шанса!“.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор