[Aggregator] Downloaded image for imported item #46382

Јавна презентација на „Локал Актив Пелагонија“ во Битола

По речиси половина година од објавувањето на првите содржини на медиумот на заедницата „Локал Актив Пелагонија“, Институтот РЕСИС организираше јавна презентација* на веб платформата www.lap.mk во просториите на Europe House во Битола.

На презентацијата присуствуваа новинарите и граѓанските активисти кои се членови на редакцијата на „Локал Актив Пелагонија“, како и претставници од граѓанските организации од Пелагонискиот Регион.

На настанот се обратија претставниците на Институтот РЕСИС, Претседателката Снежана Трпевска, проектниот координатор Игор Мицевски и координаторот за содржини во „Локал Актив Пелагонија“, Слаѓан Пенев, кои ги запознаа учесниците со идеите за иницирањето и функционирањето на медиумот на заедницата во кој се препознава важноста на соработката меѓу локалните новинари и граѓанските организации како природни сојузници во зајакнувањето на демократијата и медиумскиот плурализам.

Prezentacija na LAP Bitola 4

Тие ја истакнаа потребата од развој на децентрализиран и инклузивен медиумски пејзаж со иницирање поголем број вакви платформи кои ќе бидат независни од влијанијата на моќните политички и корпоративни интереси и ќе бидат единствено во служба на интересите на граѓаните и локалните заедници чии проблеми и идеи поретко се претставени во поетаблираните медиуми на локално и национално ниво.

Беа претставени и содржините кои до сега се објавени и можностите кои ги нуди веб платформата www.lap.mk, со посебен нагласок на сториите кои се подготвуваат во партнерство меѓу новинари и локални граѓански активисти.

Покрај претставниците на РЕСИС, на настанот свои обраќања имаа новинарките Билјана Георгиевска, Маја Блажевска Евросимоска и Жанета Здравковска кои направија осврт на предизвиците со кои се соочуваат новинарите во локалните медиуми, како и на улогата на медиумите во истакнување на важноста на локалните проблеми или рефлексијата на глобалните проблеми врз животот на граѓанинот во малите средини. Кон крајот на настанот присутните новинари и граѓанските активисти разговараа за локални и регионални теми за кои би можеле да се подготват истражувачки стории во рамки на Локал Актив Пелагонија, како и за формите преку кои би можеле темите за кои се објавуваат содржините во www.lap.mk да дојдат до поголем број читатели.

Prezentacija na LAP Bitola 2

Фотографии: Диоген Хаџи-Коста Милевски

*Јавната презентација е една од активностите во проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман: Трансформирање на општествените барања во општествени акции“, кој го спроведува Институтот РЕСИС, со поддршка од Европската Унија.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на РЕСИС институт

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор