Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Анализа на правосилни предмети од областа на животната средина

    Центарот за правни истражувања и анализи и во 2025 година продолжи со систематско следење на кривичните дела од областа на животната средина, во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина за Зелена агенда за Западен Балкан“, финансиски поддржан од Европската Унија. Водејќи се по методологијата за следење на судски предмети од областа на животната […]

  • Предновогодиншна волонтерска забава

    На 26.12.2025год. (петок) во просториите на Младиснкиот Центар Матично во Скопје, се одржа традиционалната предновогодиншна волонтерска забава организирана од страна на Сојуз на извидници на Македонија . На оваа забава имаше гости од страна на секој одред во државава, а воедно од нашиот одред учество земаа 15 членови. The post…

  • Кабинетите по хемија како мали лаборатории за иновации и одржливост

    Кога училниците по хемија се претвораат во мали лаборатории, а учениците во вистински иноватори, учењето добива ново значење. На 25 ноември 2025 година, тимот реализираше интерактивна работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпадот во ООУ „Партенија Зографски“, во општина Кисела Вода. Активноста беше дел од настаните на отворено со караванот за демонстрирање експерименти во […]

  • ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА „ЕКО ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ПРИЛЕП“ ЗА ТРЕТИОТ #ЗЕЛЕНПЕТОК

    Во рамки на иницијативата #ЗеленПеток, се одржа ликовната изложба „Еко перспективиза Прилеп“, како дел од третата по ред месечна акција #ЗеленПеток, посветена наподигнување на еколошката свест и поттикнување активен дијалог во заедницата. Изложбата ги претстави уметничките изработки на млади учесници од Прилеп, создадениза време на едукативна ликовна работилница реализирана во ноември 2025 година, ворамки на…

  • ОДРЖАНА СРЕДБА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ЕКОЛОШКА ПРАВДА

    На 26.12.2025г. во просториите на Македонската Академија за науките и уметностите (МАНУ), беше одржана средба на Платформата за еколошка правда, каде присуствуваа претставници од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонско еколошко друштво, Министерството за внатрешни работи, Македонското здружение на млади правници, МАНУ, ДИЖС, Институт за социолошки, политички и правни истражувања, Министерството за правда, ОЈО […]

  • Од играчка до алгоритам што личи на вистина

    Сè уште го паметам чувството, како дете држам в раце пластично „телевизорче“, речиси џебно, и одеднаш добивам моќ да пуштам слика што се движи. Немаше батерии, сигнал или електроника. Имаше тркалце што се врти и внатре лента со пејзажи што се менуваат. Дрвја, улици, воз, река, планина… Сцената се менуваше „како вистинска“, но доволно јасно […]

  • Национална конференција „Младите во борбата против корупцијата“

    Во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“ беше организирана Национална завршна конференција „Младите во борбата против корупцијата“. На конференцијата се собраа граѓански организации, креатори на политики, младински лидери и членови на заедницата за да дискутираат за резултатите од проектот.

  • Селектирање и оптимизирање на органска фракција од цврстиот комунален отпад

    1⃣ Што претставува органската фракција на цврстиот комунален отпад (ЦКО)?
     

    Вклучува: отпад од храна, градинарски/зелен отпад, хартиени бришачи, салфети, биоразградливи пакувања
    Исклучува: пластика, метал, стакло, опасен отпад, пакување и отпад од пакување
    претставува 30–50% од вкупниот ЦКО во повеќето општини → основна суровина за компостирање, производство на биогас и циркуларна економија.

     
    2⃣ Како да селектираме органска фракција
    Чекор 1 – Селекција на изворот во домаќинствата, и комерцијалниот сектор
     

    Вообичаено се користат кафени канти или кеси за компостирање.
    Јасно обележете со „ДА/НЕ“ во листата (пр. лушпи од овошје, пластика).

     
    Чекор 2 – Собирање & Сортирање

    Собирање од-врата-до-врата или означување на собирни точки во заедницата.
    Користете паметни канти (RFID ознаки, сензори за тежина) за следење на исполнетоста.

     
    Чекор 3 – Пред-третман

    Механичко одвојување (отстранување на загадувачи).
    Сечкање и хомогенизација пред биолошки третман.

     
    Собирањето на отпад од храна од изворите на создавање, најчесто наметнува примена на сертифицирани кеси за компостирање, со цел да се спречат истекувања и собирните места да се одржат чисти. Жителите на некои земји се должни да го сортираат отпадот од храна во хартиени кеси или во разградлива пластика[1].
    [1] Технички стандард за пакување, согласно Европскиот стандард EN 13432
     
    3⃣ Оптимизирање на селективното собирање на органската фракција
     
    Подигнување јавна свест & Образование → училишни кампањи, социјални медиуми, работилници во заедницата.
    Инфраструктура → обезбедување доволно канти на јавни места.
    Олеснувања → плати-колку-што-исфрлаш (помали надоместоци за оние кои правилно одвојуваат  фракции).
    Мониторинг → следење на стапката на контаминација, ефикасност на собирање, учество.
    Innovation → паметни канти, дигитални апликации за насочување на жителите, систем на награди.
    Систем за повратни информации → (на пр., „нашата заедница успеа да пренамени 40% органски отпад овој месец“)

    Пр. за контролен систем – налепници коишто означуваат неправилно постапување
     
    Контроли на квалитетот за време на собирањето
    Спроведувањето на контроли на квалитетот за време на услугата за собирање може да послужи како клучна алатка во спречувањето на влегувањето на физички загадувачи во постројките за органско рециклирање. Ова е особено значајно во областите каде што се користат шеми за собирање, бидејќи добро обучена екипа за собирање може визуелно да ги провери индивидуалните канти од домаќинствата. Тие можат да одбијат да ги испразнат контејнерите што не ги исполнуваат стандардите за квалитет наведени од локалниот оператор.
     
    (Извор: ISWA Practitioner’s Guide_Contaminants Report 2023)
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија,  Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
     
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.
     

  • Вистината на попуст: колку вреди трудот на македонскиот новинар

    Ниските плати, политичките притисоци и зависноста од државните пари ја претворија новинарската етика во борба за опстанок. Во редакции со стари компјутери, со хонорарно ангажирани новинари и медиумски соработници, како и со плати под државниот просек, македонските новинари редовно ја плаќаат сметката за вистината. Додека бројот на портали расте, довербата во медиумите опаѓа. Она што некогаш […]

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор