Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Повик за изработка на веб страница

    Хелсиншкиот комитет за човекови права, за потребите на проектот Safe Spaces for all: Bridging Gaps in LGBTIQ+ inclusion, има потреба од ангажирање на Лице за изработка на веб страна.
    Предвидени задачи (опис на позицијата) 

    Изработка на веб страница на Сигурната куќа;
    Комуникација со тимот.

    Квалификации: 
    Образование и работно искуство 

    Завршени додипломски студии или соодветен курс;
    Претходно релевантно работно искуство во изработка на веб страници.

    Технички вештини 

    Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint (задолжително), искуство со користење на Teams и One Drive за работни комуникации и соработка (пожелно)

    Систем на вредности:
    Во нашата организација, ги негуваме и почитуваме основните човекови вредности за кои се залагаме во нашето работење и веруваме во следните основни вредности кои нè водат во секојдневната работа и односите со нашите колеги и сите засегнати страни:

    Искреност – Отвореност и транспарентност во комуникацијата, градење на доверба помеѓу сите членови на тимот.
    Иновација – Постојан стремеж кон создавање нови решенија и подобрување на нашите активности и услуги со користење на современи технологии и методи.
    Тимска работа – Соработка и поддршка на колегите, воедно почитување на разликите и различните перспективи на секој поединец.
    Образование и развој – Инвестирање во личниот и организацискиот развој преку континуирано учење и професионално усовршување.
    Одговорност – Преземање лична одговорност за сопствените дела и одлуки, посветеност на постигнување на заедничките цели на организацијата.
    Еднаквост и инклузија – Поттикнување вклучување и еднакви можности за сите, независно од полот, родот, етникумот, религиозната определба, сексуалната ориентација или други основи за различност.
    Солидарност – Поддршка на нашите колеги и заедницата во време на потреба, работа на создавање инклузивна средина која охрабрува различни гласови и перспективи.
    Почит – Уважување на секого како поединец, со сите негови вредности и уверувања.

    Како да се пријавите 
    За да се пријавите, Ве молиме да доставите:

    CV (на англиски јазик)
    Мотивациско писмо (на македонски јазик) за Вашиот интерес и квалификации за позицијата, во кое би сакале да прочитаме за тоа како Вашето досегашно работно искуство и образование е релевантно за потребните знаења, вештини и работните задачи предвидени за оваа позиција (не повеќе од 250 зборови)

    Вака подготвената пријава треба да ја пратите по електронска пошта на helkom@mhc.org.mk со наслов ИЗРАБОТКА НА ВЕБ СТРАНА. Рокот за пријавување е заклучно со 20 јуни, 2025 година. Само кандидат/к/ите кои ќе ја поминат првата фаза на разгледување на пријавите ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

  • Меморандум за соработка со Министерството за образование и наука

    Соработката ќе се одвива во неколку области:
    Подготовка на анализи и предлози за унапредување на образовните политики;
    Поддршка во развојот на индикатори и механизми за следење на ефектите од политиките;
    Размена на податоци, информации, наоди од истражувања и експертски мислења од заемен интерес;
    Организирање настани за јавна промоција и едукација поврзани со образовните предизвици и решенија.

  • Повик за ангажирање на координатор на социјален центар

    Хелсиншкиот комитет за човекови права, за потребите на проектот „Safe Spaces for all: Bridging Gaps in LGBTIQ+ inclusion“, има потреба од ангажирање на координатор на социјален центар.
    Предвидени задачи (опис на позицијата) 

    Координирање на активности кои ќе се одржуваат во центарот;
    Комуникација со тимот;
    Организирање настани во центарот;
    Водење евиденција за присутни на настани;
    Одговорен за целосното функционирање на центарот.

    Квалификации: 
    Образование и работно искуство 

    Завршени додипломски студии;
    Најмалку 2 години релевантно работно искуство во областите на работа на организацијата;

    Технички вештини 

    Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint (задолжително), искуство со користење на Teams и One Drive за работни комуникации и соработка (пожелно)

    Знаење и други вештини 

    Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
    Способност за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
    Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различности

    Систем на вредности:
    Во нашата организација, ги негуваме и почитуваме основните човекови вредности за кои се залагаме во нашето работење и веруваме во следните основни вредности кои нè водат во секојдневната работа и односите со нашите колеги и сите засегнати страни:

    Искреност – Отвореност и транспарентност во комуникацијата, градење на доверба помеѓу сите членови на тимот.
    Иновација – Постојан стремеж кон создавање нови решенија и подобрување на нашите активности и услуги со користење на современи технологии и методи.
    Тимска работа – Соработка и поддршка на колегите, воедно почитување на разликите и различните перспективи на секој поединец.
    Образование и развој – Инвестирање во личниот и организацискиот развој преку континуирано учење и професионално усовршување.
    Одговорност – Преземање лична одговорност за сопствените дела и одлуки, посветеност на постигнување на заедничките цели на организацијата.
    Еднаквост и инклузија – Поттикнување вклучување и еднакви можности за сите, независно од полот, родот, етникумот, религиозната определба, сексуалната ориентација или други основи за различност.
    Солидарност – Поддршка на нашите колеги и заедницата во време на потреба, работа на создавање инклузивна средина која охрабрува различни гласови и перспективи.
    Почит – Уважување на секого како поединец, со сите негови вредности и уверувања.

    Како да се пријавите 
    За да се пријавите, Ве молиме да доставите:

    CV (на англиски јазик)
    Мотивациско писмо (на македонски јазик) за Вашиот интерес и квалификации за позицијата, во кое би сакале да прочитаме за тоа како Вашето досегашно работно искуство и образование е релевантно за потребните знаења, вештини и работните задачи предвидени за оваа позиција (не повеќе од 250 зборови)

    Вака подготвената пријава треба да ја пратите по електронска пошта на helkom@mhc.org.mk со наслов КООРДИНАТОР НА СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР. Рокот за пријавување е заклучно со 20 јуни, 2025 година. Само кандидат/к/ите кои ќе ја поминат првата фаза на разгледување на пријавите ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

  • Резултатите од мониторингот на владините ветувања претставени на прес

    КОМПАС: Мониторинг на Владините Ветувања 2024–2028

    Колкав е прогресот во исполнувањето на Владините ветувања во првата година од мандатот?

    Денес ги презентиравме наодите од првата година на следење преку платформата КОМПАС, која ги мапира 139 ветувања во пет области: социо-економија, образование, здравство, млади и родова еднаквост.

  • Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

    Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со фокус на зголемена транспарентност, кредибилитет и инклузивност. Конкретна целе да се зајакнат граѓанските организации во нивното активно учество и ангажираност за инклузивни, транспарентни и отчетни локални избори со фокус на учеството на жените, младите и маргинализираните групи.

    Добитници на акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025 се:

    Младински културен центар – Битола

    Наслов на проект: Активни граѓани за фер и транспарентни локални избори

    Хелсиншки комитет за човекови права

    Наслов на проект: Мониторинг на говорот на омраза – гаранција за демократски избори

    Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје

    Наслов на проект: Фер трошење за фер избори: Следење на јавните набавки на општините во изборната година

    Здружение- Балкански Институт за регионална соработка, Тетово

    Наслов на проект: Гласови на еднаквост, демократија за сите

    Сојуз – Национален совет за родова рамноправност

    Наслов на проект: Моја иднина, мој избор – зајакнати жени и девојки за транспарентни и инклузивни локални избори 2025 година

    Центар за истражување и анализи НОВУС, Струмица

    Наслов на проект: “Изборен Навигатор за зајакнување на демократијата и изборниот процес во С. Македонија”

    Рурална Коалиција, Кичево

    Наслов на проект: Руралните заедници за отворени и отчетни избори

    Институт за економски стратегии и меѓународни односи Охрид, Скопје

    Наслов на проект: ПАКТ – Подмладоци за активна комуникација и толеранција

    Центар за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА, Битола

    Наслов на проект: Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор

    Асоцијација Институт за социјална промена – ИНСОК во партнерство со Здружение за права и хуманост Интегра Нау Скопје

    Наслов на проект: Фер избори – можности за помалите заедници

    РЕАКТОР – Истражување во акција

    Наслов на проект: Локални гласови за демократија: Моќ, влијание и еднаквост во пракса

    Со вкупен фонд од околу 110.000 евра, овие грантисти ќе придонесат за зајакнување на граѓанските организации и граѓаните, преку нивно активно учество и ангажирање во мониторингот на Локалните избори во октомври 2025 година. Покрај набљудувањето на изборниот процес, овие грантисти ќе работат на справување со различни предизвици, вклучително и мониторинг на говор на омраза, хибридни закани во дигиталниот простор, мониторинг на јавните набавки од страна на општините во изборната година, но и ќе се фокусираат на специфични целни групи како што се жените, младите, вклучувањето на малцинските групи како Ромите, руралните заедници, лицата со попреченост итн.
    На јавниот повик беа поднесени вкупно 40 апликации, од кои 36 ја поминаа проверката на административната усогласеност и подобноста и беа оценувани од страна на Комисијата за оценка на апликации за квалитетот на поднесената апликација, согласно критериумите за оценка дадени во Упатството за аплицирање.
    На идните грантисти им честитаме за успешните проектни апликации и им посакуваме среќа и успешна реализација на проектните активности!
    Овие субгрантови се доделени во рамки на ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонски центар за меѓународна соработка, Асоцијација за демократски иницијативи АДИ од Гостивар и Медиа плус Штип.

    Следно >

    Поврзани:

  • Повик за избор на обучувач за мониторинг, евалуација и учење на организациско ниво

    Петок, 13 јуни 2025 08:00

    Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во рамки на проектот “ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2”, финансиран од Европската Унија отвори повик за избор на обучувач за мониторинг, евалуација и учење на организациско ниво.

    Обучувачот ќе ги има следниве задачи и одговорности:

    Снимање на онлајн воведна обука за Мониторинг, евалуација и учење  на организациско ниво која треба да се состои од кратки едукативни видеа (секое до 10 минути) за 3 модули од оваа област, кои ќе бидат објавени на Академијата на ГРЦ.
    Испорака на дводневна работилница на тема Мониторинг,  евалуација и учење на организациско ниво.
    Изготвување на Прирачник/Насоки за мониторинг, евалуација и учење на организациско ниво.

    Краен рок за аплицирање е 27 јуни 2025 година. Апликациите треба да се достават на 
    Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
    .
    Овој повик е дел од проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

    < Пред   Следно >

    Поврзани:

  • Давиде, волонтерот од Европскиот солидарен корпус, се приклучи на нашиот тим во Скопје!

    Во потрага по нови предизвици и искуство, Давиде реши да ги помине следните шест месеци со нас, придонесувајќи кон еколошки промени и учејќи повеќе за одржливост, мобилност и локални иницијативи.Веќе е целосно вклучен во нашите проекти, полн со идеи, енергија и желба да направи разлика – а ние сме среќни што сме дел од неговата приказна. Добредојде, Давиде – ти посакуваме незаборавно и инспиративно волонтерско патување низ Македонија! First impressions from SkopjeMonday, June 9th, 2025Three weeks ago, almost at midnight, I landed in Skopje. It was a last-minute departure that I’m stillprocessing, but already grateful for. Coming here wasn’t an easy decision, but it felt like the right time: Ihad six months between two jobs and wanted to spend them somewhere new, doing somethingmeaningful.I came to contribute to the work of EcoLogic, a local environmental NGO, and to learn as much as I couldabout their mission and the environmental challenges they address. And I’m already doing just that –getting involved in ongoing projects, helping organize events, and learning more every day aboutsustainability, mobility, and grassroots initiatives.I’ve known about Macedonia for a while, but only through the words of a friend from school who’s fromhere, and I’d always wanted to visit. When this opportunity came up, I couldn’t turn it down. I’m alreadyenjoying Skopje, and beyond work, I’m looking forward to exploring the rest of the country – its cities,mountains, lakes, and national parks. I can’t wait for long hikes and weekend trips.This is my first time taking part in an ESC project, and I’m also the first volunteer hosted by EcoLogic. I’lldo my best to make it easier for others to follow and to help more young people discover this valuable andinspiring reality!Davide

  • Умерено исполнување на владините ветувања, со големи разлики по сектори

    Соопштение за медиуми
    КОМПАС: Мониторинг на Владините ветувања (2024-2028)

    Finance Think, во партнерство во Македонскиот центар за граѓанско образование, Македонското лекарско друштво и Младинскиот образовен форум, ја претставува надградената мониторинг рамка КОМПАС за системско следење на реализацијата на владините ветувања за периодот 2024–2028. Оваа рамка ја надградува претходната верзија која го мапираше економскиот напредок во периодот 2020–2024.
    Платформата „КОМПАС“ (https://kompas.financethink.mk) ја следи реализацијата на вкупно 139 ветувања, распоредени во пет приоритетни области: социо-економија, образование, здравство, млади и родова еднаквост.
    Вкупен напредок: умерено исполнување со значајни разлики по области
    Од вкупните ветувања, досега се целосно реализирани 18 (13%), додека 51 ветување (37%) се во насока на исполнување. Најголем напредок е постигнат во областа на образованието, каде 24% од ветувањата се исполнети, а 70% се во тек. Зад него следат социо-економските политики и политиките за млади, со по 9% реализирани ветувања. Реализацијата во здравство има поумерена динамика, три ветувања се реализирани и 5 во насока на исполнување. Најмал прогрес е забележан во областа на родовата еднаквост, каде што нема ниту едно активно или реализирано ветување (График 1).
    График 1: Исполнетост по области

    Социо-економски политики: Делумен напредок, но со потенцијални ризици
    Од 43 мапирани ветувања, 4 се исполнети, а 12 се во насока на исполнување. Реализираните ветувања вклучуваат: непроменети даночни стапки на личен доход и добивка, неоданочување на реинвестирана добивка и зголемување на пензиите за 5,000 денари. Во насока на исполнување, најголем дел се од областа стабилни финансии кои придонесуваат кон макроекономска стабилност како раст на БДП, контрола на инфлацијата, намалување на јавниот долг и невработеноста, зголемени инвестиции и креирање нови работни места.
    Од аспект на исполнетост, иако бројот на целосно исполнети ветувања е релативно мал, мерките кои се во насока на исполнување се задоволителни. Поголема причина за загриженост се ветувањата чие исполнување се движи во спротивна насока, особено затоа што тие претставуваат клучни структурни реформи. Станува збор за ветувањата поврзани со намалување на буџетскиот дефицит под 3% од БДП, намалување на сивата економија, зголемување на продуктивноста, поддршка на извозот и умерен пораст на платите во јавниот сектор.
    Дополнителен предизвик претставува усогласеноста на владините приоритети со реалните потреби и очекувања на граѓаните. Според последното истражување „Што е клучно за подобрување на квалитетот на живот?“, граѓаните идентификуваат дека услугите за грижа на стари лица и деца старски домови и детски градинки), се оценети како недоволно достапни, а често и скапи. Додека квалитетот на патната инфраструктура и јавниот транспорт се оценети со најлош квалитет. Истовремено, највисока поддршка добиваат ветувањата за отворање нови работни места, капитални инвестиции и проширување на капацитетите за детска грижа. Од друга страна, поддршката за зголемување на платите во јавната администрација е ниска, дури и со голем процент на негативен став по однос на зголемувањето на платите, а зголемувањето од 16,8% во 2024 е дури и над даденото ветување за пораст согласно растот на економијата.
    Во наредниот период, неопходно е да се задржи фокусот врз ветувањата чие исполнување е веќе започнато, со цел тие да се довршат во разумен рок. Особено внимание треба да се посвети на ветувањата чие реализирање започна позитивно до крајот на 2024 година, но покажуваат ризици од отстапување во првиот квартал на 2025 – како што се стапката на инфлација и поголема наплата на средства во државниот буџет, како и подоброто усогласување на владините приоритети со очекувањата и реалните потреби на граѓаните.
    Образование: највисок степен на реализација
    Од 37 мапирани ветувања, исполнети се 9, а 26 се во насока на исполнување, што укажува на силна динамика на активностите. Ветувањата кои се реализирани или се во насока на исполнување вклучуваат зголемување на буџетот за образование (на 3.79% од БДП), ревизија на Концепцијата за основно образование, поддршка за успешни училишта, како и проширување на мерките за образовна инклузија. Иако е направен почетен чекор во реформата на високото образование, реализацијата на ветувањата во овој сегмент останува најслаба. Одредени ветувања, како воведување СТЕМ концепт и отворање центар за обука на наставници, сè уште не се реализирани или отпочнати. Дел од ветувањата не се транспонирани во стратешките документи на МОН, ниту се ревидирани и преформулирани во насока да соодветствуваат на тековните политики на МОН што укажува на потреба од поголема усогласеност меѓу Владината програма и реалните капацитети на системот. Сепак, воспоставувањето индикатори за следење на имплементацијата е позитивен чекор кон поефикасен мониторинг.
    Здравство: ограничен напредок со важни почетоци
    Од 31 ветување, реализирани се 3, а 5 се во насока на исполнување. Тие вклучуваат: зголемување на капитацискиот бод за лекарите од примарната здравствена заштита, укинување на позициите економски директори, како и воведување девет нови генерички лекови на позитивната листа по подолг временски период. Започнат е процесот на вработување на околу 1,018 здравствени работници кои досега беа ангажирани по договор на дело во јавните здравствени установи (ЈЗУ). Иако процесот е во тек, истиот се соочува со одредени административни предизвици кои го забавуваат. Исто така, започнати се и постапките за вработување на приватните специјализанти во јавното здравство. Паралелно се спроведуваат проекти за реновирање на неколку здравствени установи и набавка на нова медицинска опрема за дијагностика и третман во повеќе здравствени центри.
    Сепак, предизвиците остануваат значајни: темелна реформа на примарната здравствена заштита и другите нивоа на здравствениот систем, регионализација на болниците, недостиг од здравствен кадар, дигитална трансформација и воспоставување одржлив систем за долготрајна нега.  Дополнително, перцепциите на граѓаните откриваат значајна неусогласеност меѓу очекувањата и реалноста. Граѓаните оценуваат ограничена достапност до специјалистичка здравствена заштита, недоволно квалитетна инфраструктура и високи лични трошоци за лекови и здравствени услуги. Овие наоди укажуваат дека мерките во здравствениот сектор мора да бидат поусогласени со реалните потреби на граѓаните, со акцент на подобрување на пристапноста, квалитетот и финансиската заштита. Целта е да се воспостави модерен, ефикасен и одржлив здравствен систем, со јасни стандарди, подобра инфраструктура и кадровски потенцијал, кој ќе одговори на очекувањата на граѓаните и ќе обезбеди квалитетна здравствена услуга на сите нивоа
    Млади: институционален напредок, недоволно спроведување конкретни ветувања
    Следени се 15 ветувања, од кои 2 се исполнети, 8 се во насока на исполнување, а 5 не се реализирани. Иако е формирано ново Министерство за социјална политика, демографија и млади, како и Центар за истражување на младински прашања – што претставува значајна институционална новина – најавените конкретни ветувања, како ваучери од 250 евра за електронски уреди за студенти, М-апликација за младински стандард или проектот „Купи куќа за млади“, сè уште не се исполнети.
    Од друга страна, започнати се иницијативи за реновирање на студентски домови и зголемена финансиска поддршка за млади земјоделци. Ваквите резултати упатуваат на потребата од јасни рокови, зајакнати институционални капацитети. Исто така, приоритизирањето на мерките треба да се совпаѓа со реалните потребите на граѓаните и младите, како што е поддршката од 80% за подобрување на условите за домување, 63% за мерката „Купи куќа за млади“ и 73% за финансиска поддршка на млади претприемачи, меѓу останатите.
    Вкупната акција е поддржана од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС, НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

  • Локални актери, заедничка визија- настан на македонската мрежата на Ана Линд Фондација во Преспа

    На 29-30 мај 2025 година, АЛДА за Балканот (координаторот на мрежата), во соработка со членката на мрежата Го Грин, организираше дводневен настан за вмрежување во Преспа, Северна Македонија. Настанот имаше за цел да ја зајакне соработката, да промовира дијалог и да поттикне нови партнерства меѓу организациите-членки во инспиративна и природна…

  • Метаморф и зелените херои: Стрип што инспирира акција!

    Во свет во кој младите се бомбардирани со информации и дигитален шум, ние во Еко Логик одлучивме да направиме нешто поинакво – нешто што ќе ги привлече, едуцира и инспирира. Резултатот? 📖 Едукативна стрип-серија што ги буди младите херои во секој ученик!Во рамки на GREEEN – Games, Resources, Environment, Entrepreneurship and Education, заедно со партнери од Романија , Италија , Кипар и СОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес , го создадовме “The Green Superhero”, стрип кој ги носи читателите на незаборавна авантура низ Европа.🦸 Метаморф: Херојот што се менува за да спаси планетатаЗапознајте го Метаморф – супер херојот кој може да се претвори во сè што е потребно за да се справи со предизвиците на животната средина. Во секоја земја низ која патува, Метаморф се соочува со различни закани: загаден воздух, пожари, вода загадена од човечки немар, и многу повеќе. Но, тој никогаш не е сам – младите зелени херои од секоја земја му помагаат со идеи, храброст и акција. 💪🌍💬 Пораката е јасна: Промената почнува од тебе!Овој стрип не е само за читање – тој е повик на акција.🔊 “Можеш и ти да бидеш зелен херој!” – е мотото што се провлекува низ секоја страница. Децата учат дека:🌬 Воздухот ќе биде почист ако се користи велосипед или јавен превоз🔥 Пожарите не се случуваат сами – тие најчесто почнуваат поради наша немарност🌊 Загадувањето на водата има последици – но може да се спречи со правилно однесување🌳 Секој засаден дрвце значи чекор поблиску до поздрав светСоздаден со млади – за младиПосебна благодарност до учениците кои помогнаа во развојот на стрипот, заедно со нивните наставници. Токму нивната енергија и креативност направија овој стрип да биде жив, инспиративен и полн со надеж.📢 Од училница до улица: Ајде да бидеме дел од решението!Преку овој стрип, GREEEN проектот го спојува образованието со креативноста и ги охрабрува младите не само да учат за животната средина – туку да ја заштитуваат.Ако си родител, наставник, млад човек или едноставно љубопитен читател – преземи го стрипот, сподели го со пријателите, и запомни:И ти можеш да бидеш Метаморф.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор