[Aggregator] Downloaded image for imported item #47189

ЗЕМЈОДЕЛСТВО БЕЗБЕДНО ОД ПОЖАРИ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

На 27 март 2026 год. во рамки на проектот ,, Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци” започна садењето на зелениот заштитен појас кој ќе помогне во справувањето и ограничувањето на ризиците од пожари во земјоделските предели на Општината. Во текот на оваа активност се засадија 1100 садници садници од неколку дрвенести видови, односно 700 садници јавор, 290 садници питом костен, 50 садници див костен и 60 садници евла, во атарот на село Новаци. Заедно со локалната заедница и земјоделците помагаме во спречувањето на пожарите онаму каде што се најопасни, во близина на нивните посеви и имоти. Во засадувањето беа вклучени и младите од Општината, припадници на Волонтерското противпожарно доброволно друштво во Општина Новаци станувајќи на тој начин дел од позитивните промени во општината со цел да се превенираат идните настанувања на пожари. На овој начин повтороно ги вклучивме  млади луѓе, од кои многумина доаѓаат од земјоделска средина, како идни засегнати страни. Засадувањето беше на локација покрај Спортско-рекреативна пешачка патека НОВАЦИ – Манастир на Пресвета Богородица во општина Новаци. Во оваа прилика како донација од проектот беше доделена моторна дупчалка за засадување на садници со повеќе бургии која Општината Новаци ќе можат да ја користат во некои идни акции за засадување.

Засадувањето продолжи на 28-ми март се додека не се засади и последната садница и со тоа затворивме едно важно поглавје во заштитата од пожари на отворен простор во Општина Новаци. Со засадувањето на последното планирано дрвце од зелениот појас за заштита од пожари, комплетиравме една целина која на траен и одржлив начин ќе помогне во спречувањето и ограничувањето на пожари во овој земјоделски предел. Со оваа мерка се спроведува континуирано, нискобуџетно спречување на пожари што ќе им користи на локалните заедници на долг рок, без потреба од значително надворешно финансирање.

Проектот е дел од програмата „Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан“ (Landscape Fire Management in the Western Balkans (LFMWB)), што се спроведува со поддршка на Владата на Швајцарија претставувана од Швајцарското федерално министерство за надворешни работи (Swiss Federal Department of Foreign Affairs), преку  Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Аgency for Development and Cooperation – SDC) и во координација со Фармахем од Скопје, како Регионална извршна агенција на програмата.

Општата цел на Програмата е да ја зголеми отпорноста на шумите и пределите од пожари во Западен Балкан, чија егзистенција и социо-економскиот развој зависат од овие предели, користејќи партиципативен пристап со вклучување на локалното население во процесите, преку промовирање на родова еднаквост и зајакнување на јавната свест за важноста на заштитата на природните ресурси.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ)

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор