[Aggregator] Downloaded image for imported item #46711

#Зелен Петок: „Размена наместо отпад“ – мали навики со големо влијание

Со голем интерес и позитивна енергија се реализираше шестото издание на „Зелен Петок“, повторно посветено на иницијативата „Размена наместо отпад“. Настанот беше организиран како одговор на интересот на граѓаните кои не успеаја да се вклучат претходниот пат, а овојпат покажа дека ваквите акции имаат вистинска вредност и потенцијал да прераснат во редовна практика.

На настанот учествуваа околу 20 учесници, најголемиот дел млади, кои активно се вклучија во размената на предмети: облека, книги, домашни работи и други употребливи предмети. Просторот беше исполнет со динамика, но и со чувство на заедништво и споделување, каде секој донесе нешто свое, а замина со нешто што му е потребно.

Покрај самата размена, настанот отвори и важни разговори за одржливо живеење, намалување на отпадот и важноста на реупотребата. Учесниците дискутираа за тоа како секојдневните избори влијаат врз животната средина и како мали промени во навиките можат да имаат значаен ефект.

Особено охрабрувачки беше ставот на голем дел од учесниците кои ја препознаа размената не само како еднократен настан, туку како пракса што треба да стане дел од нивното секојдневие. Токму оваа промена во перцепцијата – од настан кон навика – е еден од најзначајните резултати од ова издание на „Зелен Петок“.

Со вакви иницијативи, заедницата прави чекор напред кон поодговорно и солидарно живеење, каде вредноста на предметите не завршува со нивната прва употреба.

*Активноста е во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор