Javen povik za prijavuvanje ucestvo vo procesot na ko kreiranje na nacionalen akciski plan za partnerstvo za otvorena vlast 2026 2028 godina image gze1 1 768x768

Партнерство за отворена власт – Конференција за отпочнување на процесот на ко-креација на НАП за ПОВ 2026 – 2028

Министерството за јавна администрација, во соработка со Метаморфозис фондација и Центарот за граѓански комуникации, организира Конференција за отпочнување на процесот на ко-креација на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026 – 2028, која ќе се одржи на 2 април (четврток) 2026 година во Клубот на органите на државната управа со почеток во 11.00 часот.

Конференцијата ќе го означи почетокот на инклузивен процес за дефинирање на приоритетите и заложбите во рамки на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт, преку заедничко учество на институции, граѓански организации и релевантни чинители. Настанот ќе отвори дискусија за стратешката визија и институционалната посветеност кон Партнерството за отворена власт, како и за конкретните придобивки од учеството, вклучително транспарентност, отчетност, инклузивност и отворени институции.

Во рамки на агендата предвидени се презентации и панел-дискусии со претставници на институции и граѓанското општество, како и интерактивна работа во тематски групи за ко-креирање на приоритетни области како антикорупција, граѓански простор, дигитално управување, животна средина и отворени институции.

Дел од поддршката за организирање на конференцијата е овозможена од проектот „Заедно за Партнерство за отворена власт: Поддршка на процесот на имплементација и дизајнирање на иднината“ финансиран од Секретаријат за Партнерство за отворена власт.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Метаморфозис

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор