[Aggregator] Downloaded image for imported item #46368

Учество на наставен час по предметот ИЗВИДНИШТВО

На 25.03.2026 год. (среда) членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес беа поканети да учествуваат на часовите по предметот “Извидништво“ во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ кај наставникот Илчо Стојановски. Тие помогнаа во реализација на настваната програма по предметот и учествуваа во обуката на учениците во делот на првата помош, односно фрактури на екстремитетите и скочниот зглоб.

Учениците имаа можност да видат како нашите членови го користат нивното знаење во областа на првата помош, кој го користат на регионални и меѓународни акции и активности. Исто така покрај вежбите за прва помош при фрактура,  учениците ги презентираа нивните презентации за прва помош, каде нашите членови им помогнаа подобро да го разработат материјалот.

На овие часеви учествуваа нашите членови Вања Андова, Љупче Неделкосвски, Стефан Несторовски и нашиот началник Иван Гушев.

Сакаме да се заблагодариме на ООУ “Св. Кирил и Методиј“ и на наставникот Илчо Стојановски кој не поканија да учествуваме, а со ова ја продолжуваме и нашата соработка при совладување на наставната програма за предметот извидништво  и долгогодишната успешна соработка со извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес.

The post Учество на наставен час по предметот ИЗВИДНИШТВО appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор