[Aggregator] Downloaded image for imported item #46347

ФТ Став бр. 68 за инфлацискиот ефект од енергетскиот шок

Finance Think изврши моделска пресметка на ефектите од актуелниот геополитички шок врз инфлацијата, која се базира на три сценарија, кои се разликуваат според интензитетот и перзистентноста на ценовниот шок кај енергенсите, како и по начинот на негово пренесување во економијата.

Во основното сценарио, се претпоставува дека шокот е веќе делумно вграден во тековните пазарни цени и дека нема натамошна ескалација. Цените на енергенсите краткорочно растат, со пик до крајот на вториот квартал од 2026 година, по што релативно брзо се стабилизираат во услови на деескалација на воените активности и започнуваат постепено да опаѓаат во втората половина на 2026 и текот на 2027 година. Преносот кон останатите цени е ограничен и постепен, без значајни секундарни ефекти.

Во неповолното сценарио, се претпоставува посилен, но сепак временски ограничен шок. Цените на енергенсите растат понагло и достигнуваат повисок пик во третиот квартал од 2026 година, додека неизвесноста и надворешните услови дополнително се влошуваат. Во ова сценарио, преносот кон другите цени е поизразен, вклучувајќи и индиректни и секундарни ефекти, но со текот на времето шокот почнува да се повлекува, со видлива нормализација во текот на 2027 година.

Во екстремното сценарио, се претпоставува силен и перзистентен шок, поврзан со продолжена геополитичка ескалација и трајни нарушувања во снабдувањето. Цените на енергенсите продолжуваат да растат и достигнуваат пик кон крајот на 2026 година (четврти квартал), по што остануваат релативно високи подолг период и започнуваат да опаѓаат побавно во текот на 2027 година. Преносот во економијата е поинтензивен и поширок, поради што инфлаторните притисоци се позадржани и поизразени.

Резултатите од моделските пресметки за Северна Македонија покажуваат дека инфлацијата ќе се зголеми во сите сценарија, но со значајни разлики во динамиката. Во основното сценарио, растот на инфлацијата е умерен и краткотраен, со пик во средината на 2026 година, по што следи постепена нормализација. Согласно на ова, Finance Think ја ревидира својата проекција за просечната инфлација во 2026 година на 3.5% со изразени нагорни ризици.

Во неповолното сценарио, пикот е повисок и се поместува кон втората половина на 2026 година, а враќањето кон пониски стапки е побавно. Во ова сценарио, 2026 би се завршила со просечна инфлација од 6.1%. Во екстремното сценарио, инфлацијата достигнува највисоко ниво кон крајот на 2026 година и се задржува повисока и во текот на 2027 година, што укажува на поизразена перзистентност на шокот. Во ова сценарио, просечната инфлација за 2026 би изнесувала 8.2%.

Клучниот заклучок е дека времетраењето на шокот е пресудно за неговиот ефект врз инфлацијата. Доколку цените на енергенсите релативно брзо се стабилизираат, инфлаторниот притисок ќе остане ограничен. Но, ако шокот се задржи, тогаш преку трошоците за производство, транспорт и увоз, ќе се создаде поширок и подолготраен ценовен притисок.

Иако ризиците од повисока инфлација се реални, резултатите упатуваат дека најверојатниот исход е релативно умерен инфлаторен бран, а не повторување на ценовниот шок од 2022 година.

The post ФТ Став бр. 68 за инфлацискиот ефект од енергетскиот шок appeared first on Finance Think.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за економски истражувања и политики Finance Think

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор