Author: Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ)

  • Ден на климатските промени – 4 Ноември

    Денес го обележивме 4ти ноември Денот на климатски промени со учество на Утринска програма на Телма телевизија со нашата  Тамара Радовановиќ Анѓелковска на која што разговаравме за активностите на нашата организација поврзани со заштита на животна средина и намалување/ адаптација на климатските промени.
    Зборувавме за тоа како локалните заедници можат да станат отпорни на климатски промени и зошто е тоа важно.
    Благодарност до редакцијата на Телма телевизија за поканата!
     

  • Од отпад до нов производ: Циркуларната економија на дело во ООУ „Димо Хаџи Димов“!

    Вчера (27.10.2026), наставниците и учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“ направија уште еден голем чекор кон позелена и поодржлива иднина, покажувајќи како органскиот отпад од домаќинствата може да се претвори во вредна суровина за уредување на училишниот двор.
    По успешното собирање и селектирање на био-отпад во јуни, како и септемвриската посета за проверка на процесот, вчера активностите се вратија во училишниот двор. Изминатиов период, по наша препорака, во училишната компостара беа искористени црви за да се забрза самиот процес на компостирање. Резултатот е добивање на готов, висококвалитетен природен хумус, кој веднаш беше искористен за прихрана на училишните грмушки и цвеќиња.
     
     Зошто е клучна селекцијата на органскиот отпад?
    Невнимателното фрлање на органскиот отпад создава сериозни последици за околината. Преку оваа иницијатива, директно придонесуваме кон неколку клучни цели:

    Заштита на животната средина: Обезбедуваме почиста почва, вода и воздух.
    Грижа за здравјето: Го намалуваме загадувањето кое директно влијае врз сите нас.
    Растеретување на депониите: Намалуваме огромни количини отпад кои инаку би завршиле на депонија.
    Циркуларна економија: Добиваме нов, корисен производ преку чист еколошки процес кој започнува директно од нашите домови.

     Голема благодарност до сите вклучени!

    Упатуваме огромна благодарност до Директорката, наставниците, вредните ученици, како и до сите совесни граѓани, родители и соседи кои активно се вклучија и станаа клучниот двигател на оваа позитивна промена. Наместо во ѓубре, заедно го претворивме отпадот во нов живот!
    Секој поединечен труд е чекор поблиску до поодржлива иднина за сите нас!

     
    Погледнете го процесот:
    Како учениците вредно го подготвуваа компостот можете да погледнете во следното видео, а во галеријата подолу погледнете ги фотографиите од неговото финално искористување во дворот.
     
     
    Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остврување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, з
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

  • Повеќе од 80 граѓански организации им ја претставија работата на граѓаните на Фестивалот на Цивика мобилитас

    Шестиот по ред Фестивал на Цивика мобилитас „Ден на граѓанските организации“ се одржа на 3 октомври 2026 година, од 11 до 15 часот, во Градскиот парк во Скопје, кај фонтаната „Лотос“. Над 80 граѓански организации од целата земја пристигнаа за да им ги покажат своите активности и резултати на граѓаните. Програмата се одвиваше на главната бина, во пет шатори и во детското катче, а посетителите можеа да разговараат со организациите на штандовите.
    „Овој Фестивал е прослава на граѓанскиот активизам и неговиот придонес за општеството и за граѓаните, и сакам да им се заблагодарам и да им искажам признание на организаторите“, рече амбасадорот на Швајцарија, НЕ Кристоф Сомер во своето обраќање до присутните. Амбасадорот потсети дека Швајцарија речиси 15 години ги поддржува организациите на граѓанското општество во Северна Македонија и нагласи дека демократските општества се под притисок, а дека организациите треба да се потпираат на веродостојни информации и да создаваат простор за добро втемелена дебата. „Ова е добар момент ние, како граѓани, да се потсетиме на клучната улога на активното и живо граѓанско општество за нашите демократии. Во тој дух, особено сум среќен што гледам сè поголем број посетители, граѓани заинтересирани за работата на организациите на граѓанското општество. Повторното поврзување на организациите со граѓаните, помагањето да ги консолидираат своите заедници и зголемувањето на довербата на граѓаните во организациите на граѓанското општество се важни цели на Цивика мобилитас и клучни предизвици во овие времиња“, рече Сомер.
    Директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, нагласи дека организациите своите постигнувања ги претставуваат токму пред оние за кои работат. „Затоа ги поканувам сите да ги посетат штандовите, да разговараат со организациите и да се уверат колку многу може да направи граѓанското општество кога е поврзано со граѓаните“.
    Граѓанските организации, учесници на Фестивалот се потрудија да им ја приближат својата работа на граѓаните преку интересни и едноставни примери. Подолу ви пренесуваме дел од активностите низ неколку теми.
    Додека сите овие активности се случуваа, атмосферата ја засилуваа музичарите. Бендот The Ringtones, а потоа и DJ UX, Андреја Јовановски, заедно направија фестивалот да биде уште позабавен и да привлече повеќе од 1000 посетители кои дојдоа, се вклучија и се дружеа со граѓанските организации, активистите и воопшто луѓето од граѓанскиот сектор.
    Веруваме дека придонесовме за подобро разбирање на улогата на граѓанските организации, се надеваме дека тоа ќе ги мотивира граѓаните да станат дел од активностите, заедно да го јакнеме граѓанскиот активизам и да се бориме за подобро општество за сите!

  • КАКО КУЈНСКИОТ ОТПАД СТАНУВА ПРИРОДЕН РЕСУРС: РЕЦ, ЕКО ЛОГИК И ФЛОРОЗОН НА ФЕСТИВАЛОТ НА ЦИВИКА МОБИЛИТАС 2026

    Изминатава сабота, на 3-ти октомври 2026 година, градскиот парк пулсираше во знакот на граѓанскиот активизам. Како дел од овогодинешниот Фестивал на Цивика мобилитас, познат како „Ден на граѓанските организации“, граѓаните имаа единствена можност одблизу да се запознаат со луѓето кои се двигатели на позитивни промени во нашето општество.
    Меѓу бројните штандови, посебен интерес предизвика заедничкиот простор на Центарот за ресурси во животна средина РЕЦ, Еко Логик и Флорозон каде што беа изложени производите од учениците кои ги добија од отпад во натпреварот за зелени бизнис идеи. Овие три организации се здружија со јасна мисија – да покажат дека еколошката иднина зависи од секој од нас.
    Интерактивна работилница: Од кујнски отпад до вреден ресурс 
    Главната атракција на нивниот штанд беше интерактивната работилница за преработка и реупотреба на био-отпад. Наместо само да зборуваат за теории, експертите ги вклучија посетителите во реални експерименти за добивање на пектин и био дизел.
    „Дали знаевте дека она што секојдневно го фрламе во кујната може да стане вреден ресурс за природата?“ – беше главното прашање кое ги поттикна присутните на размислување.
    Преку практични примери, граѓаните од сите генерации научија едноставни, но ефикасни начини како драстично да го намалат отпадот во сопствените домови и како органските остатоци да ги претворат во нешто корисно за почвата и растенијата.
     
    Граѓански активизам за циркуларна економија
    Оваа успешна едукативна активност е дел од пошироката рамка на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Главната цел на проектот е менување на навиките и воведување на одржливи еколошки практики во секојдневието.
    Оваа важна иницијатива е финансиски поддржана од Владата на Швајцарија преку програмата на Цивика мобилитас.
    Фестивалот уште еднаш докажа дека кога граѓанскиот сектор и граѓаните ќе се сретнат на едно место, се раѓаат најдобрите идеи за зелено и одржливо утре.
     
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

  • Редовни контроли и еволуција на процесот на терен

    Изминативе денови направивме и теренски посети во останатите училишта во Општина Карпош со претставник од Одделението за животна средина од Општина Карпош, за да ја провериме состојбата со компостот во компостарите.
    Заклучивме, дека во некои од нив процесот сè уште трае и на компостот му треба уште малку време за целосно да се дооформи. Дадовме корисни совети за процесот и дискутиравме со директорите и наставниците како да се продолжи.

    Трпеливо чекаме наскоро, да ги „нахраниме“ и останатите училишни дворови со ова одлично природно ѓубриво!

    Со ова на дело се примени принципот на циркуларна економија — ефикасно претворање на отпадот во вреден еколошки ресурс, истовремено создавајќи поздрава, поубава и похумана средина за престој и едукација на децата и граѓаните.

    Оваа активност се реализира со силна поддршка од Општина Карпош, која во континуитет го поддржува и го унапредува системот за селекција на органски отпад и негово компостирање во училишните дворови.

    Преку ваквите проекти, заеднички покажуваме висока еколошка одговорност и поставуваме позитивен пример за идните генерации.

  • ЗАЕДНО ПРАВИМЕ ПРОМЕНА: Од органски отпад до раззеленет училишен двор во ООУ „Аврам Писевски“ !

    Во рамките на заложбите за заштита на животната средина и промоција на одржливите практики, успешно се реализираше уште една значајна фаза од активностите за селекција и управување со органскиот отпад. Во изминатиот период од три месеци, со висок степен на посветеност на наставниците, граѓаните, се спроведуваше организирана селекција, подготовка и селективно собирање на органски отпад во ООУ „Аврам Писевски“. Во оваа еколошка акција, клучната улога и главниот придонес го имаа токму учениците и граѓаните, со што се потврди важноста на заедницата во процесите на зелена транзиција. Одржливо управување со отпадот и видливи резултати.
    На 16.09.2026 год. вредните ученици со голем ентузијазам ја нахранија Билната градина и училишниот двор со природно ѓубриво- компост создаден во нивната компостара.
    Главната цел на оваа иницијатива е примарна селекција на органскиот отпад и негово одлагање во училишните компостари. Преку правилен процес на компостирање, соберениот отпад беше трансформиран во природен, висококвалитетен компост.
     
    Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија.
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

  • Успешно реализирана акција за компостирање: Циркуларна економија на дело во ООУ „Јан Амос Коменски“

    ЗАЕДНО ПРАВИМЕ ПРОМЕНА: Од органски отпад до зелени училишни дворови!
    Во рамките на заложбите за заштита на животната средина и промоција на одржливите практики, успешно се реализираше уште една значајна фаза од активностите за селекција и управување со органскиот отпад.
    Во изминатиот период од три месеци, со висок степен на посветеност се спроведуваше организирана селекција, подготовка и селективно собирање на органски отпад. Во оваа еколошка акција, клучната улога и главниот придонес го имаа токму учениците и граѓаните, со што се потврди важноста на заедницата во процесите на зелена транзиција.
    Одржливо управување со отпадот и видливи резултати
    Главната цел на оваа иницијатива е примарна селекција на органскиот отпад и негово одлагање во училишните компостари. Преку правилен процес на компостирање, соберениот отпад беше трансформиран во природен, висококвалитетен компост.
    Како директен резултат на овој процес, на 15.09.2026 година, во ООУ „Јан Амос Коменски“ добиениот компост беше искористен за уредување, збогатување на почвата и разеленување на училишниот двор. Со ова на дело се примени принципот на циркуларна економија — ефикасно претворање на отпадот во вреден еколошки ресурс, истовремено создавајќи поздрава, поубава и похумана средина за престој и едукација на децата.
    Партнерства и институционална поддршка
    Упатуваме искрена и огромна благодарност до сите соработници, училишта и партнери за досегашната одлична и плодна соработка.
    Оваа активност се реализира со силна поддршка од Општина Карпош, која во континуитет го поддржува и го унапредува системот за селекција на органски отпад и негово компостирање во училишните дворови. Преку ваквите проекти, заеднички покажуваме висока еколошка одговорност и поставуваме позитивен пример за идните генерации.
    Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија.
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)
     
     
    Со истиот ентузијазам, продолжуваме понатаму со следната голема и важна активност!
    Во претходниот период од три месеци, започнавме со организирана селекција, подготовка и селективно собирање на органски отпад. Во оваа акција клучната улога ја имаат токму нашите ученици и граѓани!
    Која е целта?
    Собраниот органски отпад се одложи во училишните компостари, каде што преку процесот на компостирање добивме природен и квалитетен компост. Добиениот компост на 15.09.2026 ООУ „Јан Амос Коменски го употреби за уредување и разеленување на училишниот двор, со што создаваме поздрава и поубава средина за децата.
    Применуваме циркуларна економија на дело!
    На овој начин, сите заедно активно го поттикнуваме и применуваме принципот на циркуларна економија — она што за некој е отпад, за нас станува вреден ресурс.
    Оваа активност ја реализираме со огромна поддршка на Општина Карпош, која силно го поддржува системот за селекција на органски отпад и негово компостирање во училишните компостари. Упатуваме огромна благодарност до сите наши соработници и партнери за досегашната одлична соработка.
     
    Да покажеме еколошка одговорност и да дадеме пример за идните генерации!
     
    Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија.
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

  • Погледнете го нашето ново промотивно видео и откријте како органскиот отпад може да стане вредна суровина!

    Преку силен фокус на циркуларната економија и еколошката едукација, сакаме да ги поттикнеме граѓаните на итна акција за правилно сортирање на отпадот — клуч чекор кон здрава животна средина и ублажување на климатските промени. Главни ѕвезди во видеото се наставниците и учениците од основните училишта каде што ги одржавме нашите едукативни работилници. Тие јасно порачуваат: со менување на секојдневните навики и активен граѓански ангажман, секој од нас има моќ да донесе позитивни промени во општеството!
    Ова видео е дел од промотивнтаа дигитална кампања со едукативно-информативни содржини за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад.
    Оваа видео е подготвено во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Цивика мобилитас #CivicaMobilitas.
     
    Содржината на оваа видео е единствена одговорност на партнерите во проектот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија #CHinMK, Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, или организациите што ја спроведуваат.

  • Циркуларна економија и повторна употреба на талогот од кафе

    Во современиот глобален контекст, кафето претставува многу повеќе од обичен пијалок – тоа е индустрија, извор на егзистенција за милиони луѓе и значаен сегмент од националните економии. Сепак, традиционалниот модел фрлање на талогот на кафе по искористување на кафето долго време доминираше во производството и потрошувачката на кафе, што резултира со прекумерна употреба на ресурси и деградација на животната средина. Како одговор на овие предизвици, концептот на циркуларна економија нуди иновативни решенија за намалување на отпадот, повторна употреба на материјали и оптимизирано управување со ресурсите.
    Талогот од кафе, дефиниран како отпад кој настанува по печењето и консумирањето кафе, претставува еден од најобемните органски отпадоци. Се проценува дека глобално се создаваат околу 9 милиони тони годишно. Само 1% од хранливите материи завршуваат во шолјата, додека остатокот – богат со протеини, липиди, целулоза, лигнин и минерални соли – останува во талогот. Овие својства го прават талогот од кафе вреден ресурс за повторна употреба во домаќинствата и индустријата. Само за момент помислете на огромната количина талог од кафе којашто секојдневно се фрла во ѓубре, без воопшто претходно да се размисли. Во талогот од кафе останува уште многу материјал којшто може да го користите за да го подобрите вашиот живот. Начините накои можете повторно да го употребите талогот од кафе во домашни услови и во индустријата се следните:
     
    Повторна употреба во домаќинствата

    Природно ѓубриво –  Благодарение на високата содржина на азот, талогот од кафе може да се користи како органско ѓубриво. Се додава директно во почвата или се користи како течно ѓубриво кое може да се користи врз растенијата по накиснување во вода во рок од 24 часа.
    Подобрување на почвата и заштита од штетници –  Киселоста на кафето делува како природен инсектицид против мушички, комарци, полжави и други штетници. Посипете го потрошениот талог од кафе врз почвата околу вашите растенија за да го зајакнете нивниот раст, како и да ги заштитите од штетници.
    Апсорпција на мириси – Исушениот талог од кафе е ефикасен неутрализатор на непријатни мириси во фрижидер (може да го ставите во сад и садот оставете го во вашиот фрижидер), обувки, спортски торби и автомобили (спакувајте дел од талогот во внатрешноста на стари врзани чорапи).
    Пилинг за кожа – Во комбинација со маслиново масло, талогот од кафе служи како природен ексфолијант за лице и тело (оставете го талогот од кафе да се исуши, а потоа додадете го маслиновото масло, додека не се добиете течен крем).
    Одгледување печурки – Поради стерилноста стекната при процесот на варење, талогот од кафе е погодна подлога за култивирање свежи печурки. Поради овој факт може повторно да се користи како подлога за одгледување свежи печурки.

    (Извор: https://coffeefrom.it/, Coffeefrom.it 2025, Coffee Kreis, https://www.mdpi.com/2076-3417/15/1/137 (2025)
    Индустриска примена

    Производство на обновлива енергија – Талогот од кафе може да се рециклира за производство на обновлива енергија. Еден од главните примери е новиот живот на отпадот од кафе во постројките за биогас, каде што енергијата се добива од земјоделска биомаса (наменски култури, нуспроизводи и земјоделски отпад),(отпад од синџирот на преработка на храна и органската фракција на цврстиот комунален отпад. Отпадот од преработката на биогас се користи и за производство на дигестации, кои можат да се користат како природно ѓубриво за почвата. Исто така  мелено кафе може да се претвори во биојаглен преку пиролиза на ниска температура. Овој биојаглен го заклучува јаглеродот во стабилна форма стотици години, создавајќи мерливи компензации на CO₂ кои можат да се сертификуваат според доброволни јаглеродни шеми. Паралелно на тоа може и да се развиваат ѓубрива збогатени со биојаглен на база на кафе, нудејќи им на земјоделците обновлив додаток на почвата што го подобрува задржувањето на водата и здравјето на почвата, а воедно придонесува за врзување на јаглеродот.
    Отпадот од кафе може да се користи и како секундарна суровина, т.е. материјали на крајот од нивниот животен век кои не се сметаат за отпад, туку се реинтегрираат во нови производствени процеси (нуспроизводи). На пример обновување на индустрискиот талог од кафе како нуспроизвод за да се формираат нови рециклирани и био-базирани термопластични соединенија, со цел да се создадат производи добиени со циркуларна економија како алтернатива на природните материјали.

    Извор: (MDPI, https://www.mdpi.com/2076-3417/15/1/137, Reuse of Spent Coffee Grounds: Alternative Applications, Challenges, and Prospects—A Review, 2024; EU Environment newsletter, Directorate-General for Environment, European Commission (2025), How a Czech company turns coffee waste into tangible and valuable products Coffee!Up translates EU policy priorities, such as waste prevention, bio-based innovation, decarbonisation and soil health, into a tangible business model.)

    (Извор:https://www.magnific.com/search?format=search&last_filter=selection&last_value=1&query=Recycling+coffee+grounds+free&selection=1#uuid=fdb6d237-a16b-4cd3-815e-be74dd5f5543)
     
    Повторната употреба на талогот од кафе е пример за практична примена на принципите на циркуларната економија. Наместо да се третира како отпад, тој може да стане ресурс со значајна економска и еколошка вредност – од подобрување на домашните услови до создавање индустриски иновации. Со вакви решенија, кафето продолжува да биде не само пијалок, туку и двигател на одржлив развој.
     
    Извори: EU Environment newsletter, Directorate-General for Environment, European Commission (2025), Coffeefrom.it (2025), The World Economic Forum (2026), Coffee Kreis (2025), MDPI (2024).
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

  • Видео за селекција на органскиот отпад

    Погледнете го промотивното видео за селекција на органскиот отпад и придобивките од селектирњето и и од реупотребата на органскиот отпад како и важноста на циркуларната економија и еколошката едукација снимено и креирано со цел да се поттикне граѓанскиот ангажман, за остварување на придобивки од итна реакција за сортирање и селективно собирање на органски отпад како секундарна суровина, во функција на здрава животна средина и ублажени климатски промени.
    Во него учествуваа наставници и ученици од основните училишта во кои одржавме работилници и ја нагласуваат важноста на циркуларната економија, на преработката и реупотребата на органскиот отпад. Во видеото е потенциран моментот дека секој од нас со менување на нашите навики, примена на еколошката едукација и активно учество можеме да направиме промени во општеството во кое живееме.
     
    Ова видео е дел од промотивнтаа дигитална кампања со едукативно-информативни содржини за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад.
    Оваа видео е подготвено во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Цивика мобилитас #CivicaMobilitas.
     
    Содржината на оваа видео е единствена одговорност на партнерите во проектот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија #CHinMK, Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, или организациите што ја спроведуваат.
     

    youtube.com/watch?v=pkwCG4HAlmc&feature=youtu.be

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор