[Aggregator] Downloaded image for imported item #47187

КОМПОСТИРАЊЕ – ПРАКТИЧНО РЕШЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БИООТПАД ВО ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

Компостирањето претставува еден од најефикасните и најодржливи начини за управување со биоотпадот – органски отпад од храна, зелен отпад од паркови и градини и други биоразградливи материи. Наместо органскиот отпад да заврши на депонии – каде што се создава метан и депониски исцедок, преку компостирање тој се претвора во вреден ресурс – компост, односно природно ѓубриво богато со хранливи материи, коешто понатаму придонесува за подобрување на плодноста на почвата, и нејзината способност да задржува влага, така што придонесува за намалување на потребата од хемиски ѓубрива.

Компостирањето е природен процес на разградување на органската материја (зелен и кафеав отпад) со помош на микроорганизми, кислород и влага. Клучно е да се постигне рамнотежа помеѓу:

  • Зелен отпад (влажен, богат со азот): лушпи од овошје и зеленчук, трева, остатоци од храна, талог од кафе и
  • Кафеав отпад (сув, богат со јаглерод): суви лисја, слама, картон, дрвени струготини,

коишто треба да бидат во сооднос 3:1 во корист на кафената маса, односно 3 дела кафеав отпад (јаглерод) и 1 дел зелен отпад (азот), за да се добие квалитетен краен производ компост, што ќе се употребува за облагородување на земјишни површини.

Во однос на Техниките за компостирање ќе споменеме неколку, меѓу кои:

  1. Компостирање во компостери: може успешно да се спроведува во затворени или отворени компостери и се применува кај домаќинства, јавни институции (училишта, градинки, болници) и мали бизниси, што имаат сопствени дворни површини.
  2. Заедничко (колективно) компостирање е модел погоден за станбени блокови, јавни установи и индустриски зони. Повеќе корисници заеднички користат еден или повеќе компостери, со јасно дефинирани правила за селекција и одговорности. Предноста е што се добива поголема количина на компост.
  3. Централизирано компостирање – се применува на ниво на општина или регион, каде биоотпадот се собира селективно на места коишто претставуваат собирни центри, од кадешто потоа се транспортира до централна компостара. Овој систем бара добра логистика, контрола на квалитетот на отпадот и континуирана едукација на корисниците за да се избегне контаминација на содржината.

За наоѓање на најдобар модел како решение за јавните институции и приватни бизниси потребно е да се согледаат неколку фактори за избор на најоптималното решение, како:

  • Обем и состав на отпадот: количина на кујнски/градинарски отпад, сезонски варијации во содржината на фракциите.
  • Просторни можности и логистика: достапен простор за поставување на компостер/опрема, просторна оддалеченост на корисниците и пристап за транспорт.
  • Техничка изводливост и инфраструктура: достапност на технички решенија, опрема и сервисна поддршка.
  • Еколошки ефекти и квалитет на излезниот продукт: одржување на потребните вредносни параметри за постигнување потребен квалитет на компостот со можност за повторна употреба, влијание на емисиите (главно миризба).
  • Едукација, организациски капацитет и способности: знаење и процедури за селекција, надзор и одржување, човечки ресурси за учество од вработени/граѓани, потреба од едукативни кампањи за правилно одвојување (селектирање).

Интеграцијата на компостирањето во јавните институции и приватните бизниси во различни дејности може да се реализира преку два главни модела коишто исто така може и да комбинираат, а се’ во зависност од капацитетот и потребите.

А. Индивидуален (децентрализиран) модел идеален за субјекти коишто имаат сопствени зелени површини и потреба за директна примена на производот – компостот. Со поставување на индивидуални компостери во дворовите, се овозможува компостирање на биоотпад создаден на локацијата и подоцна, негово користење за оплеменување на сопствени зелени површини. Погоден е за: училишта, градинки, болници, хотели, ресторани, мали фирми.

Б. Централизиран (колективен) модел  е погоден за општини, индустриски зони, трговски центри, поголеми организации или урбани средини каде што нема простор за компостирање на локацијата (изворот на создавање на отпад). Така, Јавни институции може да пристапат кон воведување систем за „селективно собирање на биоотпад“ и пристапување кон централизиран систем.

Подолу се корисни фотографии за компостирање

Фотографија 1: Приказ на садови за зреење на органски материи при производство на компост за индивидуална примена

(Примери од иницијатива на Општина Карпош во Општинските основни училишта (ООУ) за спроведување на мерки од Годишниот краток Акционен план за спроведување на ЛЕАП 3 за 2025 година – извор: https://karpos.gov.mk/%d1%83%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d0%be%d0%be%d1%83-%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%be-%d1%82%d0%b0%d1%81%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bd%d0%b0/)

Фотографија (2):

Најпрактичните и најевтини индивидуални компостери се прават од дрвени палети, бидејќи се евтини (често бесплатни) и лесни за монтажа.

Фотографии (3-4-5): Примери за најчесто користени централизирани методи на компостирање. Системите со ровови (лево) ги движат органските материи помеѓу различни ровови во различни фази од процесот на компостирање. Креветните купови (во средината) се долги, тесни и често се превртуваат со употреба на голема машинерија. Аерираните статички купови (десно) можат пасивно да се аерираат како што е прикажано подолу или активно да се аерираат со специјализирана опрема за дување.

Извор: https://drawdown.org/explorer/increase-centralized-composting#overview

Примена на компостот

  • За подобрување на квалитетот и плодноста на почвата во паркови, училишни дворови и јавни зелени површини (паркови, дрвореди, тревници),
  • Како додаток во земјата за саксии, расадници и урбано зеленило за подобрување на нивниот раст,
  • рекултивација на деградирани и еродирани површини,
  • органско земјоделство, градинарството и хортикултура (во урбани градини и училишни дворови),
  • како замена или дополнување на хемиски ѓубрива.

Зошто е важно да се компостира? Компостирањето е важна практика со повеќекратни придобивки за животната средина, економијата и општеството. Важноста од компостирањето се согледува преку можноста за искористување на органскиот отпад како суровина за производство на компост. Придобивките за животната средина се согледуваат на начин, што се намалува количината на отпад што завршува на депониите, каде инаку отстранувањето на органски отпад е забрането со закон, заради придружните негативни ефекти од распаѓањето на органската компонента од отпадот. Економските придобивки се согледуваат во намалување на трошоците за собирање и депонирање на отпад, на тој начин продолжувајќи го животниот век на депониите. Општествените придобивки се согледуваат преку зголемување на безбедноста и здравјето на луѓето, преку спречување на негативните ефекти предизвикани од несоодветно постапување со биоотпадот, како и преку подигнување на еколошката свест и одговорноста на граѓаните и бизнис заедницата. Компостирањето претставува едукативен процес којшто им овозможува на луѓето, директно да се вклучат во грижата за животната средина и да го разберат значењето на циркуларната економија и зачувувањето на природните ресурсите.

Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија,  Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ)

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор