[Aggregator] Downloaded image for imported item #47185

ЗЕЛЕНИ БИЗНИС ИДЕИ ЗА РЕУПОТРЕБА НА БИО ОТПАД

Одржување на Работилницата за „Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“

Во овој период им дадовме задача на учениците да истражат кои се корисни продукти можат да се добијат од искористување на био отпадот и да смислат бизнис идеа за тој продукт со цел да можат понатаму да го  продаваат. Добивме навистина инвентивни и интересни идеи „Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ кои на 15 и 16 април 2026 год. во Биотехнолошката лабораторија во рамките на дводневната работилница ги тестиравме преку експерименти со учениците од основните училишта под менторство на нивните наставнички и Експерите. Ова го искористивме повторно да го зголемиме знаењето и свеста на учениците и нивните родители за важноста на циркуларната економија и реупотребата на био отпадот со цел да се намали депонирањето на био отпадот.

На натпреварот за идеи вршевме експерименти за добивање на биосаксија од органски отпад, биохартија и биопластика од лушпи од банана,  био-свеќа користејќи портокал и маслиново масло, еко сапун од прегорено масло, склопивме биокомпостара за добивање на компост и го поставивме отпадот за добивање на компост, направивме биоплоча од разни видови на отпад, природен парфем од кора од портокал.

Со големо задоволство ги тестиравме идеите заедно со возбудените ученици и експертите и заклучивме дека сите се успешни!

  • Со учениците од ООУ „Војдан Чернодрински″ изработивме биосаксија од органски отпад.
  • Со учениците од ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски″ со користење на лушпи од банана добивме биопластика и биохартија и био-свеќа користејќи портокал и маслиново масло.
  • Со учениците од ООУ „Кузман Јосифовски Питу″ добивме парфем од кора од портокал.
  • Со учениците од ООУ „Климент Охридски″, направивме еко сапун од прегорено масло.
  • Со учениците од ООУ „Братство″ склопивме биокомпостара за добивање на компост и го наредивме отпадот за добивање на компост.
  • Со учениците од ООУ „Владо Тасевски″ направивме биоплоча од разни видови на отпад.
  • Погледнете ја дел од работната атмосфера преку фотографии!
  • Најголемиот подарок од овие два убави денови беа широките насмевки на учениците кои успеаа во своите намери за изработка на иновативни, корисни и органски продукти преку користење на био отпадот.
  • Учениците со помош на соучениците и родителите сами го селектираа и собираа био отпадот по видови во текот на месец март и април за потребите на изготвување и добивање на корисни продукти во Биотехнлошката лабораторија дел од активноста на проектот за селекција и селективно собирање на органски отпад, по видови, за добивање на корисни продукти во био-технолошка лабораторија.

И не само тоа, ја снимавме работилницата за да подготвиме промотивно видео за проектот.

Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, започнавме со одржување на дводневните Работилници  за тестирање на „Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ со основните училишта од Скопје.

Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ)

Продолжи со читање

  • Граѓанска платформа за заштита на младите жени од сајбер (онлајн) насилство

    Сајбер насилството не исчезнува кога ќе го исклучиш компјутерот – стравот оди со тебе дома. Ќе бидеш дел од толпата или дел од заштитата? Прекини го синџирот! Не кликај шер. Не испраќај на „само уште еден“. Не ја прави туѓата болка забава. Наместо да осудуваш, направи го вистинскиот чекор и прашај: „Дали си добро?“. Една […]

  • Документ за јавни политики: Анализа на националното законодавство во однос на европските стандарди за заштита од дигитално родово-базирано насилство

    Дигиталното родово-базирано насилство претставува сè поизразена манифестација на насилството врз жените и девојчињата, која се врши или засилува преку употреба на информатичко-комуникациски технологии. Иако не станува збор за нов вид на насилство, дигиталната средина овозможува поинаква динамика, поголема изложеност на жртвите и подолготрајни последици, што наметнува потреба од прилагоден правен…

  • Документ за јавни политики: Анализа на постапувањето на институциите, со фокус на центрите за социјална заштита во случаи на дигитално родово-базирано насилство

    Дигиталното родово-базирано насилство бара брз, стручен и сензитивен одговор од страна на институциите. Како тие постапуваат во пракса и кои се клучните предизвици со кои се соочуваат? Во рамки на проектот „Младите жени против онлајн насилство“, имплементиран од Иницијатива за европска перспектива и Заеднички вредности, го објавуваме вториот „Документ за…

  • ПРИРАЧНИК ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ДИГИТАЛНО РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

    Зад секој екран, во секоја приватна порака или групен чет, може да се крие тишина исполнета со страв, срам и болка. Дигиталното родово базирано насилство не е само „онлајн проблем“ – тоа е реалност што ја погодува секоја четврта млада жена во Македонија, а само 5% од нив имаат храброст…

  • КАКО КУЈНСКИОТ ОТПАД СТАНУВА ПРИРОДЕН РЕСУРС: РЕЦ, ЕКО ЛОГИК И ФЛОРОЗОН НА ФЕСТИВАЛОТ НА ЦИВИКА МОБИЛИТАС 2026

    Изминатава сабота, на 3-ти октомври 2026 година, градскиот парк пулсираше во знакот на граѓанскиот активизам. Како дел од овогодинешниот Фестивал на Цивика мобилитас, познат како „Ден на граѓанските организации“, граѓаните имаа единствена можност одблизу да се запознаат со луѓето кои се двигатели на позитивни промени во нашето општество.
    Меѓу бројните штандови, посебен интерес предизвика заедничкиот простор на Центарот за ресурси во животна средина РЕЦ, Еко Логик и Флорозон каде што беа изложени производите од учениците кои ги добија од отпад во натпреварот за зелени бизнис идеи. Овие три организации се здружија со јасна мисија – да покажат дека еколошката иднина зависи од секој од нас.
    Интерактивна работилница: Од кујнски отпад до вреден ресурс 
    Главната атракција на нивниот штанд беше интерактивната работилница за преработка и реупотреба на био-отпад. Наместо само да зборуваат за теории, експертите ги вклучија посетителите во реални експерименти за добивање на пектин и био дизел.
    „Дали знаевте дека она што секојдневно го фрламе во кујната може да стане вреден ресурс за природата?“ – беше главното прашање кое ги поттикна присутните на размислување.
    Преку практични примери, граѓаните од сите генерации научија едноставни, но ефикасни начини како драстично да го намалат отпадот во сопствените домови и како органските остатоци да ги претворат во нешто корисно за почвата и растенијата.
     
    Граѓански активизам за циркуларна економија
    Оваа успешна едукативна активност е дел од пошироката рамка на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Главната цел на проектот е менување на навиките и воведување на одржливи еколошки практики во секојдневието.
    Оваа важна иницијатива е финансиски поддржана од Владата на Швајцарија преку програмата на Цивика мобилитас.
    Фестивалот уште еднаш докажа дека кога граѓанскиот сектор и граѓаните ќе се сретнат на едно место, се раѓаат најдобрите идеи за зелено и одржливо утре.
     
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор