Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Извештај за обезбедена бесплатна правна помош на жртви на родово базирано и семејно насилство

    Извештајот е дел од проектот на “Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија – Фаза II”, имплементиран од Фондот за население на Обединетите нации УНФПА и поддржан од Британската амбасада.
    Проектот има за цел да ги зголеми напорите на државните институции и организациите на граѓанското општество за ефикасно спроведување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство на национално и локално ниво. Со поддршка на сеопфатни услуги за родово базирано насилство, проектот ќе придонесе мерките за превенција и заштита да бидат достапни низ целата земја.
    Во јули 2024 година Хелсиншкиот комитет започна со спроведување на проектот „Поддршка на НВО за обезбедување правна помош на жртви на РБН и одржливи сервиси за мобилизирање локална поддршка” поддржан од страна на Фондот за население на Обединетите нации. Главната цел на соработката е да се поддржи граѓанската организација да има одржливост и да обезбеди долгорочни услуги за преживеаните и жртвите на родово базирано насилство. Секој придонес што го добива Комитетот, го вложува директно кон сервисот за бесплатна правна помош, осигурувајќи дека дадената поддршка има опипливо и трајно влијание.
    Одржливото финансирање е од клучно значење не само за одговор на непосредните потреби, туку и за изградба на систем и сервис на бесплатна правна помош кој непречено и целисходно ќе ги штити правата и достоинството на граѓаните.
    Оттаму, овој извештај ги претставува податоците за обезбедената правна и параправна помош на жртви на родово базирано и семејно насилство, како и мониторингот на судски случаи поврзани со родово базирано и семејно насилство, во периодот од јули 2024 година до март 2025 година.
    Дополнително, накратко ќе бидат презентирани заклучоците од форумите со жени во ситерегиони на државата надвор од Скопје.

  • ФТ Став бр. 65 за ребалансот на Буџетот 2025

    Владата го усвои и поднесе до Собранието за усвојување Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година. Со предлогот, даночните приходи се задржуваат на скоро истото ниво како и при иницијалното планирање, додека расходите се зголемуваат за износот на зголемените неданочни приходи, со што вкупниот проектиран буџетски дефицит останува непроменет.
    Finance Think останува на ставот изразен во нашиот ФТ Коментар бр. 40 на Предлог-Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година од 19. ноември 2024., дека проектираниот раст на даночните приходи од 12.6%, односно повеќе од двојно повисоко од збирот на проектираната реална стапка на раст на БДП и (ревидираната) стапката на инфлација, е амбициозен. Во оваа насока говори и реализацијата на даночните приходи во првите пет месеци од 2025., која изнесува 37.6% (споредено со пропорционален процент на остварување од 41.7%), слично со остварувањето кај приходите од ДДВ (36.9%), акцизите (34.4%) и увозните давачки (36.6%), а кои претставуваат директен одраз на пулсот на економијата.
    Сепак, вредно за обележување е дека неданочните приходи се зголемуваат во износ од 4.2 милијарди денари, кои во значаен дел се остварени од финансискиот резултат на Народната банка, обезбеден преку законски измени порано во текот на 2025. година, со кои се овозможи 85% од финансискиот резултат на Народната банка да се уплаќа во Буџетот на државата.
    Со ваквото зголемување на буџетските приходи се овозможи зголемување на буџетските расходи, и тоа најмногу кај платите на јавната администрација (830 милиони денари), стоките и услугите (1.8 милијарди денари) и пензиите (2.5 милијарди денари). Finance Think забележува дека со ова реструктуирање на буџетските расходи неповолно се влијае врз солидно-отпочнатиот процес на фискална консолидација.

    Прво, зголемувањето на буџетските трошења кои влијаат врз агрегатната потрошувачка има ризичен потенцијал да ја одржи упорноста во растот на цените во текот на целата 2025 и почетокот на 2026 година. Особено загрижувачки е што растот на трошоците за пензиите се искачи на 16.8% во однос на трошокот во 2024 година, имајќи предвид дека и растот од 14.8% при првото проектирање на Буџетот беше висок. Уште во ФТ Коментар бр. 40 на Предлог-Буџетот на Република Северна Македонија за 2025. година укажавме: „Овие две ставки [платите и пензиите, н.з.] се особено значајни бидејќи ја ослабуваат фискалната консолидација и остануваат да бидат одраз на експанзивниот карактер на фискалната политика, и оттука основен извор на инфлациски ризик во 2025 година.“ Овие укажувања и се материјализираа, бидејќи инфлацијата во првите пет месеци од 2025. година изнесува 3.7% и останува високо упорна, и покрај рестриктивната монетарна политика и владините мерки за замрзнување на маржите и цените во сегментот храна. Со зајакнувањето на експанзивноста на фискалната политика, преку ребалансот на Буџетот, упорноста на инфлацијата ќе остане и во следниот период.

    Второ, зголемување на ставката ‘стоки и услуги’, пак, расте со 22.5% во однос на остварувањето од 2024 година, што е големо забрзување на растот кој беше висок и при иницијалното проектирање (14.8%). Имајќи предвид дека оваа ставка е недоволно транспарентна и вклучува, на пример, договори на дело како форма на квази-вработување во јавната администрација, истата крие ризици особено во година на локални избори.

    Со ребалансот, капиталните расходи се задржуваат на слично ниво како и при иницијалната проекција од декември 2024, но заклучно со мај 2025 тие се реализирани само со 22.5%. Според тоа, Finance Think предвидува дека извесната материјализација на ризикот од неостварување на даночните приходи со крајот на годината ќе се компензира со потреализацијата на капиталните трошоци, со што годината ќе заврши со проектираниот – или понизок – буџетски дефицит.

  • Потребно е унапредување на правната заштита и институционалната поддршка за жртвите на родово базирано и семејно насилство

    Хелсиншкиот комитет за човекови права, на 30 јуни, 2025 година во Скопје го презентираше  „Извештајот за озбебедена бесплатна правна помош на жртви на родово базирано и семејно насилство“, кој беше подготвен во рамки на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија – Фаза II“, поддржан од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Британската амбасада во  Скопје.
    Овој извештај  што го подготви Наташа Петковска, правна советничка во Хелсиншкиот комитет, го опфаќа периодот од јули 2024 до март 2025 година и ги прикажува резултатите од обезбедената правна и параправна помош на  вкупно 383 жени, вклучително и случаи каде што беа ангажирани адвокати за судско застапување на жртвите.
    На настанот, Тона Карева Талеска и Александра Трајановска, правни советнички во Хелсиншкиот комитет ги презентираа клучните согледувања и препораки што произлегуваат од теренската работа на Хелсиншкиот комитет, вклучително и наодите од форумите со жени во сите региони на земјата, каде беа идентификувани клучните системски бариери за пристап до правда и поддршка.
    Присутните претставници од МВР, од другите надлежни институции и од граѓанските организации учествуваа во дискусијата за резултатите од извештајот од која произлезе дека е потрбно понатамошно унапредување на правната заштита и институционалната поддршка за жртвите на родово базирано и семејно насилство во која поактивно треба да се вклучат сите релевантни чинители.

  • Зајакнување на локалната отпорност – работилница за П/СНЕ во Дебар

    На 4 јуни 2025 година, во просториите на Општина Дебар, Македонскиот центар за меѓународна соработка организираше работилница со членовите на Локалниот совет за превенција (ЛСП) на тема „Насилниот екстремизам и потребата од повеќечинителски пристап во неговата превенција на локално ниво“.

    Работилницата имаше за цел да ги зајакне капацитетите на членовите на ЛСП во Дебар за препознавање и адресирање на факторите кои водат кон радикализација и насилен екстремизам, како и да поттикне идеи за локални иницијативи што можат да придонесат кон ефективна превенција, таму каде што ќе се утврди реална потреба.
    Градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука, потенцираше дека локалната власт е посветена на унапредување на превентивните механизми и истакна дека соработката со МЦМС претставува заеднички чекор за проактивен пристап кон општествените предизвици, особено во однос на младината.
    На работилницата зборуваше Златко Апостолоски, поранешен Национален координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам. Тој ги запозна учесниците со клучните поими поврзани со насилен екстремизам и радикализација, институционалната поставеност и правната рамка за делување, како и со улогата на општините, граѓанското општество и другите релевантни чинители во процесите на превенција и спречување.
    На работилницата беше акцентирана потребата од координација помеѓу локалната и централната власт. Членовите на ЛСП во дискусиите ги истакнаа предизвиците со капацитетот на локално ниво како што е недостатокот на инспектори за семејно насилство и за малолетничка деликвенција. Тие се осврнаа и на клучните области каде е потребна локална превенција. Меѓу приоритетните теми беа издвоени: едукација на деца и млади за препознавање на ризици во било која област. Ова бара подготвеност што опфаќа основни вештини за постапување во кризни околности, со цел зајакнување на индивидуалната и колективната отпорност. Дополнително, беше дискутирано за управување со сезонски сообраќајни предизвици и заштита на критична инфраструктура.
    Оваа работилница претставува прв чекор во серијата активности кои ќе следуваат во Општина Дебар, за градење на поотпорна и побезбедна заедница. Во следниот период, МЦМС ќе продолжи со поддршка на ЛСП преку организирање на уште две работилници и еден заеднички настан, во согласност со потребите на општината и предложените теми од членовите на ЛСП од Дебар.
    Работилницата е дел од програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ кој го поддржува ГЦЕРФ, а го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Нексус – граѓански концепт и Здружението за активен и здрав развој на жените и децата „Плиадес“.

    Следно >

    Поврзани:

  • Средба за вмрежување во Гевгелија

    Од 25 до 27 јуни во Гевгелија, Цивика мобилитас ја организираше овогодишната Средба за вмрежување, која собра над 80 претставници од граѓански организации од целата земја, како и претставници од институции, донатори и меѓународни организации. Средбата беше простор за искрен и ангажиран дијалог, за споделување искуства и заедничко барање решенија за предизвиците во локалното владеење.

    Во фокусот беа теми како:
    • подобрување на соработката меѓу ГО и општините,
    • обновување на Граѓанската платформа,
    • функционирањето на Советот за соработка,
    • инклузивност, транспарентност и финансирање на ГО на локално ниво,
    • довербата и учеството на граѓаните во процесите на одлучување.

    Говорите и дискусиите на амбасадорката на Швајцарија НЕ Вероник Улман, министерот за локална самоуправа Златко Перински, заменик директорката на ЗЕЛС Ардита Дема-Мехмети и бројни претставници од ГО беа поттик за размислување, но и за акција. Соработката, координацијата и обединетиот глас на граѓанскиот сектор се клуч за влијание врз јавните политики, особено во пресрет на претстојните локални избори.

    Средбата заврши со силна порака:
    Само преку отворен дијалог, взаемна почит и здружени напори можеме да изградиме поинклузивна, транспарентна и одговорна локална власт.

    Погледнете дел од атмосферата и енергијата што ја споделивме во Гевгелија

    РЕЦ, како една од организациите грантисти на Civica Mobilitas, ја имаше честа заедно со партнерите – Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon да учествува на средбата за вмрежување во Гевгелија .

    Беше вистинско задоволство да се слушнат различни мислења и искуства по важни теми, особено за животната средина во агендите на кандидатите за локалните избори 2025 .

    Во фокусот беше и улогата на граѓанскиот сектор, Министерството за локална самоуправа, ЗЕЛС, како и градоначалниците и советниците во унапредувањето на локалните политики.

  • МОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА И ПРАКТИЧНА РАБОТА ЗА ЖЕНИ – ЕДУКАТИВНА И ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ВО ТЕТОВО

    На 12.06.2025 година, во Тетово, успешно реализиравме информативна и едукативна сесија на тема: „Фацилитација за олеснување на пристапот до институциите за микрофинансирање и програми за микрозаеми“.

    Целта на сесијата беше да се доближат до жените информациите и можностите за користење на финансиски услуги и поддршка при започнување или развој на сопствен бизнис. Присутните имаа можност директно да се информираат за достапните механизми за микрофинансирање и микрозаеми, како алатки за економско зајакнување.

    Предавач на сесијата беше претставник од Агенцијата за вработување Тетово, кој сподели корисни информации и совети за можностите за самовработување, поддршката што ја нуди Агенцијата, како и начините на пристап до финансии за бизниси.

    На настанот присуствуваа жени од Тетово и околните населени места, вклучувајќи дел од нашите курсистки кои успешно ги завршија обуките што ги организиравме, како и други заинтересирани.

    Дополнително, присутните беа информирани и за можностите за вклучување во практична работа, како следен чекор во нивниот професионален развој и патот кон самостојност. Оваа информација беше особено значајна за оние кои сакаат да стекнат дополнително искуство пред да започнат сопствен бизнис.

    Сесијата предизвика голем интерес, со активна вклученост на учесничките и охрабрувачка атмосфера.

    Веруваме дека оваа активност ќе придонесе кон зголемена самодоверба, економска вклученост и охрабрување на жените во Тетово да направат храбар чекор напред кон своја економска независност и професионален развој.

    Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ – с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“ – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

    Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението „Секогаш Соживот“ не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

  • Елаборат за XXXIX Средби на извидници 2025

    Почитувани извидници, извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес одбележувајќи го Денот на Државноста на Македонија, Ве поканува на традиционалните XXXIX Средби на извидници 2025. Во периодот од 1975 до 2024 година, успевaме да организираме триесет и осум Средби на извидници од кои последните дваесет и три беа од меѓународен карактер….

  • Што ни кажуваат младите, и дали некој конечно ги слуша?

    Во рамки на проектот NextGEN (NextGen Намалување на штети: Справување со предизвикот на новите психоактивни супстанции), кој се однесува на воспоставување на он-лајн сервиси кои треба да понудат едукација за безбедно однесување на младите со новите психоактивни супстанци, почнавме да ги прашуваме младите: Што знаете за новите дроги? Каде и како дознавате за нив? Кому […]
    The post Што ни кажуваат младите, и дали некој конечно ги слуша? appeared first on ХОПС.

  • И велешките извидници – истражувачи на Вардарската регата во Солун

    На 23 и 24.6.2024 год. во извидничко поморска база Николаос Принзиос во Солун во рамките на Вардарска регата учество земаа и една патрола од десет извидници на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес и реализираа активности со 3-та извидничко морска група на Солун.

  • Јубилејната XXV Вардарска регата “Гемиџии 2025“ повторно заврши во Солун

    Во организација на извиднички одред “Димитар Влахов“ во периодот од 19 до 24 јуни педесетина уесници на Вардарската регата, 25 по ред, заполовија во Вардар. Но наместо до Гевгелија, повтор пат тие тргнаа за Солун, Репубика Грција. Ќе пловат шест дена до 24 јуни.  Во Македонија се ноќеваше во Криволак,…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор