[Aggregator] Downloaded image for imported item #46793

ФТ Став 69 за инфлацијата во месецот по отпочнувањето на воениот конфликт меѓу САД/Израел и Иран

Државниот завод за статистика ги објави бројките за движењето на цените во март 2026, што е прв месец по почетокот на воениот конвликт меѓу САД/Израел и Иран.

Според овие податоци, на месечно ниво, цените пораснале за 0.7%, додека на годишно ниво за 4.9%.

Поради зголемените очекувања за динамизирање на порастот на цените предизвикано од наглото зголемување на цените на суровата нафта на светскиот пазар, во овој став анализираме дали овој нафтен шок прераснал во пошриок ценовен шок, односно дали се прелеал врз општото ценовно ниво.

Знаци кои укажуваат на прелавање на нафтениот шок врз останатите цени

На месечно ниво, цените покажаа одредена стабилизација со пад во јануари 2026 во однос на декември 2025 од 0.7%, а потоа благ раст од 0.2% во февруари 2026 во однос на претходниот месец. Во таа смисла, зголемувањето на цените во март во однос на февруари 2026 од 0.7% може да сигнализира благо забрзување на инфлацијата, особено имајќи предвид дека – доколку воениот конфликт во Иран не настанеше – очекувањата беа дека инфлацијата ќе следеше патека на понатамошно смирување. Но, ваква месечна динамика не е драматично повисока од динамиката во текот на 2025 година (Графикон 1).

Графикон 1 – Месечна динамика на инфлацијата

Сепак, од оваа генерална слика, отскокнуваат два групи (Графикон 2), а тоа се: i) Траснпортот (3.4%), во чии рамки само цената на горивата и мазивата за сопствена транспортна опрема порасна за 11.4% во март во однос на февруари 2026, и ii) Алкохолните пијалоци, тутунот и наркотиците (3.2%), што е во целост водено од порастот кај тутунот (4.3%). Додека порастот на цените во првата група е во целост рефлексија на воениот конфликт во Иран, втората група е несврзана со него. Додека, директниот ефект од повисоките цени на суровата нафта се согледува преку високиот раст кај течните горива (18.7%), иако неговата тежина е релативно мала, бидејќи целата група Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива има ценовен раст од само 0.2%.

Графикон 2 – Месечна динамика кај одделни компоненти на инфлацијата

Извор: ДЗС.

Слично, во групата храна, значаен месечен пораст забележуваат маслата (2.2%), што е веројатна последица примарно на намалената понуда на палмино масло (лоши временски услови) и сончогледово масло (војна во Украина) на глобалниот пазар, но и на зголемените транспортни трошоци поради растечката цена на нафтата.

Според месечната динамика на инфлацијата, постои благ – би рекле ограничен но не и неважен – преносен ефект од глобалната цена на нафтата врз општото ценовно ниво, и тоа е во рамки на нашите поранешни проценки во Бриф за политиките бр. 78: Колку глобалниот нафтен шок ќе се пренесе во домашната економија? од 10 март 2026, според кој, 10% пораст на цената на нафтата предизвикува пораст на општото ценовно ниво за дополнителни 0.1 до 0.2 процентни поени на краток рок, односно во првите 1-3 месеци од настанувањето.

Овој ефект е резултат на директното влијание на нафтените деривати во потрошувачката кошничка, како и на индиректното влијание преку транспортните трошоци и некои лимитирани групи производи.

Знаци кои може погрешно да се интерпретираат како прелавање на нафтениот шок врз останатите цени

Годишната динамика на инфлацијата во март 2026 на прв поглед е загрижувачка, бидејќи забрза на 4.9% во однос на март 2025 година, што е целосно надвор од очекувањата за нејзино смирување и сведување на годишно ниво околу 3%.

Сепак, постои ризик овие податоци погрешно да се интерпретираат како прелевање на нафтениот шок врз општото ниво на цени, бидејќи тие тоа не го покажуваат. Споредбената анализа со март 2025 година покажува на значајно ниска споредбена основа тогаш, која се должи на Велигденско-Рамазанското замрзнување на маржите и цените на производите од храна, пијалоци и хемиски производи за домаќинство, кое во сила беше од 20 февруари до крајот на април 2025 година (види Графикон 3).

Графикон 3 – Годишна динамика на инфлацијата

Извор: ДЗС.

Овој ефект на ниска споредбена основа е особено видлив кај храната (види Графикон 4), чии цени на годишно ниво, во март 2026 пораснаа за високи 7.5%, додека кај алкохолните пијалаци и тутунот за 8.8%. Кај останатите групи кои искусуваат релативно висок годишен раст во март 2026, а имаат стабилна месечна динамика, се работи за кумулативен ефект (од април 2025 па се’ до март 2026), којшто во претходните кратки анализи (на пример, во ФТ Став бр. 67 за минималната плата, продуктивноста, инфлацијата и неформалното вработување од 18 февруари 2026) го проценивме резултат на зголемениот доход во економијата.

Графикон 4 – Годишна динамика кај одделни компоненти на инфлацијата

Извор: ДЗС.

Иако нафтениот шок веќе е јасно видлив кај цените на горивата и кај транспортните цени, засега нема докази дека се прелеал во поширока, системска инфлација. Ако годишната стапка од 4.9% се земе како аларм, тој ќе е погрешен бидејќи произлегува од ниската споредбена основа создадена со административното замрзнување на цените во истиот период лани. Сепак, тековниот месечен раст не е занемарлив и, доколку се задржи, може брзо да се претвори во поширок инфлаторен притисок преку секундарни ефекти, првенствено кај производите од храна, а потоа и врз пошироката потрошувачка кошница.

Заклучно, моменталниот раст на цените претежно ја рефлектира директната изложеност на економијата на нафтениот шок, без јасни знаци на широко прелевање. Но, ваквата стабилност е кревка: ако цените на енергијата останат високи и растечки, ризикот од поширок инфлаторен бран преку транспортните трошоци и очекувањата на економските агенти значително се зголемува. Затоа, тековните податоци не оправдуваат паника, но ниту дозволуваат комфор – внимателно следење на месечната динамика ќе биде клучно во наредните месеци. Во таа смисла, стриктно таргетирани мерки за ублажување на последиците кај евентуално најпогодени групи граѓани и фирми треба да бидат во подготовка и да може брзо и ефикасно да се операционализираат кога ценовниот шок евентуално би се интензивирал.

Според нашите проценки објавени порано (види ФТ Став бр. 68 за инфлацискиот ефект од енергетскиот шок од 26 март 2026), доколку конфликтот продолжи и/или ескалира, ефектите на поширока основа би почнале да се чувствуваат веќе во април, а позначаен интензитет би добиле од јуни годинава.

The post ФТ Став 69 за инфлацијата во месецот по отпочнувањето на воениот конфликт меѓу САД/Израел и Иран appeared first on Finance Think.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за економски истражувања и политики Finance Think

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор