[Aggregator] Downloaded image for imported item #48774

Ново регионално партнерство: Здружението започнува проект поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија

 Со голема чест и задоволство споделуваме дека Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености е добитник на грант од Фондот за Западен Балкан (Western Balkans Fund), кофинансиран од Европската Унија!
На 24 и 25 јуни 2026 година во Тирана, Албанија, присуствувавме на дводневната партнерска работилница и свечената церемонија за доделување на грантовите (Awarding Ceremony), организирана во рамки на Grant for Grassroots Initiatives Grant Scheme.
За време на работилницата, покрај свеченото доделување на грантовите, учесниците добија практични насоки за финансиско управување, следење на резултатите, комуникација и видливост, како и за успешна имплементација на проектите. Особено сме горди што нашиот проект беше избран меѓу 24-те најдобри проекти, од вкупно 264 апликации од земјите од Западен Балкан.
 Од 1 јули 2026 година официјално започнавме со реализација на проектот „Лицата со попреченост одгледуваат органски ароматични билки“
 Во следните шест месеци, проектот ќе овозможи:
 практични обуки за најмалку 30 лица со попреченост од три земји за органско одгледување лековити и ароматични билки;
 зајакнување на капацитетите и регионалната соработка на партнерските организации;
 изработка на прирачник за инклузивно органско одгледување билки од страна на лица со попреченост;
 воспоставување регионален механизам за размена на знаење и добри практики;
 подигнување на јавната свест и намалување на стигмата преку промоција на способностите и потенцијалот на лицата со попреченост.
 Проектот ќе се реализира до крајот на 2026 година во партнерство со организациите со „Воља за живот“ од Велика Плана, Србија и „Оаза“ од Сараево, Босна и Херцеговина.
Искрено им благодариме на Western Balkans Fund и Европската Унија за довербата и поддршката. Веруваме дека преку ова партнерство ќе создадеме нови можности за учење, вмрежување, инклузија и поголема видливост на потенцијалот на лицата со попреченост во регионот.

The post Ново регионално партнерство: Здружението започнува проект поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија appeared first on Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

Продолжи со читање

  • МОТ усвои прва меѓународна конвенција за достоинствена работа во платформската економија

    Меѓународната организација на трудот (МОТ) ја усвои Конвенцијата бр. 193 за достоинствена работа во платформската економија, првиот меѓународен трудов стандард посветен на работата преку дигитални платформи. Конвенцијата беше усвоена на 12 јуни 2026 година, на 114-тата сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева. Новата Конвенција одговара на брзите промени…

  • Нова глобална база на политики и закони за јавни услуги, грижа и правично јавно финансирање

    Global Initiative for Economic, Social and Cultural Rights (GI-ESCR) ја објави новата Global Repository of Promising Policies and Laws – глобална база која на едно место обединува примери на политики и закони насочени кон унапредување на јавните услуги, системите за грижа и поправедното јавно финансирање. Базата е создадена за да…

  • Скринингот заврши. Добро е да имаме план за постапување по него

    Поминаа речиси четири години од почетокот на скринингот и повеќе од две и пол години од неговото завршување во декември 2023 година. Европската комисија во меѓувреме ги објави скрининг-извештаите за сите шест преговарачки кластери. Со нив Република Северна Македонија доби детална дијагноза и домашна задача за степенот на усогласеност со правото и стандардите на Европската […]
    The post Скринингот заврши. Добро е да имаме план за постапување по него appeared first on IDSCS.

  • Соопштение за медиуми – Герила акција: Чекална – симбол на корупцијата во здравството

    Чекална која ги симболизира најчестите форми корупција во здравството утринава беше поставена на скверот помеѓу булеварот Партизански одреди и улицата Ленинова. Станува збор за „герила“ акција чија цел е преку уметничка инсталација во просторот, директно да ги соочи граѓаните и надлежните институции со коруптивните практики во системот на јавното здравство….

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор