[Aggregator] Downloaded image for imported item #49020

Регионален форум на Југоисточниот плански регион за одржлив третман на биоотпадот во Радовиш

На 29 јуни 2026 во Радовиш се одржа Регионален форум на Југоисточниот плански регион за одржлив третман на биоотпадот, во рамки на проектот „Нула биоотпад: системски промени во партнерство со граѓаните”, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас, а спроведуван од Зелен институт во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми.

Целта на проектот е да се придонесе за транзиција кон „нула отпад“ општини, преку системско подобрување на управувањето со биоотпадот, заради помало загадување и ризици од пожари, искористување на ресурсите, рационализирање на работата на јавните комунални претпријатија и поттикнување на циркуларната економија.

Поздравно обраќање имаа Градоначалникот на Радовиш, Љупче Почивалец и Зорица Стрезовска од секторот за ЕУ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Форумот го модерираше Ана Петровска, а експертите Наталија Бургиева и Аријан Тоска го презентираа истражувањето за управување со биоотпад во Југоисточниот регион – со порака дека биоотпадот е ресурс, а не проблем.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Зелен институт

Продолжи со читање

  • МОТ усвои прва меѓународна конвенција за достоинствена работа во платформската економија

    Меѓународната организација на трудот (МОТ) ја усвои Конвенцијата бр. 193 за достоинствена работа во платформската економија, првиот меѓународен трудов стандард посветен на работата преку дигитални платформи. Конвенцијата беше усвоена на 12 јуни 2026 година, на 114-тата сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева. Новата Конвенција одговара на брзите промени…

  • Нова глобална база на политики и закони за јавни услуги, грижа и правично јавно финансирање

    Global Initiative for Economic, Social and Cultural Rights (GI-ESCR) ја објави новата Global Repository of Promising Policies and Laws – глобална база која на едно место обединува примери на политики и закони насочени кон унапредување на јавните услуги, системите за грижа и поправедното јавно финансирање. Базата е создадена за да…

  • Скринингот заврши. Добро е да имаме план за постапување по него

    Поминаа речиси четири години од почетокот на скринингот и повеќе од две и пол години од неговото завршување во декември 2023 година. Европската комисија во меѓувреме ги објави скрининг-извештаите за сите шест преговарачки кластери. Со нив Република Северна Македонија доби детална дијагноза и домашна задача за степенот на усогласеност со правото и стандардите на Европската […]
    The post Скринингот заврши. Добро е да имаме план за постапување по него appeared first on IDSCS.

  • Соопштение за медиуми – Герила акција: Чекална – симбол на корупцијата во здравството

    Чекална која ги симболизира најчестите форми корупција во здравството утринава беше поставена на скверот помеѓу булеварот Партизански одреди и улицата Ленинова. Станува збор за „герила“ акција чија цел е преку уметничка инсталација во просторот, директно да ги соочи граѓаните и надлежните институции со коруптивните практики во системот на јавното здравство….

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор