[Aggregator] Downloaded image for imported item #48752

Успешно реализирана XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“

Иако регатата се одвива по 26-ти пат, ова е трета година во која пловидбата заврши во Солун, идентично како онаа на велешките трговци во минатото. Чамците растоварени, пловењето успешно завршено, се сумираат впечатоците од Вардарска регата „Гемиџии“ која по 26-ти пат ја оживеа традицијата и патшествието на велешките трговци во 19-тиот век. Годинава во регатата се вклучија околу 60 учесници, како и извидници од земји од регионот, предводени и во организација на велешкиот извиднички одред „Димитар Влахов”, а под покровителство на Општина Велес. Гости од Босна и Херцеговина, Србија, Црна гора, Соединетите Амерукански држави „Успешно заврши уште една вардарска регата“, со задоволство оценува старешната на извидничкиот одред „Димитар Влахов“ и капетан на регатата, Ангелче Гушев. Не е едноставно да се заплови низ Вардар. Не е доволна само желба, туку и обезбедување на низа дозволи – одобрение од Капетанијата во Охрид, дозвола од ЕСМ за да се помине низ браната кај Неготино, и дозвола од Министерството за одбрана за да се преспие во првата базна станица – Криволак.

За разлика од претходните 23 регати, кои завршуваа кај Гевгелија, благодарение на соработката и логистиката од солунските извидници – кои им ги обезбедиле сите потребни документи од грчките институции – ова е трета година по ред во која регатата завршува идентично како онаа на гемиџиите. Последната станица е кај црквата „Свети Никола“ пред Солун, бидејќи тоа е местото каде пред многу години велешките трговци ја истоварувале стоката за продажба на тамошните пазари.

Велес, Северна Македонија | Регата на реката „Вардар“ со извидници од регионот Велес, Северна Македонија | Регата на реката „Вардар“ со извидници од регионот Годинава во регатата се вклучија околу 60 учесници, како и извидници од земји од регионот Гушев одлично ја познава реката „однатре“. Речиси две децении е дел од регатата, а како нејзин капетан, заедно со тимот, неколку дена пред нејзиниот почеток вршат проверка на рутата, бидејќи, како што вели, реката може да биде непредвидлива. Учесниците поминаа пет дена во веслање (18-ти до 23 -ти јуни) во просек од седум до десет часа дневно во зависност од тежината на етапата, престојуваа во пет базни логори за преноќување и поминаа многу километри доживеани низ различниот сензибилитет на реката. „Некаде весламе низ помирни води, но делот во Демиркаписко е нашето вистинско адреналинско искуство. Воедно, неописива е убавината на Демиркаписката клисура“, раскажува младиот извидник Иван.

„Часовите напорно веслање, без оглед на екстремно високата температура, брзо се забораваат. Останува задоволството што и оваа година успешно ја оживеавме и зачуваме традицијата на гемиџиите“, вели капетанот на регатата . Учесниците поминаа пет дена во веслање (18-ти до 23 -ти јуни) во просек од седум до десет часа дневно во зависност од тежината на етапата.

Учесниците и годинава традиционално запловија под Малото мовче во Велес, истото место од каде во минатото тргнувале гемиџиите натоварени со трговска стока. За разлика од минатото, кога трговците решиле по воден пат да патуваат до Солун за да ги избегнат давачките за друмарина и мостарина, современите гемиџии веслаат во гумени чамци, од практични причини. Поради гранични процедури на преминот Богородица/Евзони, многу полесно е таквата опрема накратко да ја префрлат на копно. По Евзони повторно продолжуваат по речен пат. Освен од грчки извидници, годинава во првата базна станица во Поликастро биле пречекани и од заменик-градоначалникот на таа општина, водено задолжен и за туризмот во таа област.

Вардар и Вардар

Додека во минатото велешките трговци најчесто продавале жито, памук, сахтијан (обработена јарешка кожа) шарлаган (ладно цедено масло од афион) и други производи, денес чамците се натоварени со желба со соработка и зачувување на традицијата која некогаш ги спојувала двата града.

„Имаме многу добра и успешна соработка со извидниците од Солун. Три години по ред сме сведоци на нивното гостопримство. Последната вечер вообичаено ја поминуваме во дружење во нивната база во солунската населба Каламариа и во планови за натамошна соработка“, вели капетанот на регатата.

Она што го воочуваат при пловењето од Велес до Солун, е чистотата на Вардар (Аксиос) во Грција, за разлика од македонскиот дел.

„Таму не пловат пластични шишиња во реката, никој не фрла во речното корито ни смет ни шут, ниту може крај бреговите да се видат мрши од домашни животни. Аксиос е заштитена река, водата е чиста, има поинаква боја, а нејзината делта е дел од европската мрежа на заштитени подрачја Натура 2000, каде се гнездат или поминуваат 300 видови птици“, посочуваат велешките извидници.

Вардар- од гордост до депонија

Време е за дејствување

Бидејќи регатата е одлична можност за скенирање на состојбата на Вардар, велешките извидници со години укажуваат на деградацијата на реката и нејзиното корито низ Северна Македонија, а како голем проблем ги посочуваат сепарациите за песок.

„На многу места е видливо преградување на реката за да направат пристап за механизацијата за копање песок од коритото“, велат извидниците.

Велес, Македонија | Регата на реката „Вардар“ со извидници од регионотВелес, Македонија | Регата на реката „Вардар“ со извидници од регионот

Вардар е нашиот крвоток, би биле неодговорни ако не го заштитиме, вели капетанот на регатата, Ангелче Гушев

Ваквите сепарации го менуваат природниот тек на Вардар, ја принудуваат реката да бара нов пат, а тоа резултира со поткопување на бреговите на некои места. Како видлива последица на оваа ерозија е тоа е што голем дел од крајбрежните лозови насади се поткопани, лозници завршуваат во реката заедно со столпчињата, а површината на насадите се намалува.

Од велешкиот извиднички одред во повеќе наврати ја нудат нивната помош за расчистување на речното корито. Во прашање не е само регатата и традицијата. Велешани се неодвоиво позврзани со Вардар. Животот во градот пулсира од двете страни на реката, граѓаните ја преминуваат преку мостовите по неколкупати дневно, ги гледаат сите нејзини промени, лузни, болки и деградации. Тие не живеаат покрај неа, туку буквало со неа. „Мора да се направи нешто. Вардар е нашиот крвоток, би биле неодговорни ако не го заштитиме. Со години апелираме и ги маркираме сите деградации. Време е за дејствување. Генерации растеле и растат покрај Вардар, ама сите треба да пораснеме и во свеста за негова заштита”, порачува Гушев.

The post Успешно реализирана XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“ appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

  • Покана – Јавна расправа за Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, хотел Холидеј Ин, Скопје 21.09.2026 г.

    Почитувани, Секоја година, речиси половина од граѓаните и компаниите придонесуваат преку донации, а за голем дел од бизнис секторот даночните поттикнувања претставуваат важен мотив за вложување во заедницата.  За овој голем потенцијал целосно да се

  • Дигиталното насилство не чека, а сега имате алатка да реагирате

    Зад секој екран, во секоја приватна порака или групен чет, може да се крие тишина исполнета со страв, срам и болка. Дигиталното родово базирано насилство не е само „онлајн проблем“ – тоа е реалност што ја погодува секоја четврта млада жена во Македонија, а само 5% од нив имаат храброст да пријават. Останатите молчат, најчесто […]

  • ИМКА Македонија ја најавува програмата Leaders-in-Training – LiT 2026–2027

    Вклучи се ИМКА Македонија ја најавува програмата Leaders-in-Training – LiT 2026–2027 ИМКА Македонија ја најавува новата програма Leaders-in-Training – LiT, која им овозможува на младите на возраст од 15 до 18 години да се развиваат како самоуверени, одговорни и активни лидери. Програмата се реализира во текот на учебната година и комбинира месечни работилници за лидерство со тимска работа, активности во заедницата, авантури на отворено, менторство и рефлексија. Leaders-in-Training – LiT е наменета за поранешни учесници на летните кампови на ИМКА, нивни пријатели, како и за сите други млади кои се заинтересирани да го развиваат својот лидерски потенцијал. Оваа година едната група ќе се реализира во Битола, а другата на релација Куманово–Штип. Учиме преку искуство Од септември до мај, учесниците ќе се среќаваат една сабота во месецот. Секоја средба комбинира практична лекција за лидерство, активности за градење тим и забавен предизвик, при што ќе се обработуваат теми како развој на позитивен начин на размислување, комуникација, емоционална интелигенција, поставување цели и развивање лидерски вештини за работа во камп. Средбите ќе се одржуваат на македонски и англиски јазик. Освен што ќе учат за лидерството, учесниците ќе имаат можност да ги применат стекнатите знаења и вештини преку практични активности во текот на есента и пролетта. Волонтерски активности: Учесниците ќе работат заедно за да придонесат позитивно во својата локална заедница, истовремено откривајќи како лидерството и волонтерството одат рака под рака. Авантуристички активности: Учесниците ќе се вклучат во активности на отворено кои ќе ги поттикнат да соработуваат, да решаваат проблеми, да развиваат истрајност и да размислуваат за својот лидерски развој. Програмски активности Септември 2026 — Позитивен начин на размислување и моќта на „Сè уште“ Октомври 2026 — Волонтерски активности Ноември 2026 — Авантуристички викенд Декември 2026 — Комуникација и средбана алумни и учесници на LiT во Скопје Јануари 2027 — Емоционална интелигенција Февруари 2027 — Како да станете камперски лидер Март 2027 — Лидерство и поставување цели Април 2027 — Авантуристички викенд и волонтерски активности Мај 2027 — Јавно говорење и завршна прослава на програмата Пат кон идно лидерство Leaders-in-Training – LiT им нуди на младите можност да го направат првиот чекор кон волонтирање во ИМКА, ангажирање како камперски советници и членување во тимовите на летните кампови. По стекнувањето искуство преку LiT, учесниците продолжуваат да ги развиваат своите вештини и постепено преземаат лидерски улоги во летните кампови на ИМКА: SPARK дневен камп (Strong Prepared Aspiring Responsible Kids) — ученици од 6. до 8. одделение GLOW национален камп (Girls Leading Our World) — девојки од средно училиште YMLP национален камп (Young Men’s Leadership Project) — момчиња од средно училиште Низ овој процес, младите создаваат пријателства со врсници од различни заедници, ја зголемуваат својата самодоверба преку учење и искуство и градат трајна поврзаност со волонтерството. Leaders-in-Training – LiT е наменета за млади кои сакаат да учат, да придонесуваат и да се развиваат. ИМКА Македонија верува дека младите не треба да чекаат за да станат лидери. Тие можат да започнат да водат уште сега. Контакт Заинтересираните млади, родители и наставници можат да ја контактираат и следат ИМКА Македонија за повеќе информации за програмата Leaders-in-Training – LiT: Тел.: +389-70-594 341 Е-пошта: leaders@ymca.mk Instagram: @ymca.mk Facebook: @ymca.mkd

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор