[Aggregator] Downloaded image for imported item #49549

Преку меѓусекторски дијалог и соработка до усогласена примена на FATF препорака 8

Ова е заклучокот од успешно реализирана обука за новата FATF Препорака 8, наменета за клучните институции и финансискиот сектор вклучени во системот за спречување перење пари и финансирање тероризам. На обуката, која се одржа на 30 јуни 2026 година во Скопје, во хибриден формат, во рамки на проектот „Промени за одржливост“, учествуваа 23 претставници од Управата за финансиско разузнавање, Народната банка, банките и други релевантни институции.

Меѓународниот експерт Бенџамин Еванс како главен обучувач ги презентираше најновите меѓународни искуства поврзани со FATF и Moneyval, измените во Препораката 8 и нивното влијание врз пристапот заснован на ризик кон непрофитните организации. Посебен акцент беше ставен на практичната примена на новите стандарди, финансиската вклученост и надминувањето на бариерите со кои се соочуваат граѓанските организации при пристапот до финансиски услуги.

Преку интерактивни дискусии и работа во групи, учесниците разменија искуства и разговараа за факторите што придонесуваат кон финансиска исклученост, можните мерки за нивно надминување и чекорите потребни за усогласување со реформите на FATF Препорака 8.

Обуката беше високо оценета од учесниците. Како особено корисни беа оценети интерактивноста, размената на искуства и експертизата на обучувачот.

„Обуката беше доста интерактивна и со многу јасна и важна порака во однос на непрофитните организации, а позитивно беше и соодветното познавање на материјата од страна на организаторот.“ – учесник на обуката

Фотографија на Конект

Како резултат на обуката беа зајакнати капацитетите на институциите и банкарскиот сектор за примена на новата FATF Препорака 8, а беа подготвени и ресурсни материјали што ќе придонесат за понатамошна едукација и унапредување на практиките во оваа област.

Обуката за новата FATF препорака 8 се спроведе во рамки на проектот „Промени за одржливост“ што го спроведува здружението Конект во партнерство со Младинска асоцијација ИМКА Битола. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор