[Aggregator] Downloaded image for imported item #46834

Бараме итна истрага за серијата онлајн напади кон „Слободен печат“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на повторените координирани ботски напади врз официјалните Инстаграм профили на медиумот „Слободен печат“, од кои последните два се случија во изминатите 48 часа, вклучително и нападот од утринава.

Според достапните информации, во рок од неколку минути илјадници сомнителни профили, најчесто од странство, масовно реагирале со лајкови на објави на инстаграм профилите на Слободен печат, што укажува на организирана и малициозна активност со цел нарушување на дигиталниот интегритет на медиумот.

Овие инциденти не се изолирани, туку се дел од серија повторени напади во изминатите пет месеци, што укажува на јасен и загрижувачки образец на систематско дигитално вознемирување и притисок врз медиум. Таквите напади претставуваат сериозна закана за слободата на медиумите, нивната независност и правото на јавноста да биде информирана.

Особено загрижува фактот што платформата „Мета“, во чиј состав е Инстаграм, не обезбедува ефикасни механизми за заштита на јавните медиумски профили од ваков тип на напади. Препораките за „заклучување“ на профилите се неприфатливи за медиумите, бидејќи тоа директно го ограничува нивниот досег, транспарентност и улога во јавниот интерес.

Оттука, очекуваме Министерството за внатрешни работи и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика да постапат итно, да ги истражат овие напади, да го утврдат нивното потекло и да преземат соодветни мерки за санкционирање на одговорните.

Воедно, ги повикуваме надлежните институции да развијат системски механизми за заштита на медиумите од дигитални напади, како и да ја зајакнат соработката со меѓународните технолошки компании со цел спречување на ваквите злоупотреби.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ)

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор