726507959 4377301842527194 8654277440466000952 n

Успешно заврши тркалезната маса за зелена транзиција и CBAM

На тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста: Енергетската транзиција, CBAM и иднината на македонската индустрија“, Finance Think ја промовираше студијата „Подготвеност за CBAM и зелената индустриска транзиција во Северна Македонија“.
Студијата покажува дека подготвеноста за CBAM ќе биде клучен фактор за одржување на конкурентноста на домашните производители на пазарот на Европската Унија. Во 2025 година, извозот опфатен со CBAM достигна околу 468 милиони евра, што претставува 7,7% од извозот во ЕУ и 2,8% од БДП.
Претставници на институциите, локалната самоуправа и енергетскиот сектор дискутираа како енергетската транзиција може да стане двигател на конкурентноста, инвестициите и локалниот развој.
Клучната порака е јасна: енергетската транзиција повеќе не е само еколошко прашање – таа е прашање на економска конкурентност и идниот развој на македонската индустрија.
Целата студија е достапна на: https://shorturl.at/CWIXg

 

The post Успешно заврши тркалезната маса за зелена транзиција и CBAM appeared first on Finance Think.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за економски истражувања и политики Finance Think

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор