[Aggregator] Downloaded image for imported item #46428

Како да се реагира под притисок: сниматели и медиумски работници на обука во Велес

На 27 и 28 март 2026 година, во Велес, Здружението на новинарите на Македонија, во рамки на Тренинг-Академијата за новинари и медиумски работници (T-AJM), организираше дводневна обука за физичка безбедност, наменета за сниматели и други медиумски професионалци.

Обуката беше поставена како спој на теоретски сесии, дискусии и практична работа, со фокус на реалните ризици со кои медиумските работници се соочуваат на терен. Учесниците работеа на теми поврзани со различни форми на притисоци врз медиумските работници, препознавање високоризични ситуации, родово специфични безбедносни предизвици, како и со правната и институционалната рамка за заштита на медиумските работници.

Посебен акцент беше ставен на симулациите и практичните вежби. Во една од нив, учесниците работеа на сценарио за известување од сообраќајна незгода во која е вклучена јавна личност, при што вежбаа проценка на ризик, реакција под притисок и носење одлуки во чувствителна и напната ситуација. Во друг дел од програмата, преку практична работа, тие се запознаа со користење заштитна опрема, правилно ракување со панцир и шлем, како и со подготовка на неопходна опрема за работа во кризна средина.

Вториот ден беше посветен и на подготовка за известување од насилни протести и други настани со зголемен ризик, при што се работеше на проценка на теренски услови, избор на безбедни рути за движење и основна логистика за работа во опасни средини. Практичната вежба за заштита и помош на терен им овозможи на учесниците да ги поврзат информациите од модулите со конкретни ситуации што можат да ги затекнат во секојдневната работа.

Обуката беше наменета за сниматели и други медиумски работници, а пристапот беше прилагоден и за учесници со помало искуство, и за оние кои веќе имаат долгогодишна работа на терен.

Обучувачи беа Зоран Ричлиев и Кристина Атовска, кои преку работа со реални примери, сценарија и интеракција со учесниците отворија важни прашања за личната безбедност, подготовката пред излегување на терен и однесувањето во услови на зголемен ризик.

Обуката се одржа со финансиска поддршка на Европската Унија, во рамки на проектот „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“. За содржината е одговорно исклучиво Здружението на новинарите на Македонија и таа нужно не ги одразува ставовите на Европската Унија.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ)

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор