[Aggregator] Downloaded image for imported item #46222

Скопје RYLMP размена (9-13.03.2026)

Во периодот 9–13 март 2026 година, Младинскиот образовен форум (МОФ) беше домаќин на првата мобилност од новиот циклус на Регионалната програма за младинско лидерство и мобилност (RYLMP), која се спроведува од МОФ во партнерство со Центарот за наука и иновации за развој (SCiDEV) од Албанија и Иницијативата на млади за човекови права (YIHR) од Србија, со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан.

Обединувајќи млади истражувачи од трите земји, мобилноста беше фокусирана на контекстуално прдолабочување на истражувањата во области како регионална соработка, образование, вработливост, миграција, младинско учество, како и дигитална и зелена транзиција.

Како домаќин на мобилноста, МОФ создаде простор за директна интеракција помеѓу учесниците во програмата и клучните институционални актери, експерти и активисти. Во текот на неделата, учесниците се сретнаа со јавни институции, активисти, граѓански организации и носители на одлуки, претопувајќи ги своите теми на истражување, во значајни разговори и дискусии.

Мобилноста започна со средба со Стојан Пандов, Советник за млади на Премиерот, со кој учесниците на програмата дискутираа за младински политики, механизми за учество и улогата на институциите во адресирањето на предизвиците со кои се соочуваат младите.

Во Министерството за образование и наука, Наталија Кижевска, раководителка на Секторот за средно образование, образование на возрасни и доживотно учење, ги запозна учесниците со реформите во образованието, политиките за доживотно учење и предизвиците во усогласувањето на образовниот систем со потребите на пазарот на труд. Теми директно поврзани со истражувањата за образование и вработливост. Дополнително, средбата ги опфати и аспектите што Министерството ги покрива во однос на учениците со попреченост.

Прашањата поврзани со медиумите, демократијата и интегритетот на информациите беа дополнително продлабочени преку средбата со Сашо Богдановски, раководител на Одделението за човекови права и медиумска писменост при Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, како и со Весна Никодиновска од Македонскиот институт за медиуми, каде што учесниците дискутираа за медиумската писменост, регулацијата и улогата на образовните институции во справувањето со дезинформации.

Темата за зелена транзиција и управување со животната средина беше обработена преку средбите со Дејан Василевски од Биди Зелен и Ане Лашкоска, заменик министерка во Министерството за животна средина, при што се разговараше за политиките за животна средина, управувањето со електронски отпад и институционалната координација во одржливите процеси.

Во Министерството за дигитална трансформација, Гордана Клинчарова, државна секретарка, сподели перспективи за дигиталното управување, дигитализацијата на институциите и улогата на дигиталните алатки во подобрување на транспарентноста и јавните услуги. Учесниците дополнително дискутираа на теми тесно поврзани со истражувањата за дигитална трансформација и други аспекти на дигитализацијата на институционалните процеси.

Средбата со Локалната канцеларија на RYCO во Северна Македонија, претставена од Владимир Ѓорѓиевски, Дејан Ризински и Ања Бебековска, отвори дискусии за регионалната соработка, младинската мобилност и соработка, нагласувајќи ги можностите за посилна регионална интеграција на младите.

Правните и институционалните рамки за регулирање на фемицидот беа разгледани преку средбата во Министерството за правда, со Лазар Тасев и Никола Прокопенко, каде што учесниците дискутираа за казненото право, законодавните процеси и институционалните пристапи кон реформите во правосудството поврзани со фемицидот. Дискусијата беше продолжена со Теодора Милеска од СТЕЛА, каде што учесниците имаа можност да анализираат практични примери и аспекти од регулирањето на фемицидот во Северна Македонија.

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, учесниците се сретнаа со претставници од протоколот и односите со јавност, при што добија увид во улогата на Претседателот и функционирањето на институцијата, проследено со организирана обиколка на просториите.

Прашањата поврзани со човековите права и механизмите за институционална заштита, особено во однос на дискриминацијата, беа разгледани преку средбата со Васка Бајрамовска Мустафа, државна советничка во Канцеларијата на Народниот правобранител, со фокус на заштитата на правата на децата и институционалната одговорност. Учесниците добија и увид во начинот на соработка помеѓу канцелариите на Народниот правобранител во регионот на Западен Балкан, па и пошироко.

Програмата вклучи и средба во Собранието на Република Северна Македонија со Сергеј Попов, пратеник, што им овозможи на учесниците директен увид во законодавните процеси и политичкото одлучување, особено во контекст на младинското учество и младинските политики.

Во текот на сите средби, учесниците активно се вклучија во дискусиите, ги претставуваа своите теми, поставуваа прашања и разменуваа ставови. Вакват интеракција им овозможи подобро да разберат како се креираат и спроведуваат јавните политики, разликата помеѓу процесите на регионални ниво, но и помогна кон позиционирање младинските перспективи во институционалниот дијалог.


























The post Скопје RYLMP размена (9-13.03.2026) appeared first on МОФ.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Младински Образовен Форум

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор