Glavna

Помалку бариери, повеќе можности: Реформите клучни за раст на домашните бизниси

Како реформите да престанат да бидат само обврска на хартија и да станат реална поддршка за бизнисите, ова беше во фокусот на конференцијата „Помалку бариери, повеќе можности: Реформи за ветер во грб на малите и средни бизниси“, што денес се одржа во Скопје, во организација на Институтот за демократија.

Во услови кога Реформската агенда (2024-2027) и Планот за раст на Европската Унија отвораат простор за економски напредок, учесниците на настанот посочија дека клучното прашање не е дали реформите се потребни, туку како тие побрзо и поефикасно да се почувствуваат во секојдневното работење на компаниите, преку поедноставени правила, подобар пристап до пазарите и вистинска поддршка за малите и средни претпријатија.

Настанот ги обедини претставниците на институциите, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, а во рамки на воведниот дел се обратија Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија и Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Северна Македонија.

Трошановски, истакна дека настанот е дел од пошироките активности на организацијата насочени кон реформските процеси поврзани со Берлинскиот процес и Планот за раст на Европската Унија.

„Во отсуство на реален напредок во формалниот дел на пристапниот процес, односно незапочнување на преговорите, преку овие процеси се обидуваме да ја поттикнеме државата, институциите, но и бизнис заедницата и јавноста, со цел да се зголеми поддршката, разбирањето и имплементацијата на реформите“, изјави Трошановски.

Тој нагласи дека една од клучните цели е да се намали јазот меѓу апстрактните реформски процеси и нивното реално влијание врз секојдневниот живот.

„Реформите често се сведуваат на закони и процедури што за граѓаните звучат далечно, но тие директно влијаат врз нивниот живот, од пониски банкарски трошоци до полесен пристап до услуги во регионот. Бизнис заедницата исто така треба активно да се вклучи во процесот. Таа не е само корисник, туку и ко-креатор на реформите, и токму затоа целта на овој настан е да се отвори дискусија за нивната имплементација, особено во делот на деловното опкружување“, додаде Трошановски.

Претседателот на Бизнис конфедерацијата на Северна Македонија, Миле Бошков, ја нагласи важноста од вклученоста на бизнис заедницата во реформските процеси и потребата од посилен дијалог меѓу сите засегнати страни.

„Бизнис заедницата е неопходен партнер во овие процеси – заедно со институциите, стопанските комори и граѓанскиот сектор, потребно е да се гради вистински дијалог и заедничко разбирање за реформите“, изјави Бошков.

Тој посочи дека и покрај постоењето на различни стратешки документи и иницијативи, клучниот предизвик останува нивната практична имплементација.

„Имаме стратегии, агенди и планови, но она што ни недостасува е доследна примена на стандардите и принципите што сме се обврзале да ги спроведеме“, истакна тој.

Бошков нагласи дека ваквите настани се важни за испраќање јасна порака дека постои подготвеност за заедничко делување.

„Мора да покажеме дека сме подготвени активно да учествуваме во реформите – тоа е единствениот начин да бидеме конкурентни и дел од поширокото европско и глобално опкружување“, додаде Бошков.

Раководителката на Центарот за европски интеграции при Институтот за демократија, Анамарија Велиновска, посочи дека ниската информираност за Реформската агенда и Планот за раст претставува сериозен предизвик, поради што е потребно овие процеси да се доближат до граѓаните и бизнис заедницата и да се поттикне нивно поактивно вклучување.

„Нашите истражувања покажуваат дека запознаеноста со Реформската агенда и Планот за раст е на ниско ниво – околу 43% од граѓаните воопшто не слушнале за нив, а дополнителни 43% слушнале, но немаат конкретни информации. Во моментов, имплементацијата на Реформската агенда е околу 30%, односно само мал дел од предвидените чекори се целосно завршени, додека поголемиот дел од реформите сè уште се во процес или допрва треба да се спроведат. Очекуваме најголем интензитет на исполнување да се случи во текот на оваа година, со оглед дека реформската агенда трае до 2027 година. Затоа е важно реформите да не останат само на хартија, туку да постои јавен притисок за нивно навремено и ефективно спроведување“, изјави Велиновска.

Конкурентност преку интеграција и реформски импулс

Првата панел-дискусија, на тема „Конкурентност преку интеграција“, се фокусираше на тоа како Планот за раст на ЕУ и Реформската агенда 2024-2027 влијаат врз трансформацијата на деловното опкружување во земјата. На панелот учествуваа Виктор Митевски, извршен директор на Здружение ЗМАИ, Ардиана Абази,  државен советник за евроинтеграции во Министерството за економија и труд, Ирена Ѓорѓиевска раководител на сектор за меѓународна соработка од Агенција за иновации – ИНОВА) и Миле Бошков од Бизнис конфедерација.

Дискусијата што ја модерираше новинарката Александра Томиќ ги опфати клучните аспекти на реформите, од регулаторното усогласување и интеграцијата во единствениот пазар на ЕУ, до привлекувањето инвестиции, поттикнувањето иновации и дигиталната трансформација. Посебен акцент беше ставен на улогата на малите и средни претпријатија и потребата од поактивна соработка меѓу институциите и приватниот сектор во спроведувањето на реформите.

Јавните политики и набавките како двигател на економски раст

Вториот панел што го модерираше новинарката Анета Додевска беше посветен на улогата на јавните политики и јавните набавки како алатки за економски раст, со учество на Марија Јованоска раководител на сектор во Биро за јавни набавки, Герман Филков претстедател на Центарот за граѓански комуникации) и Миле Бошков од Бизнис конфедерација.

Учесниците дискутираа за тоа како јавните набавки можат да се трансформираат во инструмент за поддршка на домашните компании, особено малите и средни претпријатија, преку подобро таргетирани политики кои ќе поттикнат иновации, дигитализација и зелен развој. Воедно, беше нагласена потребата од поголема транспарентност, предвидливост и усогласеност со европските стандарди во оваа област.

Конференцијата што се одржа во рамки на проектот „Зајакнување на учеството на граѓаните и бизнисите во Берлинскиот процес и Реформската агенда на Северна Македонија“, финансиран од Фондација Отворено општество – Западен Балкан, потврди дека Реформската агенда претставува значајна можност за унапредување на деловното опкружување, но и дека нејзиниот успех ќе зависи од ефективната имплементација, координацијата меѓу институциите и активното вклучување на бизнис заедницата.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за демократја ИДСЦС

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор