[Aggregator] Downloaded image for imported item #46356

Владата го отвори процесот за анти-SLAPP механизам: сега се очекуваат конкретни решенија

По одржувањето на првиот состанок на работната група за воспоставување анти-SLAPP механизам на 25.03.2026 година, се започнува важна фаза во институционалното адресирање на еден од посуптилните, но сè поопасни притисоци врз новинарството и јавниот интерес.

Работната група беше формално воспоставена со заклучок на Владата донесен на седницата од 27 јануари 2026 година, а на претходна иницијатива на Здружението на новинари на Македонија. Со таа одлука, групата доби задача да ги анализира домашните практики, европските регулативи и препораки за стратешките тужби против јавно учество – SLAPP, да предложи конкретни решенија во насока на усогласување со европските стандарди.

За дел од новинарите ова можеби сè уште е нова или недоволно објаснета тема. SLAPP се стратешки тужби против јавното учество, односно правни постапки што не се користат првенствено за да се добие правда, туку за да се изврши притисок, да се замолчи критичкиот говор, да се заплаши тужениот и да се исцрпат неговите финансиски, професионални и психолошки ресурси. Советот на Европа предупредува дека ваквите постапки имаат негативен ефект врз слободата на изразување и учеството во прашања од јавен интерес.

Токму затоа, SLAPP денес се препознава како нов и сериозен ризик за новинарите. Во услови кога формалната цензура е поретка, притисокот сè почесто доаѓа преку долги и скапи судски постапки, со кои моќни политички, деловни или други центри на влијание се обидуваат да обесхрабрат истражувачко известување, критички прашања и отворање теми од јавен интерес. Ризикот не е само во можниот исход на спорот, туку и во самата постапка, во трошокот, времето, стресот и пораката што се испраќа до другите новинари, дека секое отворање чувствителна тема може да биде казнето преку суд.

За ЗНМ, ова прашање не започна со владината одлука за формирање на оваа работна група од јануари 2026 година во која член е и претставник на здружението. Напротив, станува збор за тема што ЗНМ подолго време ја отвора, аргументира и институционално ја турка во јавниот и политичкиот простор, преку директна комуникација со носители на одлуки, јавни настани, анализи и публикации. Уште во 2023 година, ЗНМ ја подготви и претстави анализата „Како до поефективна заштита од стратешки тужби против учеството на јавноста (SLAPP)?“, која беше објавена како дел од проект посветен токму на оваа проблематика. Во неа не само што се објаснува феноменот, туку се разработени и Индикатори за идентификување на SLAPP и Генерални насоки и препораки за заштита од SLAPP.

Тоа е особено важно и поради временскиот контекст. Анализата на ЗНМ беше подготвена и презентирана пред Комитетот на министри на Советот на Европа да ја усвои Препораката CM/Rec(2024)2 на 5 април 2024 година. Со други зборови, ЗНМ ја отвори темата систематски и навреме, уште пред таа да добие денешна поцврста европска институционална рамка. Во јавниот простор оваа публикација беше посочена и како прва публикација од ваков вид во Западен Балкан, што дополнително ја потврдува улогата на ЗНМ како организација која рано и сериозно пристапи кон ова прашање.

Оттука, ЗНМ во работата на оваа група не влегува само како уште еден учесник, туку како организација што веќе има изградено институционална меморија, аналитичка основа и практично знаење за темата. Тоа искуство е важно затоа што ова прашање бара не само добра волја, туку и јасно разбирање на локалниот контекст, на правните празнини, на ризиците за новинарите и на европските стандарди што треба да се следат.

Позитивно е што ова прашање конечно добива формална институционална рамка и што започнува структуриран процес во кој се вклучени релевантни институции, правосудни и стручни претставници, како и дел од граѓанскиот сектор. Но подеднакво важно е овој процес да резултира со јасни, применливи и одржливи решенија. Се очекува работната група да отвори суштинска расправа за тоа како во домашното законодавство и практика ќе се препознаваат овие тужби, како ќе се намали просторот за нивна злоупотреба, каква поддршка ќе им биде достапна на новинарите и како ќе се зајакне правната сигурност за известување по прашања од јавен интерес.

Воедно, ова прашање има и јасна европска димензија. Директивата (ЕУ) 2024/1069 предвидува дека земјите-членки на Европската Унија треба да ги донесат потребните мерки за усогласување најдоцна до 7 мај 2026 година. Иако Северна Македонија е кандидат земја-членка, приближувањето кон овие стандарди е важно и за заштитата на новинарството, и за кредибилитетот на државата во процесот на евроинтеграција, особено кога самата Влада ја задолжи работната група да работи во насока на усогласување со европските стандарди.

ЗНМ преку својот претставник ќе продолжи да учествува во овој процес конструктивно и со конкретни предлози, со очекување започнатата работа да резултира со механизам што објективно ќе придонесе за заштита на новинарите, слободата на изразување и правото на јавноста да биде информирана.

Според интерниот регистар на ЗНМ за SLAPP тужби, од 2021 година до денес во Северна Македонија се евидентирани вкупно 25 случаи на ваков вид правен притисок врз новинари и медиумски работници. Од нив, по еден случај се регистрирани во 2025 и 2026 година, осум случаи во 2024 година, шест во 2023 година, пет во 2022 година и четири во 2021 година.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ)

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор