[Aggregator] Downloaded image for imported item #45897

Започнаа подготовките за XXVI Вардарска регата Гемиџии 2026

На 14.3.2026 год. (сабота) претставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, во состав Владимир Ивановски, Иван Гушев и Ангелче Гушев ги посетија извидниците во Солун каде што ги започнаа разговорите за реализација на XXVI Вардрската регата Гемиџии 2026.
Оваа година заради зголемени финасиски трошоци се доведува во прашање организирањето на традиционалната Вардарска регата Гемиџии до крајната дестинација – Солун.

Прелиминарно е  договорен и терминот за реализација на регатата која би требало да се одржи од 18 до 23 јуни оваа година. Во подготовките на Вардарската регата останува да се утврди и движењето по реката Вардар во Република Грција кое што веќе ни е познато и сите останати технички детали за истата.

Со активностите на Вардарска регата Гемиџии и оваа  година сакаме да дадеме и еколошки акцент и подигање на јавната свест за заштита на реката Вардар на територија на Република Македонија споредбено со заштитениот Вардар на територијата на Грција.

Предложени се и неколку заедничка манифестација помеѓу граѓаните во Демир Капија, Поликастро и граѓаните на Велес и Солун по завршувањето на регатата. Домаќин на нашите пртеставници во Солун беше Василис Нтрианкос како еден од водечките лидери на солунските извидници. Средбата се одржа во поморската база на сискаутите на Солун “Николаос Принзиос“.

The post Започнаа подготовките за XXVI Вардарска регата Гемиџии 2026 appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

  • Работилница посветена на здравјето на мајките и децата во Прилеп

    На 02.04.2026 година, во Прилеп реализиравме едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен акцент на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 19 жени – трудници и мајки кои се породиле во изминатите шест месеци. Учесничките добија практични и корисни информации за тоа како да го унапредат…

  • Превенцијата не смее да биде привилегија: Бесплатни прегледи по повод Светскиот ден на здравјето

    По повод Светскиот ден на здравјето, кој годинава се одбележува под мотото „Заедно за здравје – застани зад науката“, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација […]

  • Бараме итна истрага за серијата онлајн напади кон „Слободен печат“

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на повторените координирани ботски напади врз официјалните Инстаграм профили на медиумот „Слободен печат“, од кои последните два се случија во изминатите 48 часа, вклучително и нападот од утринава. Според достапните информации, во рок …

  • ФТ Став 69 за инфлацијата во месецот по отпочнувањето на воениот конфликт меѓу САД/Израел и Иран

    Државниот завод за статистика ги објави бројките за движењето на цените во март 2026, што е прв месец по почетокот на воениот конвликт меѓу САД/Израел и Иран. Според овие податоци, на месечно ниво, цените пораснале за 0.7%, додека на годишно ниво за 4.9%. Поради зголемените очекувања за динамизирање на порастот на цените предизвикано од наглото […]
    The post ФТ Став 69 за инфлацијата во месецот по отпочнувањето на воениот конфликт меѓу САД/Израел и Иран first appeared on Finance Think.
    The post ФТ Став 69 за инфлацијата во месецот по отпочнувањето на воениот конфликт меѓу САД/Израел и Иран appeared first on Finance Think.

  • Хуманитарна оперска гала вечер

    УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ХУМАНИТАРНА ОПЕРСКА ГАЛА ВЕЧЕР Со голема благодарност и исполнети срца споделуваме дека Хуманитарната оперска гала вечер е успешно реализирана, како дел од нашата кампања “Заедно за нов дом” посветена на поддршка на лицата со попреченост и зголемување на капацитетите на социјалната услуга “Живеење со поддршка” Оваа вечер беше…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор