[Aggregator] Downloaded image for imported item #45882

Реакција за Предлог-законот за високо образование

Младинскиот образовен форум (МОФ), како организација која скоро 27 години работи на промовирање и заштита на правата на младите во образованието, внимателно го анализираше Предлог‑законот за високо образование. Во текот на изминатите децении МОФ има учествувано во подготовка, корекција и евалуација на повеќе законски и реформски процеси во образовниот систем.

Дополнително, во моментов има двајца членови во рамки на Националното координативно тело за реформи во високото образование, науката и истражувањето и развојот. Токму долгогодишниот ангажман и застапничка улога, даваат обврска, право и легитимитет за изнесување конструктивни забелешки.

Во рамки на процесот на анализа на предлог законското решение, МОФ ги консултира своите членови – студенти и млади професионалци од различни универзитети, и ги акумулираше нивните забелешки. Овие реакции претставуваат глас на младите кои директно ќе ги чувствуваат ефектите од законот.
Најнапред генерален заклучок е дека самиот текст на предлог‑законот не соодветствува со потребите на студентите и не е современ, дополнително стилски и структурно неусогласен и некохерентен. Одредени делови се јасно формулирани, додека други користат различен тон и суштина, што упатува на недостиг од интегрирана редакција.

Покрај формалните недостатоци, содржината на предлог‑законот отвора повеќе суштински прашања. Терминот „интердисциплинарност“ се споменува во неколку членови (24, 29, 125, 133), но контекстот во кој се споменува, не е насочен како стимул за развој на интердисциплинарни студиски програми. Во ситуација во која квалитетот на високото образование потфрла, универзитетите треба да ги охрабрат програмите кои комбинираат различни дисциплини и ги подготвуваат студентите за динамичноста на пазарот на трудот. Поради тоа е потребно да се создадат механизми за поттикнување на такви студии и да се овозможи надоградување преку постдипломска едукација во области каде студентите веќе имаат искуство.

Овие ставови се укажани и вметнати во низа стратегиски документи изработени од домашни и странски истражувачки центри.
Понатаму, предлогот не го гарантира правото на пристапност и адаптација на условите за студирање на лица со попреченост и не нуди јасни механизми за реализација на таква поддршка. Законските решенија мора да вклучат одредби за физичка пристапност (рампи, прилагодени тоалети), академски приспособувања и финансиска поддршка за ранливите групи. Доколку ваквата регулација се остава на слободна волја на интерните акти на универзитетите, се отвораат голем број на можности за дискриминација на ранливите групи.

МОФ констатира дека студентите, преку Универзитетското студентско тело дефинирано во членот 86, остануваат маргинализирани. Предложениот закон во ова тело предвидува учество на само 1 (со зборови еден) студент од 11 членови на телото, од кои поголем дел се владини претставници. Тој еден студент, претставува само 9 % учество во управувањето.

Сметаме дека студентите како носители на процесите, заслужуваат поголемо влијание во органите на универзитетите, особено во однос на тела од кои произлегуваат одлуки за програмите, буџетите на универзитетите.

Членот 28 предвидува бесплатна и професионална поддршка за физичко и ментално здравје на студентите, но предлог-законот не ја дефинира формата, начинот ниту одговорноста за нејзина реализација. Наспроти тоа, членот 91 го задржува сегашното учество на студентите во Наставно-научните совети од 10 до 15%, наместо да понуди поголем стимул и проширена вклученост во процесите на одлучување.

Членот 110 предвидува кои се тематските приоритети на финансирање на академската средина, меѓу кои не се наведени средства за зелени политики, како што се енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија, управување со отпад и развој на одржливи кампуси. Во време на климатски и енергетски предизвици, високото образование и кампусите мора да биде пример за одржливост.

Во однос на финансиските импликации на студирањето, во членот 112 се наведени сите извори на финансирање на високообразовните установи, но изостанува продажбата на учебници. Сметаме дека со регулирање на продажбата на учебниците, се намалува сивата економија, можноста за корупција во академската средина, и истата влијае кон подобрување на квалитетот на учебниците и стандардизација на цените.

Од предлог-законското решение се избришани одредбите кои го оневозможуваат непотизмот при вработувањето на универзитетите, одредби кои стојат во постоечкиот закон, што отвора простор за корупција при вработување на универзитетите.

Членот 175 е во колизија со декларативните напори на министерството за прекин на вечните академски титули и долготрајноста на академските звања. Особено во ситуација во која млади кадри чекаат вработување на факултети, клаузули кои овозможуваат професори во пензија да продолжат со предавања, се директен импулс за разочарување на младите. Разочарување кое во краен степен, придонесува кон иселување на младите.

Понатаму, предложениот текст укажува дека пропушта да го искористи потенцијалот за целосна или парцијална дигитализација на студирањето. Дополнително што во целиот закон не се ни искористени зборовите „вештачка интелигенција“, што претставува еден огромен сегмент на модернизација на новото секојдневие, нерегулиран во законот. Регулацијата на овие полиња би можело да ги подобри пристапноста и квалитетот на наставата, како и заштитата на критичната мисла од една страна и плагијаризмот од друга.

За крај, присутна е сериозна контрадикторност која ја тангира академската автономија. Членовите 198, 199, 200 и 201  се во колизија со принципите на автономија утврдени во член 13, со што се отвора простор за прекумерна државна контрола и политичко влијание.

Ова претставува директен упад во автономијата на универзитетите. Контролата над квалитетот треба да се регулира преку Агенцијата за квалитет (уредена во друг закон).

Универзитетите императивно треба да уживаат слобода и автономија, со прецизно дефинирани надлежности на државните органи и механизми за одговорност кои не ја рушат истата.

Младинскиот образовен форум препознава дека потребата за нов закон е реална и ја поддржува насоката кон подобро и поквалитетно високо образование. Сепак, неопходно е да се упати апел дека предложениот текст потребно е да биде темелно редактиран, да се интегрираат препораките од јавноста и да се воведат механизми кои ќе обезбедат инклузивно, транспарентно и одржливо високо образование.

Само така реформата вистински ќе ги рефлектира потребите на младите и ќе создаде услови за вистински универзитети конкурентни на светско ниво.

The post Реакција за Предлог-законот за високо образование appeared first on МОФ.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Младински Образовен Форум

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор