[Aggregator] Downloaded image for imported item #46151

Новинарите од Битола и Прилеп дебатираа за новите етички стандарди во новинарската професија

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на 17 март 2026 година во Битола одржа консултативна средба со новинари и уредници од регионалниот центар, во рамки на процесот за финализирање на новиот текст на Кодексот на новинарите.

Средбата ја отвори Жанета Здравковска, координаторката на регионалниот центар Битола, која се осврна на клучните предизвици со кои се соочува локалното новинарство. Беше потенцирана финансиската нестабилност, намалениот број на локални медиуми, како и сè поголемото влијание на неформални дигитални извори кои не се придржуваат до етички стандарди. Дополнително, беа истакнати и ограничените капацитети на редакциите и отежнатиот пристап до информации од институциите.

Драган Секуловски, извршниот директор на ЗНМ зборуваше за потребата од ревизија на Кодексот, имајќи ги предвид променетите услови за работа и новите медиумски трендови кои не се опфатени во претходните верзии. Воедно, беше направен осврт и на состојбата со безбедноста на новинарите и тековните активности на ЗНМ.

Во рамки на проектот за ревизија на Кодексот, беа презентирани досегашните активности, како и следните чекори во процесот, со акцент на инклузивноста и вклученоста на новинарската заедница во креирањето на финалниот текст.

Сефер Тахири, претставникот на работната група за измена на Етичкиот кодекс на новинари, ги презентираше  досегашните измени и воведувањето на нови челнови кои се однесуваат вештачка интелигенција и тајното приобирање на податоци во услови кога информацијата не може да се обезбеди на друг начин и за тоа постои висок јавен интерес.

Во дискусијата, новинарите од битолскиот регионален центар дадоа конкретни предлози за подобрување на текстот на Кодексот. Меѓу нив беа иницијативите за професионалното однесување на новинарите на социјалните мрежи, прецизирање на јазикот во однос на родовата еднаквост, како и дополнување на одредбите за етичко користење на фотографии, аудио и видео материјали. Исто така, беше изразена заедничка поддршка за враќање на одредени членови кои се однесуваат на културата на говорот и зачувување на угледот и достоинството на професијата.

Учесниците се согласија дека е неопходно дополнително зајакнување на капацитетите на локалните редакции преку практични обуки, особено во делот на дигиталните вештини, со цел унапредување на квалитетот и професионалноста во новинарството.

Процесот на ревизија на постоечкиот Кодекс продолжува и во наредниот период со дополнителни консултации, а финалниот предлог ќе биде резултат на широк инклузивен процес со учество на новинарската заедница.

Работната група составена од претставници на Здружението на новинари на Македонија, Македонскиот институт за медиуми и Советот за етика во медиумите изработка на новиот кодекс со своите активности започна во јули 2024 година, а новиот кодекс се очекува да биде промовиран во втората половина на 2026 година.

Фото: ЗНМ

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Здружението на новинарите на Македонија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ)

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор