[Aggregator] Downloaded image for imported item #46004

Благодарница за организација и постигнати резултати во крводарителството и покажана хуманост и солидарност

На 17.3.2026 год. (вторник), по повод 17 март – Ден на крводарителството во конференциската сала во хотел Интернационал во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес се организираше Свечен настан за доделување на јубилејни признанија за крводарителството.

Во рамките на овој настан беше доделена Благодарница на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес за организација и постигнати резултати во крводарителството, за покажаната хуманост и солидарност.

Во името на Општинската организација на Црвениот крст на Велес, Благодарницата беше доделена од страна на Претседавачот на Советот на Општина Велес, г-дин Даниел Јаневски на старешината на одредот, м-р Ангелче Гушев.

The post Благодарница за организација и постигнати резултати во крводарителството и покажана хуманост и солидарност appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор