Младински образовен форум го организира Националното дебатни првенство за почетници дебатери
Објавено: 27/02/2018
Националното дебатно првенство за почетници е најзначајниот и најголемиот дебатен турнир кој Младински образовен форум го организира за новите дебатери, членови на МОФ. На овој турнир дебатерите имаат прилика за прв пат во пракса да ги применат вештините за дебата и аргументирано изразување кои ги стекнуваат на неделните предавања во нивните дебатни клубови.
Турнирот ќе се одржи на 9, 10 и 11 март во Скопје.
Формат: World Schools Debate Format
Локација на одржување: Дополнително ќе биде објавена.
Рунди: Турнирот се содржи од 5 прелиминарни рунди, полуфинале и финале. На прелиминарните рунди ќе се дебатира на една подготвена теза и една импромпту теза.
Однапред подготвената теза гласи:
“Овој Дом Верува Дека важни здравствени одлуки за деца треба да се носат од медицински професионалци наместо од нивните родители.”
На турнирот ќе бидат зададени две импромпту тези, односно тези кои на дебатерите ќе им бидат објавени 45 минути пред почетокот на дебатата со цел да им се овозможи време да ги припремат своите случаи.
Во полуфинале ќе се дебатира на импромпту теза, а во финалето ќе се дебатира на веќе зададената теза.