ЕПИ

Мрежата за помирување РЕКОМ поддржува пет локални иницијативи кои ќе придонесат за регионалното помирување

Во рамките на програмата за доделување грантови на мали проекти „Поддршка на локалните чинители на граѓанското општество во иницијативите за транзициска правда и градење доверба во Западен Балкан – Мрежа за помирување РЕКОМ“, избрани се пет иницијативи како резултат на првиот повик за предлог проекти: Здружението на заборавени деца од војната (Босна и Херцеговина) и проектот: „Симболи на изгубеното минато“; ГАИА (Косово) и проектот „Предизвикувајќи ја пропагандата преку сеќавање“; Центар за застапување за демократска култура – ACDC (Косово) и проектот „Справувањето со минатото и помирувањето во Косово преку подигање на свеста за проблемот со исчезнатите лица“; Граѓански центар на Војводина (Србија) и краткиот филм „Милена“; и Стрип центар на Македонија (Северна Македонија) и проектот „Се што велиме е – Дајте шанса на помирувањето“.

„Симболите на изгубеното минато“ се осврнува, главно, на доминантната култура на сеќавање, ориентирана кон мажите, во Босна и Херцеговина, која ги занемарува воените искуства на останатите. Нивната цел е да промовираат различна култура на сеќавање, поинклузивна кон жените и децата, признавајќи ги нивните страдања поврзани со војната преку споделување на нивните лични искуства во форма на живи библиотеки со 15 учесници од Универзитетот во Сараево.

„Предизвикувајќи ја пропагандата преку сеќавање“ има цел да се спротивстави на пристрасните наративи и погрешни толкувања што водат до ескалација на етничките тензии во Косово. Ќе се реализира преку семинар на млади учесници (21-30 години), живи библиотеки и изложба на која ќе бидат претставени избрани медиумски наслови и пропагандни вести поврзани со насилните настани од 1998 до 2004 година во Митровица.

„Справувањето со минатото и помирувањето во Косово преку подигање на свеста за проблемот со исчезнатите лица“ ќе опфати пет фокус групи со претставници на граѓанското општество, медиумите и академската заедница кои ќе се обидат да понудат решение како да се запре манипулацијата со ова прашање за политички цели; повик за Op-Ed кој планира да ги преведе и објави најдобрите четири статии и медиумски промоции преку две емитувања.

Краткиот документарен филм „Милена“ ја прикажува насилната мобилизација на бегалците од Хрватска и Босна и Херцеговина и прашањата во врска со вината, одговорноста, цената на слободата. Целта е подигање на свеста за утврдените факти преку уметничка форма, како што е филмот, за публиката која е приемчива за уметноста, но досега не била во фокусот на интересот.

Стрип центарот на Македонија (Северна Македонија), слично како со претходниот проект, има цел да го надмине недостатокот на креативност во промовирањето на теми за регионално помирување, транзициска правда и справување со минатото преку објавување стрипови за регионално помирување и отворање повик за млади апликанти со нивните стрипови, проследено со изложба и други видови на промоција.

Од 1 септември до 16 октомври 2021 година, апликации и предлог проекти поднесоа вкупно 70 организации,: 16 од Босна и Херцеговина, 12 од Црна Гора, 14 од Северна Македонија, 14 од Косово и 14 од Србија. Избраниот тим за евалуација, составен од претставници на партнерските организации, избраа 24 апликации (10 ноември 2021 година) и истите ги покани да учествуваат на работилниците за градење капацитети и развој на проекти.

За време на петдневните работилници (6 – 10 декември 2021 година) претставниците на организациите имаа можност да ја слушнат Маријана Тома, историчарка, за инструментите на транзициската правда; Ана Милошевиќ, пост-докторантскa истражувачка на Универзитетот во Лувен за европеизација на политиката на сеќавање во Западен Балкан; двете следни сесии беа посветени на презентација на добри практика од други региони на учесниците преку работилница за раскажување вистини од граѓанското општество од пристап насочен кон жртвата, водена од г-дин Дарио Колменарес Милан, програмски директор на Глобалната иницијатива за правда, вистина и помирување (GIJTR). Во текот на последните три дена, организациите имаа време да ги претстават своите предлози за проекти и да добијат неколку прашања и коментари од Ана Марјановиќ Рудан, експертка за развој на проекти, но и од други учесници, со цел да им помогнат да ги приспособат и финализираат нивните предлог проекти преку мапирање и планирање конкретни активности и утврдување на распоред во форма на акционен план. По работилниците, како одговор на барањето на RRN, 19 организации поднесоа финален предлог проект, акционен план и нацрт буџет во дадениот рок (15 јануари 2022 година).

Втората евалуација во форма на дополнителна, непристрасна проценка на квалитетот на проектите и акциските планови беше извршена од страна на експертски тим и како резултат на тоа, на 30 јануари беше одлучено пет проекти да бидат финансиски поддржани од Мрежата за помирување РЕКОМ – еден од Северна Македонија, еден од Србија, еден од Босна и Херцеговина и две од Косово; и дека во март ќе следи вториот повик за предлози за уште 12 посебни иницијативи кои ќе придонесат за справување со минатото, транзициската правда и помирувањето.

Програмата за доделување грантови на мали проекти е дел од проектот „Поддршка на основните чинители на граѓанското општество во иницијативите за транзициска правда и градење доверба во Западен Балкан – Мрежа за помирување РЕКОМ“ финансиски поддржан од Европската Унија.

Продолжи со читање

  • Јавен надзор над јавните набавки: неправилности и отстапувања во три големи јавни набавки

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ Денес, 19 март 2026 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.1). Издвојуваме дел од клучните наоди: 1. Тендер за корисниците на народни кујни во Скопје: За 1,5 милиони евра, храната се дели на улица и не секогаш според договореното Договорот за јавна набавка на готови оброци за корисниците на народни кујни во вредност од 1,5 милион евра не се спроведува во…

  • Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги

    ХОПС – Опции за здрав живот Скопје го објави документот „Национални стандарди за превенција од употреба на дроги“, развиен во рамките на проектот за воспоставување национален систем за превенција во средните училишта, со поддршка од Европската Унија. Овие стандарди претставуваат сеопфатна рамка за планирање, спроведување, следење и проценка на превентивните активности на национално и локално […]
    The post Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги appeared first on ХОПС.

  • Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија

    На 10 март 2026 година, во хотел Холидеј Ин во Скопје, се одржа настанот „Легална миграција и правата на странците: состојби и предизвици“, како продолжение на дискусијата одржана на 16 декември 2025 година. Настанот беше организиран од Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамките […]
    The post Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија appeared first on Myla.

  • Благодарница за организација и постигнати резултати во крводарителството и покажана хуманост и солидарност

    На 17.3.2026 год. (вторник), по повод 17 март – Ден на крводарителството во конференциската сала во хотел Интернационал во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес се организираше Свечен настан за доделување на јубилејни признанија за крводарителството. Во рамките на овој настан беше доделена Благодарница…

  • Метаморфозис објави истражување за ефектите од дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси

    Фондацијата „Метаморфозис“ го објави истражувањето „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2025 година“, кое анализира како дезинформациите и пропагандните наративи влијаат врз јавната дебата, довербата во институциите и учеството на граѓаните во демократските процеси. Истражувањето комбинира анализа на дезинформациски наративи и анкета на репрезентативен национален примерок, со што […]

  • Како да се сопре падот на критичкото размислување?

    Критичкото размислување е основа на демократските општества, но и на научното истражување и на интелектуалната слобода и независност. Во рамките на една функционална демократија критичкото размислување им помага на граѓаните да ги оневозможуваат злоупотребите на власта и да им се спротивстават на манипулациите. Тоа е и вештина што филозофите, од Сократ до Џон Стјуарт Мил, […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор