Obuka medijacija3

Медијаторите и обучувачите од АСЈО ги унапредуваат своите вештини со помош од холандски партнери

Институтот за европска политика и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организираат обука за обучувачи за медијација со цел македонските обучувачи за медијација, сегашни и идни, да се оспособат со современи методи и вештини од областа.

Во воведните обраќања на обуката, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, д-р Наташа Габер Дамјановска истакна дека новите генерации на судии и јавни обвинители треба да се запознаат со медијацијата од старт и медијацијата да се вметне во нивниот образовен процес. Таа додаде дека оваа обука е важна со цел медијацијата да стане се поприсутна во земјава, за повеќе спорови да се решаваат по пат на медијација.

Заменик министерот за правда, Агим Нухиу кажа дека во новиот Закон за медијација главен акцент е ставен на јакнење на интегритетот на медијаторот.  Само лица со интегритет и усвоени посебни медијаторски техники, се способни да посредуваат во надминување на конкретна спорна ситуација, но и во промоција и широко прифаќање на концептот на медијацијата во општеството.

Директорката на Институтот за европска политика, Симонида Кацарска истакна дека „Медијација, без дилема!“ е повеќе од само проект и дека Институтот го гледа како програма за поддршка и промоција на медијацијата во земјава.

Оваа обука се одржува во соработка со Холандската федерација на медијатори, од страна на холандски експерти за конкретни теми и вештини поврзани со медијацијата. Главен предавач на обуката е г-дин Јан ван Цвитен, претседател на Меѓународниот регистер за медијација и претседател на Холандската федерација на медијатори. Тој во воведното обраќање кажа дека медијацијата не ја гледа како алтернативно решавање на спорови, туку како начин за решавање на споровите паралелно со судските постапки. Според него, еден медијатор треба да биде добро оспособен и стручен, а за тоа е потребно совладување на основните техники за медијација, кои се цел на оваа петдневна обука.

Во насока на промоција на медијацијата, подготвивме и серија на инфографици со информации за перцепцијата на јавната администрација и приватниот сектор за медијацијата како начин за решавање на спорови во Република Северна Македонија. Инфографици може да ги најдете на нашата веб страница: https://bit.ly/infografici-matra.

Обуката ќе трае до петок, 4 март, а се организира во рамките на проектот „Медијација, без дилема!“, кој Институтот за европска политика (ЕПИ)- Скопје го спроведува во соработка со Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’, Комора на медијатори на Република Северна Македонија и Холандска федерација на медијатори. Проектот е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор