Pozadina 3R

Проект “3 R (3 Р) Редуцирај, реупотреби, рециклирај”

Проект: 3 R (3 Р) Редуцирај, реупотреби, рециклирај на Фондација за развој на локалната заедница Штип
Поддршка: ФООМ

Генералната цел на проектот е: Да се истражат и промовираат одржливи модели за употреба на текстилниот отпад како можност за бизнис на социјално ранливите групи.
Конкретни цели:
КЦ1: Да се истражи состојбата со собирањето, обработката и реупотребата на текстилниот отпад и можностите кои ги нуди повторната употреба во општина Штип;
КЦ2 Да се промовираaт можностите за реупотреба на текстилниот отпад, со креирање на производи со додадена вредност;
КЦ3 Да се зајакнат капацитетите на ФРЛЗ за развивање и тестирање на модели за реупотреба на текстилниот отпад;
КЦ4: Да се подигне свеста на граѓаните за рециклирање.

Предвидени активности :
Активност 1 – Истражување на состојбата со текстилниот отпад во Општина Штип
Активност 2 – Информативно – едукативна кампања за можностите кои ги нуди повторната употреба на текстилот
Активност 3 – Јакнење на капацитети на проектниот тим за развивање и тестирање на модели за реупотреба на текстилниот отпад

Спроведените активности ќе резултираат со:
• Реална слика на состојбата со собирањето и реупотребата на текстилниот отпад во Општина Штип;
• Промовирана кружната економија и модели за вклучување на лицата во социјален ризик на пазарот на труд, со употреба на текстилниот отпад;
• Воспоставена соработка помеѓу засегнатите страни за развивање на бизнис модел за употреба на текстилниот отпад;
• Зголемена свест на локалната заедницата за потребата од рециклирање, посебно на текстилниот отпад;
• Зајакнати капацитети за развивање и тестирање на модели за реупотреба на текстилниот отпад во локалниот контекст.

pozadina-3R

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор