[Aggregator] Downloaded image for imported item #47631

Од порака до влијание: приказната како алатка за застапување

Дваесет и еден млад учесник учеше како личната и заедничката приказна може да стане моќна алатка за застапување, влијание и поттикнување промени во заедницата. Наместо приказната да се третира како креативно пишување, фокусот беше ставен на нејзината практична примена – поврзување, убедување и поттикнување на акција.

Во текот на двата дена, учесниците работеа на разбирање на раскажувањето приказни (storytelling) не само како форма на раскажување, туку како стратешка комуникациска алатка.

Преку практични вежби, учесниците учеа како да трансформираат слаби и општи изјави во аргументирани и убедливи пораки, а потоа да ги развијат во приказни за застапување поврзани со конкретни општествени прашања. Посебен акцент беше ставен на користењето на емоцијата и личната перспектива како алатки за градење повлијателна и поубедлива приказна, која не само што привлекува внимание, туку води и кон јасен повик за акција. Преку овој процес, учесниците учеа како личното искуство може да се претвори во средство за комуникација, застапување и влијание.

Еден од клучните елементи беше и разбирањето на публиката и прилагодување на комуникацијата. Учесниците анализираа кому му се обраќаат, што е важно за таа публика и кој пристап може да има најголемо влијание. За време на практичната работа учесниците размислуваа како би ја претставиле својата иницијатива пред носители на одлуки, донатори, новинари или пошироката јавност. Ова им помогна да разберат дека истата идеја бара различен пристап, различен јазик и различна стратегија за да биде разбрана, прифатена и поддржана. Тие работеа на адаптација на своите пораки за различни формати, вклучувајќи краток говор, пишано сведоштво, медиумски настап и содржини за социјални медиуми.

„На обуката научив како да и пристапиме на публиката и да го привлечеме нејзиното внимание“, рече Лина Муса. Таа смета дека ова е корисно за младите затоа што соработуваат со различни луѓе. „Стекнав повеќе самодоверба за тоа дека можам да направам нешто што ќе влијае позитивно врз иднината на мојата земја“, додаде таа. И за Рида Ахмети обуката била корисна. „Научив многу работи што не ги знаев и ми даде мотивација да реагирам во некои моменти, на пример кога ќе видам неправда. Тоа што го работевме заедно ме потсети дека имам право да реагирам и да придонесам кон промена“, вели таа.

20260505 141302 1

На работилницата беше обработена и темата за комуникациски стратегии и алатки за зголемување на видливоста на иницијативите за застапување. Учесниците се запознаа со разликата помеѓу односи со јавност (ПР) и рекламирањето, како и со улогата на медиумите, јавните настапи, интервјуата и соработката со новинари во пренесување на пораката до пошироката јавност.

Конкретните идеи за акции за застапување на кои работеа во групи опфатија теми како ментално здравје кај младите, подобрување на информираноста во училиштата, промоција на здрав начин на живот и иницијативи за збогатување на културниот живот во заедницата. Секоја група ја дефинираше целта, публиката, клучната порака, потребните чекори за делување, ресурсите и можностите за реализација. Работилницата заврши со презентација на групните идеи и заедничка рефлексија.

Овие млади луѓе ги подобрија своите комуникациски вештини, усвоија конкретни алатки за користење на приказната како средство за влијание и развија идеи кои беа јасни, применливи и стратешки обликувани приказни за застапување, подготвени за комуникација со различни публики и за поттикнување конкретна општествена акција.

Работилницата за storytelling во функција на застапување се одржа на 5 и 6 мај 2026 година во просториите на МЦМС, а ја спроведе Назим Рашиди со поддршка на Дренуша Ника.

Обуката е дел од програмата „Рехабилитација за отпорност: патот напред“ што ја поддржува Глобалниот фонд за ангажман и отпорност на заедниците (ГЦЕРФ) а ја спроведува МЦ

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Елаборат за четириесетите – XL Средби на извидници Велес 2026

    Почитувани извидници, извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес одбележувајќи ја седмата деценија на постоење на извидништвото во Велес и Денот на Државноста на Македонија, Ве поканува на традиционалните XL Средби на извидници 2026. Во периодот од 1975 до 2026 година, успевaме да организираме четириесет Средби на извидници од кои последните…

  • Ново регионално партнерство: Здружението започнува проект поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија

     Со голема чест и задоволство споделуваме дека Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености е добитник на грант од Фондот за Западен Балкан (Western Balkans Fund), кофинансиран од Европската Унија! На 24 и 25 јуни 2026 година во Тирана, Албанија, присуствувавме на дводневната партнерска работилница и свечената церемонија…

  • Успешно реализирана XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“

    Иако регатата се одвива по 26-ти пат, ова е трета година во која пловидбата заврши во Солун, идентично како онаа на велешките трговци во минатото. Чамците растоварени, пловењето успешно завршено, се сумираат впечатоците од Вардарска регата „Гемиџии“ која по 26-ти пат ја оживеа традицијата и патшествието на велешките трговци во…

  • Од отпад до производ: Како био-отпадот станува дел од нашето секојдневие

    Био-отпадот претставува органски отпад кој потекнува од домаќинствата, пазарите, градините и прехранбената индустрија. Во оваа категорија спаѓаат остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, лушпи од јајца, лисја и трева.
    Иако најчесто се третира како отпад, био-отпадот претставува вреден ресурс. Во контекст на циркуларната економија, тој се користи како суровина за создавање нови материјали, енергија и производи што повторно се враќаат во економскиот циклус.

    https://unsplash.com/photos/person-holding-eco-not-ego-signage-_kB9NKpErH4
    Во традиционалниот модел, био-отпадот најчесто завршува на депонии, каде што при разградување без кислород се создава метан – силен стакленички гас кој придонесува за климатските промени. Во циркуларниот пристап, истиот отпад се третира како ресурс и се трансформира во компост, биоматеријали, природни ѓубрива и иновативни производи. На овој начин се намалува количината на отпад, се намалуваат емисиите и се поттикнува развој на зелени технологии и локални бизниси.
    Овој пристап е тесно поврзан со пораката „Eco, not ego“, која потсетува дека одржливите избори ја ставаат еколошката одговорност пред краткорочната индивидуална удобност. Со тоа, био-отпадот се гледа не како проблем, туку како почеток на нов циклус на вредност, обновување и одржлив развој.

    Примери на продукти изработени од био-отпад

    Биопластика и дизајн-предмети од талог од кафе – Coffeefrom (Италија): Италијанскиот стартап Coffeefrom го претвора искористениот талог од кафе во биопластика и композитни материјали кои се користат за дизајнерски производи, пакување и индустриска примена, покажувајќи дека дури и секојдневниот отпад може да добие нова вредност.

    (Извор: EU-Startups, август 2025 – eu-startups.com | Renewable Matter – renewablematter.eu)

    Биоразградливо пакување од мицелиум и земјоделски отпад – Grown.bio (Холандија): Компанијата Grown.bio користи мицелиум и земјоделски отпад за производство на целосно биоразградливи пакувања и изолациски материјали кои нудат одржлива алтернатива на пластиката и стиропорот.

    (Извор: European Circular Economy Stakeholder Platform – circulareconomy.europa.eu | Saladplate, октомври 2025 – saladplate.com)

    Еко-кожа од манго отпад – Fruitleather Rotterdam (Холандија): Fruitleather Rotterdam го рециклира отпадот од манго што не ги исполнува пазарните стандарди и го претвора во издржлив вегански материјал кој се користи за изработка на чанти, паричници и други модни производи.

    (Извор: Plant Based News, мај 2025 – plantbasednews.org | Nature Biotechnology, 2025 – nature.com)

    Фото:https://unsplash.com/photos/a-pile-of-garbage-sitting-on-top-of-a-grass-covered-field-pprCuLQopHw
    Овие примери покажуваат дека отпадот не мора да биде проблем кој треба да се отстрани. Со соодветна креативност, технологија и визија, тој може да стане вреден ресурс кој создава нови производи, нови работни места и помало влијание врз природата.
    Циркуларната економија нè учи дека секој материјал има потенцијал за нов живот. Наместо да гледаме на био-отпадот како нешто без вредност, можеме да го препознаеме како можност за иновации и одржлив развој. Токму во оваа промена на перспективата лежи клучот кон поодржлива иднина.
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
    Автори: Јасмина Петровска, Еко Логик и Ана Серафимова, Еко Логик

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор