Zaednichki za vistina

Придружете ни се на настаните за Меѓународниот ден на проверка на факти во Скопје и Тирана!

🎯 Придружете ни се во Скопје и Тирана на 2 април за Меѓународниот ден на проверка на факти!

🗓️ 2 април, 2025 | Скопје и Тирана

#Заедничкизавистина
Фактите се важни за зачувување на демократијата

🧩 Со цел одбележување на Меѓународниот ден за проверка на факти, Балканската мрежа за борба против дезинформации (АДН – Балкан) ве поканува на два регионални настани, обединувајќи водечки експерти, новинари и гласови на граѓанското општество од цела Европа и Западен Балкан.

🔹 СКОПЈЕ | 10:00–16:30 | 📍 Холидеј Ин

Агендата е достапна тука.

Целодневна меѓународна конференција во организација на Фондацијата Метаморфозис, фокусирана на заканите од дезинформации, странска манипулација и мешање во информации (ФИМИ), изборен интегритет, проверка на факти и меѓусекторска соработка.

🔹 ТИРАНА | 17:00–19:00 | 📍 Дестил

Вечерен форум организиран од страна на центарот Фактоје, истакнувајќи го пејзажот на проверка на факти во Албанија, регионалната соработка и одликувајќи ја новинарската извонредност со наградата Фатос Баџаку.

💬 Што да очекувате:

  • Најнови информации од Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС) за заканите од ФИМИ
  • Анализа на геополитичкото влијание на дезинформациите врз односите НАТО-ЕУ-Западен Балкан
  • Регионални искуства во врска со интегритетот на изборите, одговорноста на платформите и модерацијата на содржината
  • Инструменти и пристапи за градење на отпорност на општеството против онлајн манипулација
  • Церемонија на доделување на награди за извонредност во истражувачкото новинарство во Албанија
  • Можности за прекугранична соработка, вмрежување и размена

🎙️ Избрани говорници

📍Конференција во Скопје

  • Бен Нупнау – Заменик-амбасадор на Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија
  • Манон Џенсен – Заменик-амбасадорка на Холандија во Северна Македонија
  • Стефан Мундгес –Координатор, Европска мрежа за стандарди на проверката на факти (ЕФЦСН)
  • Бардил Јашари- Извршен директор, Фондација Метаморфозис, Северна Македонија
  • Кјара Паценти– Аналитичарка на податоци, ЕЕАС,
  • Марта Турнбул– Директорка, Европски центар за извонредност за справување со хибридни закани, Финска
  • Бодин Верхоек, Дивизија за јавна дипломатија НАТО
  • Санда Светока – Виша експертка, НАТО Стратком, Латвија
  • Катарина Клингова– Виша соработничка, ГЛОБСЕК, Словачка
  • Лора Џаспер– Стратешка аналитичарка, ХЦСС, Холандија
  • Соња Димитрова-Мартинјук– Уредничка, Стоп Фејк, Украина
  • Јоана Косма– Директорка, ИФЕС
  • Тамара Бранковиќ – Заменик-програмска директорка, ЦРТА, Србија
  • Барди Бакија– Извршен директор, Сбункер, Косово
  • Билјана Георгиевска – Извршна директорка, Совет за етика во медиумите на Македонија
  • Емилија Петреска – Камењарова – Помошник-раководителка на Сектор – Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Северна Македонија
  • Рурд Остервауд – Основач и извршен директор, ДРОГ, Холандија
  • Јона Плумби– Новинарка, Фактоје, Албанија
  • Маида Ќулаховиќ – Експертка за медиуми и дигитална политика, Зашто Не, Босна и Херцеговина
  • Начо Стригулев– Новинар, Блу Линк, Бугарија
  • Деспина Ковачевска – Медиа мониторинг специјалистка – Фондација Метаморфозис, Северна Македонија
  • Маја Север – Претседателка на Европската федерација на новинари
  • Марко Милосављевиќ– Професор, Универзитет во Љубљана, Словенија
  • Раша Недељков– Програмски директор, ЦРТА, Србија
  • Горан Ризаов -Програмски менаџер – Фондација Метаморфозис, Северна Македонија

📍 Конференција во Албанија

  • Клодијана Капо –Извршна директорка, Фактоје, Албанија
  • Бардил Јашари – Извршен директор, Фондација Метаморфозис, Северна Македонија
  • Корал Гарсија– Малдита.ес, Шпанија
  • Енцо Паницио– Пагела Политика, Италија
  • Силвио Гонцато– Амбасадор на Европската унија во Тирана, Силвио Гонцато

🎉 Церемонија на доделување на наградата Фатос Баџаку за истражувачко новинарство и коктел за вмрежување

✨ Бидете дел од регионалното движење за интегритет на информациите.

Да се обединиме за вистината, преку границите, преку секторите и низ цела Европа.

📲 https://forms.office.com/e/Ng9C1aqwM2
#TogetherForTruth #FactCheckingDay #ADNBalkans #DemocracyMatters #InfoIntegrity

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор