8888

Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас.

Истиот ден, 23 февруари 2026 година, Амбасадорот се сретна и со Супорт Кочани“ (Support Kocani), актуелен грантист на Цивика мобилитас.

Разговорите беа отворени и искрени, со фокус на моменталната состојба, предизвиците и потребите на засегнатите семејства и граѓанските иницијативи.

Родителите ја претставија нивната досегашната работа, ги споделија предизвиците со кои се соочуваат, како и конкретните барања и потребата за правда.

Во разговорот стана збор и за несреќата што се случи на новогодишна забава во бар во Кранс-Монтана во Швајцарија и за поврзување на двете трагедии. Родителите истакнаа дека, иако сè уште немаат воспоставено директен контакт со семејствата од Швајцарија, болката што ја носат создава силна, човечка поврзаност со сите кои поминале низ слична загуба.

Тие предложија воспоставување контакт преку групи на социјални мрежи, а изразија и подготвеност на пролет да ги посетат родителите во Швајцарија, со цел да ја споделат поддршката и солидарноста.

Во разговорот беше посочена и загриженоста поради недовербата во правосудниот систем и чувството на недоволна институционална поддршка. Родителите предложија амбасадите да го следат текот на судскиот процес поврзан со трагедијата во Кочани, како дополнителна гаранција за транспарентност.

Во однос на претстојното спомен-одбележје, тие нагласија дека им е потребна финансиска поддршка, од фондации или други организации, но и претходна консултација, нивна вклученост и подобра координација при иницијативите за поддршка поврзани со трагедијата.

Амбасадорот Зомер им се заблагодари за нивната отвореност и искреност, како и за подготвеноста да покажат сочувство и поддршка кон семејствата од Кранс-Монтана. Тој истакна дека пораките од средбата ќе ги пренесе до засегнатите институции и релевантни чинители.

Средбата со „Супорт Кочани“ беше насочена кон поддршката на повредените од пожарот. Претставниците на иницијативата ја презентираа својата работа од самиот почеток – начинот на организирање, собирање и распределба на средствата и донациите, како и механизмите за транспарентност и отчетност. Тие се осврнаа и на потребите на повредените, нивниот процес на заздравување, третманите и искуствата што ги споделуваат. Во нивните простории, претставниците на ова здружение нудат бесплатни психолошки советувања, работилници и креативни активности, за да им помогнат на младите побрзо и полесно да се справат со предизвиците.

Тие појаснија дека иницијативата произлегла спонтано, од потребата за координиран, структуриран и организиран одговор во услови на криза, со цел навремена и ефикасна поддршка на засегнатите граѓани. Дел од активностите, како собирање и обработка на податоци за олеснување на трансакциите и донациите, се реализираат на волонтерска основа и со целосна транспарентност.

Воедно, тие се осврнаа и на проектот поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, кој го спроведуваат во партнерство со Младите можат од Скопје. Преку проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“ ќе се воспостави национален модел за младинско управување со кризи, заснован на партнерство меѓу младинските центри, граѓанскиот сектор и релевантните институции.

Посетата ја пренесе пораката за силата и храброста на засегнатите семејства, но и за значењето на солидарноста и заедништвото. Во моменти на длабока загуба, токму поврзаноста меѓу луѓето, организациите и заедниците претставува темел за поддршка, солидарност и заедничка сила.

Продолжи со читање

  • Цивика мобилитас и ПРАГГ разменија искуства и знаење од спроведувањето на програмите за поддршка на граѓанското општество

    Тимот на Цивика мобилитас се сретна со колегите од швајцарската програма „Проактивни граѓани и граѓанки“ (ПРАГГ) во Босна и Херцеговина од 15 д 19 јуни 2026 година во Сараево. Размената на искуства во поддршката на граѓанското општество во двете земји беше во фокусот на дискусиите. Посетата беше одлична можност да…

  • На граѓанскиот и бизнис секторот им се потребни партнерства за одржлива соработка

    „Од краткорочни донации кон долгорочни партнерства“! Ова беше главната порака на работилницата „Зајакнување на соработката помеѓу приватниот сектор и граѓанското општество“, што се одржа на 10 јуни во Скопје. Повеќе од 20 претставници на граѓански организации разговараа за тоа како соработката со компаниите може да се развие во одржлив модел…

  • Кодексот за граѓански организации како алатка за критика и пофалба од сопствената фела

    На 2 јуни 2026 година, во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), тимот на Цивика мобилитас јa организираше првата работилница посветена на унапредување на спроведувањето на Кодексот за граѓански организации. Работилницата ги собра грантистите на Цивика мобилитас од Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар, кои дискутираа за можностите за…

  • Мониторинг посетите ја потврдија одржливоста на партнерствата и резултатите од грантовите

    Во периодот од 8 до 21 мај, тимот на Цивика мобилитас реализираше посети за мониторинг на организациите корисници на  грантови. Посетите се одвиваа во просториите на организациите носители на проектите, а на средбите најчесто присуствуваа и претставници на партнерските организации. Со оглед дека најголем дел од проектите влегуваат во завршна…

  • Старо-новите предизвици на граѓанскиот сектор

    Предлог – Законот за здруженија и фондации, односно коментарите и предлозите поврзани со него предизвикаа повеќе дебати во граѓанскиот сектор во  почетокот на годината. Ова беше и разбирливо ако се има предвид дека станува збор за основниот закон според кој функционираат граѓанските организации. Поднесените околу 130 коментари многу јасно го…

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор