Вести од Civica Mobilitas
Во земјава има три пати повеќе депонии од населени места
„Управување со цврст отпад/депонии потреби наспроти можности” беше темата на традиционалниот Национален форум на Цивика мобилитас одржан денес, 30 јуни 2021г., во хотелот Александар Палас во Скопје. Националниот форум го отвори НЕ Сибил Сутер Техада, амбасадорката на Швајцарија која им порача на присутните дека сите, и како институции и како граѓани, сме одговорни да и […]
Менторската поддршка ги зајакна капацитетите на организациите
Редефинирање на целите и стратегиите на организациите, подготовка на планови за организациски развој, подобрување на тимската работа и сл., се дел од искуствата кои ги споделија претставници на 11 институционални грантисти на Цивика мобилитас на завршниот настан на програмата Менторска поддршка за граѓанските организации, одржан на 22 јуни 2021г. „Заедно со тимот и менторката, успеавме […]
Грантистите на Цивика мобилитас дискутираа за придобивките од саморегулацијата
Првиот нацрт на „Кодексот за граѓански организации во Македонија“ беше презентиран вчера, 21 јуни 2021г. на онлајн работилница на која учествуваа 36 претставници на грантистите на Цивика мобилитас. Оваа алатка има за цел да го зајакне системот на саморегулација и да придонесе до поголема професионалност и отчетност на граѓанските организации (ГО) со што се очекува […]
Јавноста треба да биде информирана за постигнувањата на граѓанските организации
Како да се подобри информирањето на граѓанските организации кон јавноста за таа да го согледа нивниот придонес во промените на општеството? Како да се помести известувањето од активности кон постигнувања? Како да им се пренесе на граѓаните пошироката слика од она што се секојдневни активности? Ова беа главните прашања за кои разговараа 20 претставници на […]
Граѓаните за промена бр.8: Поголеми заложби за подобра околина за работа на граѓанските организации
Цивика мобилитас го објави осмиот број од списанието „Граѓаните за промена“ кој во фокусот ја има овозможувачката околина и важните промени кои му се случуваат на граѓанскто опшество на ова поле во нашата земја. Овој број на магазинот носи интересни содржини инспирирани од работата на 28 граѓански организации. Опфативме широк спектар на теми и активности […]
Проценка на корисниците за влијанието на Цивика мобилитас
Цивика мобилитас е првата програма во РС Македонија, но и во Европа на која ќе биде спроведена Проценка на корисниците (ПК). Станува збор за уникатен и иновативен процес кој ги вклучува граѓаните и граѓанските организации, односно корисниците на Цивика мобилитас. Нивните оценки ќе бидат собирани преку интервјуа, фокус групи и директно набљудување. Анализите на одговорите […]